Точно, и во Систина е така. Остана ли некој добар лекар што се грижи за пациентите? Ако не прашаш или побараш сам некое дополнително испитување, не им текнува на нив. Од почеток никој не ми измерил тежина ни притисок, упат за крвна слика сама си барам ама никој не ја гледа. За д-димери исто...
Ke ja prasam maticnata dali moze ppvotoren skrining da mi mapravi ona bidejki posle vcerasniot vo drzavna ostanav nekaki nemirna bidejko nisto ne mi kazaa
Мила моето искуство ми кажува дека најбитен е докторот,па во која болница да е.Гак не би го коментирала,но јас кога бев во систина кај Ивановски прегледот ми траеше околу половина час,све ми објасни што треба да се објасни и си прашав све што ме интересираше.Вториот скрининг ми траеше околу еден час и нешто и ми обрна внимание.Финансиите си одат,бременоста си кошта,на Гак е бесплатно ама неорганизираност,паника,ти кажуваат делумно,ако не им е пак денот тешко на нас,извештајте што ги даваат како на арапски да се,два збора и ништо друго.А систина плаќам,ама добивам услуга,сликичка,извештај јасен да го разберам,потоа терапијата која ќе ја пијам,коректен однос и пред све стручност.Јас сум задоволна од др.Ивановски и Темелковски,за другите доктори не знам.Секое добро мила
Да ве прашам приска ке правам наредна среда или четврток ке бидам 12+5 или 12+6 дали сум малку касно или не?
Нухален набор 1,88, мм носна коска 4,1 мм години 34, поради возраста немам 35 и нема да ми земаат плодова вода, но за тоа што сум блиску до 35 др ми препорача да ги направам тие тестови на приватно, сега се јавив 640Е. Не знам дали да ги правам?
Кај мене нухалниот набор беше 1.7 и Димчев и матичниот ми рекоа немаш потреба од дополнителни испитувања а имам 37. Е сега тоа е твоја одлука
Moze da pisis inicijali barem na doktorkata. Mislam deka i mene mi se sluci istoto i da mi kazes sto se sluci? Kako pomina? Napravi test?
moze li nekoj da mi kaze na sto inicira ova? Treba li da pravam dopolnutelen test nuhalniot nabor e 0.93
Здраво. Бремена сум 6 недели матичниот гинеколог ми закажа за пап тест и брисови за 3 недели Дали пап тестот и брисовите одат на приватно само? И за приска дали и тоа е на приватно? Колку коштаат од прилика ако знае некој
За приска-та само знам дека ми кажаа приватно 3800 ќе ме кошта во Авицена. За другото лично незнам ама мислам дека ќе пронајдеш во темата за брисеви приватно колку се.
За пап не знам ама брисевите што се прават во 12та недела можеш во државна да ги носиш и таму не плаќаш ништо. 12та недела го правиш скринонгот и приската..ако огворат ГАК до тогаш ќе можеш таму. Не знам зошто ти рекол во 9та недела брисеви секако не може пред 12та недела терапија да ти даде. Јас се правев во 12та наеднаш
Најубаво е да разговараш со добар и искусен гинеколог, мојата приска излезе со бета хцг 2.80 ме извади матичниот од памет дека треба да праваѓ аминоцинтеза, веднаш закажав преглед кај др. Димчев во Систина кој што ме смири и ми кажа дека резултатите од Приска тест во Македонија не се толку валидни затоа што се работат на стар програм и секогаш даваат лажно негативни или лажно позитивни резултати. Докторот ми кажа ако сум дошла прво кај него на скрининг тој никогаш немало да ме прати на приска. Моето лично мислење е дека со оглед на фактот дека приската се прави во ГАК, а во државните болници и чистачките завршија факултет со 3 год. И работат како медицински лица повеќе не треба да дискутираме за приска тестови.
Приската не зависи од некое школо. Се зема крв и со мерките од гинеколог се ставаат во претходно зададен алгоритам. Не седи некој рачно да пресметува. Овие квалификации се малку претерани
Не знам што ти кажал Димчев ама е далеку од тоа што го збориш да не е 100% сигурно ама има точност. 80% сигурност добиваш со мерки од ехо плус ако правиш приска некои 90 % сигурност...ако е нешто не во ред одиш на пренатални тестови кои се 100%... Секако е пресметка ама не е за џабе. Јас ја правев во авицена инаку бидејќи гак не примаа. Не знам какви негативни или позитивни резултатк си добила резултатите се соодност од можност (1 ,спрема 1000 и сл) освен мерки зависи и колку години имаш. Мене ми рекоа не морам ехото беше добро не сум пушач имам 27г но за мирна глава направив.