Оди Систина,Ремедика на второ мислење и ќе видиш што ќе ти кажат ако се е океј батали и приска и се матичните се ненормални сите до еден не обрнувај многу многу внимание на нивните "паники"
Знам дека си во паника, преживеав слично искуство, само што кај мене беше обратно. Матичната не ми препорача Приска ниту Нифти, а докторката во Ремедика ме испаничи да правам неинваизен тест. Ме збудалеа сите со различни мислења. Ти препорачувам првин да се смириш, стресот може само да ти наштети. Побарај второ, ако треба и трето мислење. Кај мене беше касно (5ти месец) кога почна голготата и пишував и погоре дека немаше поента да правам било какви диполнителни тестови...сеуште ме јаде помислата дали е се во ред, имам анксиозност и цела бременост ќе си поминам така...искрено ако има уште некој доктор со исто мислење направи неинвазивен тест ( провери опции на рати или слично) затоа што мене ме изеде помислата дали е се ок...според сите фактори кај тебе мислам дека е се во ред, но ете кога ќе ти кажат така ќе си пукнеш од мисла...поразговарај со маж ти, одлучете заедно, мора да имаш поддршка во вакви моменти
разговаравме и секако ме поддржува , како што пишав идам следна недела на ГАК иако ми рече докторката според вредностите и возраста и се друго џабе ме испаничиле и плус денес разговарав за евентуална опција ако мора да одам кај Дракулевски во систина само на консултација ..... јас се подсмирив сега гледам и читам искуства и плус резултатите се тие што се , повеќе ме изреволтира односот и пристапот на докторкиве ..... фала ти мила ќе биде и за мене и за тебе супер
И јас сум во иста ситуација, бев на скринимг кај Димчев ми кажа се е во ред , ако има потреба од нешто јас ке ти кажам . После неколку дена идам кај матичен за Приска пошто он вика мора да се прави, кога ме гледаше на ехо се супњр екстра вредности, и после земање на резултатите сум во хаос . Тој само ми искоментира низок ризик ми ги прочита вредностите и толку. Кога седнав да читам по нет се фрапирав, вредности на бхцг големи, и големи веројатности за аномалии . На старосна граница ми искача 1:885 а имам 26 години . веќе сум скоро 15та недела ве молам за мислење Иначе, кај матичниот ми земаа крв као демек ради коронава не у скопје, и ги праќал резултатите во Софија. Извештајот е од таму
Приска не мора да се прави многумина и немаат правено едино што треба поверење да имаш е во нифти тестовите дури и тие со одреден % на доверба никој 100% не може да ти гарантира...матичните ги обвинувам за вакви стресови малце маки имаме уште со ова да се плашиш штом Димчев ти кажал добро е не се секирај
Да јасно ми е , ама искрено не сум во можност за Нифти. Да искочи висок ризик ке се снаоѓав , ама вака незнам што да мислам. Сите ми викаат Димчев е добар доктор штом ти кажал не се секирај. Ме мислат вреностите на бхцг и тоа другото од крв. Имаш слушнато за некој со слични резултати ? Кај моиве другарки се 1:10000 повеќето
Не знам точно за што збориш и не ми е јасно како успеале толку да те испаничат. Ако гуглаш сама ќе се оштетиш пошто само на глупости ќе налеташ. Ехо мерките ти даваат 80%точност + Присла =90% точност. Значи нема 100% ни тие нифти не се 100% туку 99%. Тоа е како прво. Второ резултатот Age кај мене беше 1:795 а ти ги гледам резултатите и исти ти се скоро како моите јас имам 28. Пишува Low risk што е супер резултат не постои нешто како No Risk. Не се оптеретувај со тоа супер е резултатот прво на ехо ќе се забележи ако нешто не е како треба . Не знам зошто те буни тоа Низок ризик...
Соодносите за возраст : 885 Биохемиски : 513 Комбинирана 21 :2679 некако мали ми се 885 и 513 и од тоа ме фаќа паника, и што фрее бхцг е ств многу високо Еј незнам веќе што да мислам А од др страна, двајца доктори на ехо се супер видоа ... очигледно вредностите од крв прават проблем . Незнам кај да идам за мислење, или да избришам се од глава и да не мислам ... да чекам до 16та недела преглед
Ти соншто споредуваш дека се мали со гуглање? Јави се во пон пак на лекар и прашај зошто е така отиди на 3то мислење за читање на приска еве можеш во Ремедика да закажеш таму ти се Котларова Хаџи Лега Афродита сама ако гледаш џабе гледаш Нека кажат и другите нормално е да се мали математичка формула е ти споредив кај мене е помало дека сум 2 год постара лд тебе бар ја мислам така одат мерките
Не е изгледа така, на другарка исто генерација сме у аге и стои 1:1235. Кај тебе другите вредности како се ?
Еве ја мојата приска далеку полоша од вашите. Бебето ке ми прави девет месеци и супер си е без никаков проблем
Ова со прискава е чиста глупост. Кај школска беше 1:8000 па роди детенце со Даунов Синдром. Не знам зошто не ја укинат веќе еднаш.
И кај мене беше исто ми рекоа двајца доктори дека е во ред гледај да пишува низок ризик а друг доктор ми рече ќе правиш нифти тест мора. После матичниот ми рече глупост е ова се гледа на ехо се е во ред а и плус пишува low risk. Е сега си одбрав да не верувам во ништо и да се молам на господ да е се во ред. Сепак малку потсвесно осеќам страв зш на други им било 1:10000 се а кај мене не :/
Исто и јас .. мене ми се дури далеку од 10000 .. :/ имам слушнато и јас дека се глупости само плашат народ ама мора да ги правиме :/
видете како со фармацефскиве копмании така и секоја клиника и секој доктор има дополнителен процент од препорака на лек или на дополнителен тест и така натака , тоа е политика и маркетинг на самата клиника или на самиот доктор и секој се бори за плус денарче.... кај упали упали незнам што да мислам и незнам што е правилно ама за овој стандард 600 е не се малку да бидат дадени ако НЕМА потреба .... да има реални индикации ехо со несоодветни димензии и приска со сомнителни вредности тогаш ОК не се штеди за здравје ама вака некако не ми се допаѓа пристапот и поделените мислења на докториве не ставаат во дилема и ја добив три мислења од кои 2 дека се е ОК едно дека е дури висок ризик ми рекоа со што сама се фати во лага зашто ја не сум ни глупава ни ќорава ни неписмена да незнам да прочитам што пишува на резултатот .... срамота за здравствениов систем толку ќе кажам
Здраво мајки. Дали на прв скрининг во систина освен ехо се вади и крв за париска или не? Мојата матична за париска праќа во авивена и цената е 3000мкд така ми кажа, плус ехо, плус брисеви. Прегледот во систина е 4550мкд. И дали на некоја ви правеле пап како редовна контрола, бидејќи мат. не спомнува правење пап. Благодарам на одговорите. ❤️