Цел тој процес на мерки и земање на крв се вика ПРИСКА 1. Значи прво ти зимаат мерки на плодот на ехо и после тоа со тие мерки одиш во лабораторија и ти земаат крв и ги внесуваат мерките.
Девојки денес го добив резултатот од Приска бев кај мојот матичен и кажа дека супер е.. и англиски пишува а јас не разбирам многу ако има некоја што знае нека пише дали се добри..
Ти пишува дека е низок ризик за двете трисомии. Е сега не знам зошто за ИВФ делот ти стои НЕ. и тоа игра улога во статиатиката, ама не верувам дека ќе смени нешто.
Јас им кажав дека сум со ифв ама не го напишаа и јас се зачудив изгледа матичниот згрешил..Значи дека е низок ризикот тоа значи дека е добро ти благодарам многу
Бев во Систина на преглед, од таму не препорачуваат да се прави приска, докторката вика дека многу често знае и лажни резултати да даде. Зошто дополнителни нервози кога скринингот и мерките се идеални!? Решив да не одам утре во гак. Што Вие мислите за ова? Ќе ме предомислите или?
За вакви работи не сакам да предомислувам, сепак ти си ја носиш одлуката. За првата бременост правев приска. Сега за втората не направив. Мене докторката истото ми го рече, ако се во ред мерките, нема потреба, но остави на мене да одлучам. Не направив затоа што сепак е статистика, а не ми се одеше дури до клиника за нешто што не е толку меродавно.
Истото и мене ми го имаа кажано во систина но сепак мојот матичен инсистираше да направам и го послушав несакав да се противам а и беше сигурен дека ќе бидат добри резултатите..
Со потполно право сите специјалисти посебно во систина не препорачуваат приска бидејќи може само да те исплаши за џабе нема точност во тоа.Јас бев но чисто ради љубопитност така што не мораш но ако сакаш можеш да си одиш иако за џабе ќе те боцкаат.
Јас сум утре закажана за Приска, ќе ми прави скрининг, немам правено ехо од 8ма недела, се надевам дека се е во ред, малку се плашам Никако неможам да се опуштам.
Бев денес за Приска, се е во ред. Низок ризик. Ја правев Битола во болницата и ништо никаде не платив. Правеше само слики од бебето ништо не ми објасни др, овај доктор е таков само го прашав дали е се во ред, ми вели вака како што гледам да, и толку. Малку се опуштив Си го видов бебенцето пораснало машала
Девојки, да ви го споделам моето искуство. Во 11,3 недела бев во ремедика кај др Снежана и ме гледаше на ехо беше сѐ океј како што ми кажа, но за тест за даунов синдром ми рече да направам после минимум 10 дена. Отидов после 14 дена, кај др Василевски (Снежана била на одмор), па ми рече дека е веќе доцна, гледаше на ехо и само ми кажа дека е сѐ ок, не навлегуваше во детали. Не знам колку имам простор за загриженост, зашто од една страна си мислам дека не ми обрнаа многу внимание...
Секоја ординација е различна правев ехо во 12 недела одма после ехото ми зема крв кај матичната они си носеа после во гак за приска ништо комплицирано зашто не би направила .. После 2-3 дена ми се јавија телефонски ми кажаа добри се резултатите... Така би требало секаде да биде ниту да се мачиш да одиш ниту да бараш кај треба што треба...