Твоја одлука е. Ние сите само споделивме искуство. Јас да си останев на мислењето на ивф докторот дека се е во ред на ехото, и да не отидов гак на второ ехо и приска, ќе скратев и пари за нифти и нервози и стресови. Втор пат никогаш не би правела приска. Но за нифтито па и не ги жалам парите, дека се испитуваат многу гени.
Кај мене на упатот за гак, значи на еден упат пишуваше скрининг(ехо) и приска(крв). Инаку да треба во исти ден, бидејќи мерките од ехо ги внесуваат во софтверот заедно ао параметрите од крвта за приската.
Бев денес и прво скрининг направив и се беше во ред. Се гледаше носната коска и мерките беја супер и не направив приска иако докторката ми велеше дека сите правеле дека приската била посигурна... Битно бебуш е супер
На прегледот во 8ма недела матичната ми кажа во 12та да одам за скрининг, и да ми даде упат за приска на клиника да правам. Сега читам овде заедно се правеле скринингот и приската, а скринингот во 6 попладне ми е закажан кај матичната. Дали ќе треба да правам скрининг и на клиника, оти веќе имам дополнително во Ремедика закажано?
Мајки, знае ли некој да ми го протолкува приска резултатот? Матичната ми рече дека е со среден ризик, да се обратам приватно, а каде тоа? Инаку ехото супер, во државна правено се'.
Гледам 1:421 ти е, што е ок, над 250 треба. Ако ти рекла на приватно, закажи кај Димчев во Систина, гледам доста млада си, не верувам да има нешто, но за мирна глава појди и кај него.
4000 den e, te gleda na eho. No za tie raboti toj e broj 1, ke te smiri ako nesto si ispanicena. Jas napraviv nifty test koj kostase 700€ bidejki vo rana bremenost kako tvojata, nikoj nisto ne kaza, duri vo 20 ta nedela doktor mi rece da napravam. Sega ti e vreme da zakazes za da ne se izlozuvas na trosoci kako mene
Mene mi e ova vtora bremenost, prv pat za nifty slusham, ne sum pravela so devojcheto eve 3 god ima... I toa e preku krv?
Da, preku vena se zema krv, i primerokot se praka vo stranstvo. Isto kako priska ti zemaat krv. Neinvazivni testovi se toa, ima posebna tema za toa imaat mnogu spodeleno iskustvo bremeni zeni. Ne znam zasto te pratila maticnata na privatno , no moe mislenje pojdi uste ednas da te vidat na vtoro mislenje - mada ne veruvam da imas nisto spored rezultatite od Priska. Isto imas fora i priska 2 da napravis, toa e okolu 14ta nedela. Sepak merki se,porano gi nemalo i ne si ja macevme dusata, sega se izmislija i samo ne teraat da pravime dopolniteni raboti.
Ne znam eve, imalo li ova porano, samo nekoi novi gluposti ispituvanja, stvarno te stresiraat i da nema nishto...