Човече, 9000 е пола моја плата. Стварно не е нормално. Зошто не одите на државно? Приска тест по мое мислење е без веза тест што е само нагаѓање. На моја комшивка и рекоа детето има Даунов синдром. Го роди и детето нема Даунов синдром. Можеби немаше да го роди ако не останеше бремена после 10 години обиди.
Само приска мислам дека е 4000, а 9000 е како пакет прв скрининг, не е само приската, туку во склоп на тие 9000 има и приска.
Е толку оставив и ја минатата недела. Патем, колку време се чека за приска резултати? Правев скрининг и приска минатиот четврток (03.12), еве понеделник помина уште не добив маил. Почнав да снимам филмови зашто ги нема резултативе :/
Јас одма ги добив резултатите. Уште понаредниот ден ме исконтактира докторката. Јави се или ако ти е близу отиди до РеМедика, сигурно ти се готови ќе ти ги дадат.
Девојки Денес бев на скрининг и ми дадоа упат за приска меѓутоа не ми кажаа дека денес треба да одам и на приска Читам некои сте пишувале дека истиот ден треба а некои дека може и следниот Незнам како да постапам
јас бев истиот ден со упатот, е сега не знам дали е само за тој ден упатот, ама најубаво да си ја прашаш матичната ќе ти каже за сигурно
Zdravo na site, sakav da prasam dali nekoja od clenkite ima praveno skrining testovi vo drzavna bolnica vo skopje? Kako e zadovolna, za kolku vreme go dobi testot i kade potocno vo koj oddel se pravat tie testovi?
Девојки 14+5сум,ми стигна резултатот од приска и докржторот вика не е бш ок, free beta hcg level is high, 3.16 e vrednosti. I da pravam prenatalen test rezultati se cekaat pak ke me fati 17 nedela, bev na gak, lavrinova mi rece d odam vo 17 nedela pa ke vidime sega nisto nemoze da se napravi, se ispanici I se ispotresov mnogu, vo mat poziciju sum, neznam sto da pravam, ima li nekoj slicno iskustvo?
Јас имам слично искуство,инаку со Ивф сум.Мојот доктор ми рече дека тоа не значи ништо и дека не треба да испаничам пошто на ехо бебето по мерките беше се океј.И на втор скрининг отидов кај Адамова ,па и она откако заврши со скринингот ми рече дека тоа е само статистика.И ми спомна дека Бета Хцг можеби било високо поради крварење некое или покачени биле некои хормони.Опушти се тоа е само статистика,оди и на второ мислење Систина или кај Адамова во Санте.
https://obgyn.onlinelibrary.wiley.com/doi/10.1002/uog.12420 Тука имаш објаснето, ама тоа до некаде е и индивидуално, матичниот да си го прашала најдобро, или пак да одиш на второ мислење. П.с. во погрешна група ти е поставено прашањето.
Извинете, правев PRISCA тест, затоа овде прашав. 12та недела сум, за BPD пишува 45mm,па малку се загрижив,резултатите од prisca во вторник ќе ги дознаам...
Што ти кажа матичниот за резултатот? Иначе тоа ти се параметрите од скринингот, преку ехо што те гледале. Резултатите од приската се скроз други параметри.
Тоа ти викам, докторот што ти правеше скрининг што ти кажа? Дали според него се е во ред? Резултатите од приската ти се сосема други.
Значи да си почекам... ти благодарам thelittle17,мора да читаме и прашуваме за да научиме...поздравче, следно ве поздравувам од второ тромесечие!
Здраво женски вака ме интересира бремена сум 13+2 и утре имам закажано преглед во државна, приска треба да правам но бидејки имам хематом ме интересира дали ке ми зимаат само крв или ке ми прават и ехо?
Zdravo Me interesira po kolku pari vi zemaat maticnite za vo 12 ta nedela tie ispituvajnata sto se pravat Mene maticnata mi rece exoto sto se pravi za merejne i priskata kostale 3400 denari pa neznam dali e vo red ili premnogu