Гинекаликс, моментално имаш и попуст од 50 евра.Еве ти линк од страната нивна на фб https://www.facebook.com/Ginekaliks?mibextid=ZbWKwL
Јас овде резултат не читам и зошто на нос на коска пишува не познато? Башка ова се глупости не се вади од памет статистички податоци се, само добар скрининг ти треба барај поназад мое мислење и искуство за ова да не се повторувам. Ти го препорачувам др. Димчев од систина
Zdravo Dali koga pravime priska na drzavno tamu Ve pregleduva doktor Ili Samo krv se vadi I dokolku pregleduva doktor toj e nekoj iskusen Ili specializantite gi pravat tije raboti
Добар ден, нова сум на форумот. Би сакала да прашам дали некоја од вас имала слично искуство со моето. Бремена сум за прв пат, и сум 10н 1 д, во 6 недела имав крварење предизвикано од хематом кое се смири после 1 нед. терапија со дабростон и 2 инјекции прогестерон депо. Во 7 недела се беше уредно на ултразвук, за во 9 недела и 5 д на ултразвук да се забележи зголемен нухален набор. Мојата др препорача неинвазивен тест за да се исклучат генетски пореметувања. Дали има шанса да се намали нухалниот набор до 12 недела и се да биде во ред, и дали има шанса нухалниот набор да е зголемен а се да е во ред? Многу благодарам
Само неинвазивен/инвазивен тест може да ви каже дали има или нема нешто,нема правила.Јас би испитала се и да се намали нухалниот макар што незнам дали може такво нешто,сепак не би оставала на случајност.Приската е само компјутерска статистика
Веќе закажавме за крв за неинвазивен тест, секако не ме трпи срце да не проверам. Не е малку рано 9н 5д за да се каже дека е зголемен нн ?
Во 12та недела е скринигот каде се мери нухален набор. Не знам дали одиш кај матичен на преглед али барај второ мислење т. е. втор скрининг во соодветна недела.
Не одам кај матичен, одам на приватно, а и мислам дека штом ги добијам резултатите од тестот др ќе закаже друг преглед.
Можам да бирам, зошто да не. Благодарам за препораката, во моментов ми треба сламка да се фатам, малку надеж да имам.
Незнам душо веќе незнам што да кажам секакви доктори секакви ситуации има.И мене да ми речат срце нема да ме држи и знам како ти е.Се надевам се ќе биде добро