Исто и мене не сакаше да ми даде упат за во битолската болница со изговор дека вадат грешни резултати и си платив 4000 за приската и 700 за скринингот. Иначе во рок од 24 часа од ехо треба да се појди во лабараторија. Мене веднаш после ехото сестрата кај докторката ми зеде крв, а крвта ја испраќале во Авицена.
Јас сепак зедов за во Битолската ќе ми направат таму се, но матичниот гинеколог нема да го напиши резултатот во мајчина книшка-не сака
Не гледам потреба да ти го напиши во мајчината книшка..битно е да е се во ред со резултатите...со среќа
Секако ќе ти дадат резултати, ќе си ги ставиш во мајчината книшка и носи ги со себе. Мојата матична сите досегашни резултати ми ги има захефтано на последната страна така да не гледам некој проблем. Со среќа.
Девојки , приска 2 која недела се прави и дали се прави само скрининг или е слично како приска 1 ? Ви благодарам
Здраво женски, дали знаете што точно значи PAPP-A, кај мене го пишуваше HIGH, а матичната ми рече дека се супер резултатите од приската.
Паппа хормонот ти е висок. Ама чим матичната ти рекла дека се супер би требало да нема простор за грижи. Кај мене ХЦГ беше висок и ми направија 300 паники.
Ако на тестот ти пишува дека имаш low risk за даун и др.трисомии, ако мерките за нухален набор се во ред, немаш што да се грижиш и да ги гледаш вредностите на хормоните. Папп-а е хормон што го лачи плацентата и лошо е ако е пониска вредноста, а не повисока. Зашто ако е пониска вредноста, значи има некој проблем со плацентата или има ризик за некоја трисомија.
Здраво мамички, правев скрининг и приска на ГАК, резултатите од скрининг се добри, но матичниот малку ме загрижи со резултатите од Приска. Кажа дека има мал ризик, но да сум оочекала до втор скриниг. Дали сте имале слично искуство, да споделите. Благодарам
Majka, istite skoro rezultati gi imav i jas so beta hcg pokacheno i me preplashija demek so sreden rizik. Ovie priska testovi kaj nas osobeno vo drzhavna nemaat voopshto tochnost, i do vtoriot skrining se' beshe super, kaj i da e kje se porodam, problem na eho ne se gleda. Taka da ne se optovaruvaj mnogu, teraj si ja bremenosta so lesno. Ako smetash deka ne e vo red neshto, pobaraj vtoro mislenje kaj Dr. Dimchev vo Sistina, toj e vrven za tie raboti i shto kje kazhe toa e tochno.