И ги споредуваат мерките од скринингот со крвта и даваат некој процент за висок или низок ризик за Даунов синдром.
Да, со тоа што скрининг без приска може, а само приска не може. Скринингот е многу порелевантен, ако се прави кај добар доктор, отколку приската која е само статистика.
А скрининг може ли во државна бидејќи во минатат бременост ја правев приска во државна ама скрининг немав тогаш туку тек во 20 недела негде мислам дека ме гледаше на ехо докторка таму. Незнам зошто тогаш само крв ми земаа и после со резултатитр кај матичната бев... а матичната може ли скрининг да ти прави?
Ако знае може да ти прави. Мене искрено в болница го правев скринингот во Битола и докторот таму ништо не ми кажа, ништо ич. Јас др ден со резултатите од приската си отидов кај матичниот и му кажав дека сакам да знам за бебето се, тој ми направи детален скрининг, се ми кажа, колку тежи, должина, главче, сите органи буквално се па дури и пол ми кажа во 12 недела
Дали мора задолжително да се прави приска тест и што точно претставува? Ќе ми биде малтретирање да идам до ск по жештиниве за тоа ако не е задолжително.
Правев приска на 16ти минатиот четврток и резултатите ми рекоа дека ќе ги пратат кај матичната на мој термин од 2 до 3 работни дена. Денеска бев кај матичната и после една недела сеуште не се стасани сестрата вика ова прв пат волку долго да ги нема. Незнам кај да се обратам за резулатите?
Женски,приска мора да биде во 12 та недела?не е проблем ако е во 13 та недела?и мене матичната ми рече да одам прво кај неа,па после во Државна,не ми спомна ни термин ни ништо...
Jas vo strumica ispituvav Mila 4000den plativ plus skrining 500den na privatno vo medika laboratorija
По ехо ќе бидам 13+4 а по менструација 14 недела на денот кога имам закажано Приска на клиника. Да не е малце касно за Приска? Претходно 5 дена порано сум кај матичната, ми рече ќе земаме брисеви. Не ми е јасно кој ќе ми го прави скринингот,дали матичната или на клиника. Зошто сестрата кога закажуваше немаше за на 10ти, викам па на 11ти вика ај подобро на 9ти подобра е оваа докторка. Значи таму се оди прво кај гинеколог па после во лабораторија за вадење крв?