Нешто не ми е јасно. Ми закажа матичната за приска во ГАК, тоа значи дека таму ќе ми прават и скрининг и ќе ми земат крв или само крв ќе ми земат. На упатот пишува само приска ништо друго.
Ако не ти кажала да одиш кај нејзе да ти направи скрининг истиот ден кога ќе правиш приска, ваљда на гак ќе ти го направат скринингот.
На ГАК прво ќе те гледаат на ехо (скрининг) па после ќе ти земат крв и ќе те прашуваат неколку прашања. Резултатите ќе стигнат кај матичниот директно.
Da i skriningot ke ti go napravat.sigurno ti pisuva na upatot koja soba. I od tuka ke ti kazat da odis da ti zemat krv. Jas bev pred 3 nedeli prvo vo soba br.37 na eho pa posle na zemanje krv..
Тука кај мене се обратно прават. PRISSCA правев сега во 10-та недела а ехо ќе ми прават во 12-та недела. Некоја да не има слично искусто или знае зошто вака?
Јас кога правев приска, кај матичен си бев на контрола тој тогаш ми кажа дека треба да се прави и ми направи ехо, запиша мерки на бебе и плус упат за на гак ми даде. На гак само ми земаа крв ехо не ми правеа. Резултати кај матичен стигнаа.
Следната недела ќе бидам 12 недела и треба кај матичната да одам на ехо а следниот ден ми рече на ГАК за крв па ме интересира за колку време ги даваат резултатите?И дали е во ред еден ден ехо а следниот ден крв или треба во ист ден?
Резултатите за неколку дена стигаат кај матичниот. Колку побрзо отидеш за Приска после прегледот, толку подобро. На ГАК земаат крв цел ден.
Сега видов не сум ја знаела оваа тема.. пишев во труднички муабети и скрининзи.. Кај истата докторка во плодност правев скрининг и приска со сл резултати како твоето и од нејзина страна исто препорачано пренатален веднаш а потоа и ми се јави демек ако не сакаш пренатален дефинитивно мора амниоцинтеза.. следниот ден заминав на второ мислење кај др приватен доктор.. ми направи и нов скрининг мерењата се беше супер вика не гледам ништо страшно за паники а не особено за амниоцинтеза вика тоа е надвор од памет да го правиш бидејки има ризик а и со овие резултати дека нема да ти направат кога ке ги видат бидејки не се опасни и алармантни.. Денеска бев повторно во плодност кај др.поповски контрола и мислење и тој исто не гледам ништо алармантно се исконсултира и со др колеги и тој рече ни под разно амниоцинтеза а за пренатален вика тоа кога ке ти го кажат еднаш и ке ти остане во памет и така и ке биде.. потеполно те разбирам бидејки и мене ми е страв се паничам кога ке помислам.. сега и веке сум 16таипол недела.. и докторов ми вика приската е само статистика 60% точност и самото ти кажува дека е низок ризик а пренаталниот е 96% и вика и кај него се дешава да се случат лажно да покаже и сл раб..вика биди спокојна.. а кај оваа докторка веке не планирам да стапнам .. нз дали процент имаат на ова или стварно али стресно е многу.. уште ме држат паники искрено.. а и да ми речеше некој дека има висок ризик и дека стварно е пожелно да се направи ке го направам кога ке дојди до тоа се ке направиш.. трето мислење беше ова и ке се обидам да мислам позитивно.. колку помалку се прават вакви испитувања толку и подобро од вакви стресови .. Се извинувам на долгиот пост, но морав да се изјаснам )
Здраво девојки, јас во 12 недела имам закажано скрининг во Систина, а за приска кога побарав кај матичниот упат за нма ГАК, сестрата ми рече дека не може само упат за крв, морало и мерењата да бидат на Гак, демек од пред неколку месеци е промената. Не сакам во ист ден два пати да ме гледаат беспотребно на ехо, дали некоја има искуство во скоро време на приватно да била на скрининг а на ГАК само за приска, нормално со мерките од бебето.