Приска обично земаат во државна али ради ситуацијава мислам сега дека не земаат(реално не ти ни треба) таа твојата договор изгледа има со авицена па пари да ти земат.Пап не се прави во бременост али во 12та недела ако правиш брисеви може и пап да ти земе ако немаш правено одамна.Ако одиш во систина на скрининг не ти ни треба Приска
Девојки дали на клиника прават сега приска и прв скринкнг ? Матичнава ми закажала за во вторник, ама ако ги враќаат да не одам за џабе, секако не сум од Скопје. Дали некоја била деновиве ?
Баш читав по групиве на фб се жалат жените не ги примаат на клиника. И јас за две недели треба приска и скрининг но приватно ќе правам. Прават обично ехо а скрининг и приска не
Фала ти многу. Ако во систина каже док. дека има потреба ќе одам, ако не за џабе ниту правам невалиден тест ниту фрлам 50 еур. Секако прво сум на скрининг во систина, па кај матичната.
Здраво , ве молам за мислење , правев скнрининг и докторот ми кажа дека се е супер со мерките , е сега резултатите од приската ми излегоа со низок ризик, но покачено бета хацеге , докторот ми кажа дека немора да значи ништо но недај боже и може да е ризик , и доколку сакам да направам дополнително испитување остави на мене да одлучам ,со разговор со блиски трудни што биле повеќе кажаа дела биле во иста сигуација и дека приската и не е толку битна, само е статистички податок ве молам за мислење..
Како што знам таков ибтреба да е резултатот од приска ти дава статистички. Е сега докторот така ти кажал пошто не сака да ти рече 100% ти гарантирам и никој доктор нема тоа да ти го каже. И мене ми рекоа по овие мерки во однос на референтни вредности е во ред а никој не вика Да 100% нема ризик такво нешто не постои. Ако се плашиш и си толку несигурна џабе на форум чекаш совети ако имаш финансии направи си пренатален тест и тој ќе ти биде 99%точно ...трето нема Извини само се редактирам да допишам битно е и дали ти се сомневаш дека може нешто да не е добро во однос на твоја историја, фам. Болести, возраст, медикаменти,пушач/непушач...има еден куп работи и ние тука не знаеме зошто те тера прискава да се секираш... ме разбираш што сакам да кажам така?
Кратко кажано никој не ти гарантира 100% дека се ќе биде добро се додека не се роди...али ова со Прискава страшни работи прават вадат луѓе од памет за џабе
Па не знам зошто така мене доволно ми беше кога видов Low Risk и друго не ни глеав, доктор потврди дека е во ред и ајт... да пишува High risk па да лупаме глава и да правиме пренатални тестови. Приска ми е нешто како показател дали да дадеш 500еу на пренатален или не
Мене ми е глупост искрено приската. Пример ако е 1:1000 и low risk, уствари тоа значело дека од 1000 жени со исти карактеристики што се внесени во програмата 1 родила дете со хромозомска аномалија.
здраво сакам да прашам правев приска денес резултатите ми излегоа ми кажа добри се неа ризик ама некои два хормони ми биле испот 0 незнам дали да паничам ако има некој искуство нека пише можам и да ви пратам резултат
Каде правеше париска мајка? Јас во петок сум на прв скрининг кај матичната, воедно на телефон ме извести дека во ГАК неможе, дека во систина ќе ме пратат. Спротивно на ова, на моја најдобра другарка сестра и истиот ден ми кажа дека била во ГАК и и направиле. Па поради се ова, твое искуство?
А кој доктор ти читаше резултат што ти кажаа за тие хормони? Стварно не верувам некој тука да би знаел точно да ти каже. Осетливи работи се ова не би требала одговор на форум да бараш. Мене едино што ме интересираше е дека пишува Low risk гледам и кај тебе е исто а друго докторкава си прочита рече во ред е и заврши приказната. Затоа пак консултирај се со докторката или оди кај друг доктор
Да не намалиле нешто авицена ама тие ако може ќе зголемат Ремедика е исто 4000 а на други места и не прашав горе доле толку е
Приска е тест само за две трисомии, тоа е тим на пореметување на два вида хромозоми (најпросто кажано..) и резултатите се соопштуваат врз основа на ВЕРОЈАТНОСТ. Тоа не се генетски тестови со точни математички пресметки. Трисомија 21 или Даунов синдром е пореметување кое се гледа на ехо прегледот, без точни мерки од скрибинг стар 1 до максимум 2 дена, не се прави Приска. Барем не точна. Тестот е комбинација од мерките утврдени на скронингот и анализа на крвта. Затоа, доктори кои имаат искуство, а не им е важно колку пари ќе оставите во клиниката, ви кажуваат дали треба или не треба да направите. Појавата на Даун е директно поврзана со возраста на мајката, или фамилијарни генетски пореметувања назад низ генерациите. Приска тест со низок ризик не е показател дали треба да се направат другите тестови, бидејќи со осганатите се испитуваат други 24 до 60 генетски пореметувања кои се сосем различни од Даун. Затоа и цената е повисока. Сепак, доколку се работи за родилка после 32, 33 години, препорачливо е да се направи голем тест, не ради цената, туку ради безбедноста на плодот, бидејќи не е исто да се раѓа на 20 и на 35 години.