Не, за приска ти земаат крв од вена, и испитуваат хромозоми/синдроми…. Скринингот на ехо го гледаат бебето, имаш 3 задолжителни во текот на бременоста. Приската во 12та недела се прави (прочитај низ темава мислења за истата)
сакам да прашам имам 24 години дали треба да правам приска? дали има врска со годините или не ? знам има некои работи прават жени +28 30 год ?
Ризикот за плодот да има аномалија се зголемува со возраста на мајката, но тоа не значи дека плодот на помладите мајки нема никаков ризик само затоа што мајката е млада. Кога постојат начини за рано откривање на ризик не гледам причина за не правење на тестот. Скринингот е лудост да не се направи, а за Приска е твоја одлука, најдобро е да слушаш мислење од доктор дали има потреба или не да се прави...
Може ли некоја членка што правела приска и скрининг во Плодност Битола да ме препорача гинеколог? Не знам кај кого да си закажам. И пишете ми ако знаете колку време се чека за резултатите од приска.
Здраво мамички , ме интересира што мислите за Prisca тестот пошто сум стварно на голема мисла 10+2 сум на 30ти сум на преглед ќе видам докторката што ќе ми каже ама ме интересира и ваше искуство и мислење? 21 година имам
Можеш да прочиташ нагоре ќе видиш мислења, Јас можам да зборам од свое искуство... НЕ ВРЕДИ ДА СЕ ПРАВИ. Мене освен главоболки ништо друго не ми донесе.. На скринингот што го правев пред да одам да правам приска пошто така ми рече матичната не ми измериа носна коска на бебето ( чекавме 30 мин несакаше да се сврти) со што тој фактор и фактор пушач приска тестот испадна со визок ризик за даундров синдром. Можеш да замислиш како ми беше, додека да дознаам дека се некој статистички глупи податоци па да се чудам за што воопшто даваш крв. Закажав одма за нифти тест ( пошто другачие неможев да се смирам ) и уште еден скрининг кај Павле Димчев, кој што ме праша со кој памет сум го правела тестот и кој ми кажа да го правам тестот. Боље отиди си кај човекот за скрининг гледа детално објаснува и ако има нешто ќе ти каже. Секако дека нифтито ми испадна одлично и си носам принцезичка, Со лесно бременоста
Моето искуство е слично. Прв скрининг правев кај Лазаревски се беше одлично. Истиот ден отидов и на Гак, докторката ја чекав 2 саати, одвај измери, а приската со мои 33г испадна со висок ризик. Па ајде нифти, пари, нервози, стресови... уште еднаш приска-никогаш! Само ехо кај добар специјалист. 2 скриниг правев кај Димчев. Сето она што во 18гн недела го виде Лазаревски, во 21гн го потврди и Димчев. Нашата приска се прави на мн стар софтвер и е обична математичка пресметка. Како може виаок ризик, ниту сум гојазна, ниту сум пушач, туку ивф беше пресудно. Од каде тие ја знаат причината за ивф. Сепак секој сам одлучува што ќе прави.
Јас воопшто не ни знаев како се прави тоа, не ми текна баш да прочитам да се распрашам, откако направив дознав и за случај ( пошто одпосле коа искочија резултатите прашував по луѓе ) каде што приската испаднала одлична а детенце се роди со Даундров синдром, такада според мене не е воопшто меродавна. Подобро еден добар скрининг јес да кошта ама сигурно не кошта колку нифтито за да смириш душа.
Slicno iskustvo imav i jas so taa priska, za na kraj nifty da pravam. Ubavo pisaa clenkite pogore, samo skrining kaj Dimcev