Здраво на сите.. Нова сум во форумот а сум 11+3 недела. На последниот преглед бебето изгледаше како за 12та недела и матичната ми рече за утре да се прави приска. Дали треба да е на гладно? Како се соочувавте со чекањето дури да стигнат резултатите? Малку сум во паника
Јади си слободно јас згрешив што не јадев. Приската ми ја направија во авицена со упат од доктор но приватно ја платив 3800. Резултатите ги земав следниот ден за неполни 24 часа. Потоа телефонски си се слушнав со гинекологот и ми кажаа дека се супер. Не е ништо страшно обично земање на крв и споредба со мерките на бебето, бета хцг, твоите години. Алгоритам е пресметка на ризик. Мене ми е мило што ја направив.
Ти благодарам, малку ми олесна И моето ќе е на приватно околу 3500 ден, но за резултати ми рекоа ќе почекам 5-6 дена, тоа чекањето уште сега ме излудува. Првите недели ужасно ми се лошеше, немав апетит и ништо не јадев. Но сега изгледа надокнадувам за тие недели, јадам како храна да немам видено Ќе ви пишам штом добијам резултати, дај Боже да е се во ред.
Мојот приска тест матичниот гинеколог ми го прочитал погрешно ми кажа дека детето е со висок ризик за Даундов синдром, а по консултација со двакца искусни и стари гинеколози кажаа дека тоа нема врска. Др. Димчев убаво си кажа дека приската во светот ја работат по високи стандарди кај нас ја работат на компјутерски програм стар повеќе од 10 год затоа постарите и искусни гинеколози овој тест не го сметаат за валиден. Ако сакаш 100% точност зашто да си ја мачиме главата со статистичкиот тест наречен приска? Прави аминоцинтеза или нифити. За да биде трагедијата поголема, Ремедика тестовите ги испраќа во Авицена на гинекологија е истиот програм како на Авицена кога човек ќе види кај нас во Македонијава се е исповрзано.
Имаше една членка за Нифти пишувано и за тоа што бил погрешен резултатот тука и беше некаде постот..кога ќе видиш ни тие не се за верување. Како ти го прочитал погрешно резултатот кога со опис е пишано доле не треба да го толкува. Затоа и реков нема 100% точност. Приска додава до 90% точност заедно со ехо дури и пренаталните се 99% секогаш оставаат простор за грешка.
На приската ми пишува low risk гинекологот ми се јавува и ми вика според приската ти си со висок ризик да правиш аминоцинтеза или нифити. Значи разочарана сум тотално што се делат дијагнози од ракав на млади мајки и докторот не превзема никаква одговорност и му е гајле ти ма тој стрес како ќе реагираш. Медицинска етика и психологија непостои затоа повеќе не сакам да ја видам цела недела во страв живеевме со погрешна дијагноза. Затоа што некој приска тестот не знаел да го прочита. Да бевме во нормална држава ќе ја тужев за претрпен стрес и нанесена психичка штета па да водиш дали ќе и текне да дели дијагнози на друг пациент така. Читав дрка во Србија приска тестот ако покаже висок ризик те испраќаат за една недела да го повториш овде кај нас одма на аминоцинтеза кој знае колку мајки имале спонтан од вакви доктори. Кај нас секогаш треба да одиш на повеќе мислења затоа што се е учено недоучено од страна на докториве.
Mоре не да сум гневнааа, скроз те разбирам и ти го чувствувам гневот. Баш од тоа незнаење спасив газ во 5 до 12, од шо нешто внатре ми викаше да побарам уште 2-3 мислења. Матичниот ми вика плацентата одлепена, одам за ск ми викаат бебето е со аномалија мора да се вади ќе умре во тебе. Ако не одев за ск и ако не ми правеа киретажа за 3 дена ( кога отидов за киретажа баш тој ден на умирање беше веќе или умрело незнам точно, знам дека не мрдаше ) и ако останев на матичниот во мојот град ќе си примав инекции Утрогестан 5 недели по ред и ќе си мислев дека крварењето ми е од плацентата ( ШО НЕМАШЕ БЛАГЕ ВЕЗЕ). Eптен шок и стрес ми дојде иначе до крај може и ќе тужев незнам. Ќе се шетав некое време со мртов плод и немаше кој да ми каже. Па не да се дно дна... И повеќе од тоа се. Поготово државна кај шо немаат ни ехо како шо треба (барем кај нас) СЕКОГАШ ДА БАРАШ И ВТОРО И ТРЕТО И ДЕСЕТТО МИСЛЕЊЕ Кај 4 доктори различни бев сите ми рекоа дека детето има срцева маана само првиот не го виде тоа. Поздрав и секое добро, се ќе биде во ред биди позитивна
И порано имам пишувано за мојата приска која покажа биохемиски ризик. Од матичната добив совет за амнио а докторката што ме водеше на клиника инсистираше на нифти дуру и број ми даде од Мартина со препорака дека мора да го направам бидејќи бебето е со аномалија. Бременоста ми беше трета двете дечиња ми се живи здрави. Првично сознанието за бебе со аномалија беше шок за мене и незнаев што понатаму. Маж ми беше поприбран и кога виде дека сум исплашена ме праша само дали ако е со аномалија ке го абортирам. Реков дека нема шанси. Тогаш ми рече тука завршува муабетот. Остатокот од бременоста се обидов да не мислам на Приската и да уживам во бременоста. Бебето се роди во одлична состојба без никаков проблем. И матичната и докторката на Гак која не можеше да присустува на породувањето одма прашаа што му е? Ништо не му беше и сега не му е ништо. Напротив имам супер човече од седум месеци кое се смее, гуга, вика тата, прави тапшин тапшин, седи, лази наназад, има три запчиња, пие од чаша и цело време се смее. Сега да треба ич не би ја правела Приската.
Те разбирам, мислам дека докторите се поврзани со Нифити групацијава и си земаат некој процент ако те испратат. Ние решивме да не правиме ништо, ова ми е прва бременост и се надевам дека се ќе биде во ред. Како Господ не е никој.
Ве читав повеќето и благодарам за се што сте споделиле. Јас сум 21ва недела и денес бев на скрининг во Ремедика, докторката ми препорача да направам неинвазивен тест Нифти или друг (со флаери од неколку претставнишва) "ако сакам" и " на мој ризик". Се е во ред со бебето, и срце и сите органи и на килажа. Причината е затоа што и кажав дека матичната на претходниот преглед виде цисти на мозокот кај бебето, ме прати за TORCH се беше во ред и ми рече да "ги игнорирам". На прегледот во 12та недела се беше ок (нухален набор и носна коска). Матичната ми кажа дека нема потреба за приска. Е сега доктoркава од Ремедика ептен бурно изреагира зошто не сум правела Приска, дека требало да ја направам барем Приска 2 бидејќи видела цисти. Арно ама мене матичната не ми рече дека треба Приска 1 ниту 2. Цистите се повлечени, немаше сега, со бебето е се ок ама ми вика напрај си тест за да знаеш на што си???Па добро бе мајката, зошто јас уопште одам на ехо ако она не може да процени дали тој тест е неопходен или не? И не е воопшто ефтин, па да го правам од чиста мира. А и после се што причитав овде, јасно ми е дека ниту еден тест не може да одреди дали е се ок или не, само дополнителни стресови и нервози. Така да јас и маж ми одлучивме да не се стресирам со тестови, нема да правам, па здравје Боже.
Добро си одлучила според мене. 21 недела си, што би ти променил тој резултат реално во овој момент? Штом бебе е ок, терај, уште пола бременост и ете то
Како за приска 1 така и за 2 тоа се само математички формули што воопшто и тоа не ти е гаранција дека ќе испадне точно ако она е добра докторка ќе види и на ехо дали нешто му фали или не. Не си прави дополнителни стресови искрено јас ни придка 1 ни 2 немам направено никој не ми го ни спомнал тоа. А за неинвазивните нормално е да ги форсираат пари вредат тие тестови све е бизнис така да уживај во бременоста
Цел месец бев во грч за тие цисти дали ќе се повлечат и дали се ок органите на бебчето. Сега па ми спомнува генетски тестови. Уште нешто и ќе спобудалам. Ме викнаа да одам на работа во коронава и уште ова ми требаше.Денес ќе ја барам и матичната да видам што ќе каже. Ама одлучив да не се нервирам веќе за работи кои не можам да ги сменам
Како Господ никој не е. И докториве станаа бизнисмени, јас матичната си ја сменив па уште преку мои пријатели им зборела дека јас сум била Бог да чува што сум се налутила. Денес е тешко да се пронајде добар доктор порано жените на 3 прегледа оделе, во Европските држави е исто овде кај нас само да земе пари од ехо те тера на 2 недели да одиш....
А кое го викате приска 2? Немам досега правено. Пред првиот скрининг ми понуди докторката верифи или нифти дали сакам да го направам. Според сегашнава медицина као го правиш и раат си бил бидејќи ги открива и генските аномалии кои за жал нели неможат да се видат на ехо. Јасно ни е на сите дека на ехо гледаат се,но единствено генските аномалии неможат да ги видат. И на извештајот фино лепо си се оградуваат. Јас си побарав прво скрининг да направам со приска. Доколку се забележи некој повисок параметар секако ке правам пренатален тест. Факт е дека имаат процент и сето тоа е еден голем бизнис,но ништо поголем од фармацевскиот бизнис. За жал додека има овци ке има и волна. За наш стандард е скап но мислам дека е добра работа.
Приска 2 се прави од 15- 18та недела (како што ми кажа матичната)за тие кои немаат правено Приска 1. Тоа е статистички податок кој користи повеќе параметри од Приска 1 за пресметка за можен ризик од некои генетски абнормалности.
Мамички и идни мамички вчера ми пукна филмот .... бев на прв скрининг за мерење на нухален набор и носна коска , мерките вика докторката дека се супер ме боцнаа со оваа проклета приска ( а несакав да ја праам ич ) стигаат резултатите и ми се јави замената на мојава матична ми објаснува low risk као 1 в0 10000... се ОК ама хцг малку повисоко , после 5 мин мојава докторка у паника ме бара а бе знаеш вика висок ризик незнам што незнам како , мора нифти мора амниоцинтеза ....луѓе косата до плафон ми скокна викам ја амнио не правам ако на мерки и на приска вика low risk не гледам причина да се ставам на ризик од спонтан без потреба и плус за нифти немам и не ми се фрлаат 600 е , она као ми треба второ мислење и ја и праќам приската на докторката што ме водеше мината бременост од ГАК .... онна вика мила ова е ОК резултат и плус ти си со мината моларна бременост така да не е ни необично да е покачено хцг и само контрола следна недела кај неа ќе одам па да видиме што ќе излезе ..... јас сум во хаос неможам да се стабилизирам , 32 год сум , трето бебе треба да биде и петта бременост не сум имала вакви фрки до сега ,незнам што да правам понатаму , искуства со прискава кај некоја од Вас? нешто слично ?