Јас, правев и во Ремедика и на ГАК, но и на двете места ме гледаа. Земи си упат од матичната и пробај на ГАК само крв да ти земат,ако не објасни на докторот дека имаш веќе мерки од ехо. Јас, во два последователни дена ги правев. А бтв на упатот пишува само приска и мислам дека нема да ти прават проблем само да те боцнат.
Девојки здраво Денеска сме 9+5 а вчера на прегледот по ехото докторот измери должина 32.1мм што би одговарало на 10+1 На 12+5 рече да отидам кај него повторно за приска каде најверојатно би ме пратил во Скопје Е сега ме интересира како се прави овој тест и дали е исто скрининг и приска? Се извинувам што прашувам но прва бременост и не сум упатена баш во ова...
Јас кога правев бев на гак. Претходно кај матичен на преглед, гледа на ехо, мери и мерки запишува и ти дава и упат за гак. Таму само земаат крв и резултати праќаат кај матичен. Така беше сега ако има некои измени не знам.
Скрининг е ехо преглед, ги гледа докторот органчињата што треба да се развиени до тогаш, мери носна коска и нухален набор. Потоа со тие мерки одиш за Приска (крв ти земаат) и лаборантот запишува соодветни параметри коа се потребни во анализата. За неколку дена резултати кај матичната стигаат. Не мора, директно упат за во лабораторија нека ти издаде матичниот, таму не мора никаков преглед да ти праат. Не знам колку е ново ова, ама јас крај на мај правев приска и тогаш можеше само крв на ГАК, скрининг кај сакаш - таму.
Сега морало или извештај од скрининг од матичен, па само крв да се земе за Приска во ГАК или таму и ехо и крв земање. Јас сакав кај приватен доктор да правам скрининг, а Приска на ГАК и матичната рече не може така.
и мене така ми рече сестрата дека од пред некој месец е измената, не можело само за крв на ГАК морало и ехо :/
Јас бев минатиот месец на ГАК, таму ми правеа и ехо и крв ми земаа. Матичната само упат ми даде, друго ништо.
Да, но јас поради 2 миссед абортуси одам сега на приватно, и скринингот сакам на приватно да го направам а приската на ГАК, но веќе не можело така, барем така ми кажа сестрата кај матичниот
Женска ти земи упат и за двете,зош на еден упат се и ехото и за приската. Оди и пробај со мерките од ехото на приватно да ти земат крв ако не влези ќе ти направат и ехо. Ништо страшно ниту пак толку штетно е.
Ни 15мин не е. Јас искрено бев задоволна од ГАК,ако направив предходниот ден скрининг и во Ремедика. Мерките и од двете места беа скоро идентични. Мене ми се падна др.Наташа Илевска на ГАК.
Прашање : Дали мерките од ехото што ми го правеше матичната мора да се ист ден со земањето крв на ГАК? Зошто ехото ми го правеше попладне, зеде мерки и ги запиша на упатот..
Сакам да ве прашам пред да правите приска и скрининг во првото тромесечје на ГАК, колку дена, недели предходно бевте на ехо кај матичниот гинекололог?
Јас бев минатата недела кај мојата матична (приватно) каде на ехо ме мереше и со тие мерки отидов истиот ден на ГАК само да ми земат крв за приска без воопшто пак да ме гледаат на ехо и воопшто не направија проблем, само им ги дадов мерките од мојот матичен гинеколог.
Како бе не може, многу ми е чудно ова за едни да може зс други не. Значи на 4 септември правев ехо кај матичниот приватно, а за крв на ГАК, нормално им ги однесов мерките од ехото, и никој ништо не ми рече.
Јас би ве советувала приска тест воопшто да не правите,затоа што резултатот е некој статистички податок што не значи дека е вистинит,а на идните мајки најважна им е сигурноста дека нивното бебе се равива здраво.Во мојата трета бременост на мои 40 години,статистиката на два приска тестови ми извади висок ризок.Никакви други ризик фактори не беа присутни освен мојата возраст.Здравје одлично-на работа одев до една недела пред породување,спортски дух,не сум пушач ниту алкохоличар,во двете семејни гранки нема ниту еден случај на хромозомски пореметувања.Амниоцинтезата од која многумина се плашат ми ги отстрани со 100% сигурност сите мои стравови и стресови во тој период.
Јас треба сега на 15 окто да одам за приска тоа сеуште е доле во подрумот на гак така ?за мојата прва бременост таму беше сега незнам
Не е повеќе доле туку лево кај амбулантите. Ќе прашаш на информации ќе ти кажат ако не можеш да се снајдеш.
Zdravo mi stignaa rezultatite od priska1 mi pisuva low risk no ne mi se jasni vrednostite na primer zosto toa Biochemical T21 ne mi e 1:10000 i sto e taa vrednost kako i ostanatite? Nekako toa me zasega i se plasam....Dali moze nekoj da mi objasni?