И мене ме извадија од памет кога ми кажаа циста на мозокот, се повлекува таа со тек на неделите, не се грижи, ќе ја мерат на прегледи колку mm e
Zdravo, napraviv prisca i momentalno cekam rezultati od nifty. Vo prilog rezultatite od priscata i merenjata. Cisto da mi dadete mislenje, pisuva low risk no maticnata se zagrizi za delot kaj biochemical risc (sto znaci toa ne znam)...
Девојки јас сум избезумена… 13та недела сум, правев скрининг приватно и кај матичната, сѐ си е супер физички, сите органи се океј, носна коска, вилица… меѓутоа дојдоа резултатите од приска и не се идеални… да сподели некој искуство… од понеделник ќе правам нифти за да бидам мирна…
И мене вака ме извади од памет приската, денот кога дојдоа да ми земат крв за нифти прокрварев, мислам од стрес, оваа приската статистика треба да се ифрли и да направат нифти да е покриено секој да си дозволи, кај мене излезе нифти во ред, сега сме со бебуш два месеца се е во ред
Еве јас ќе ти кажам кај мене беа слични 1: 126 тоа што кај тебе е 1:92 јас правев нифти и све беше океј еве син ми е 2 години.Пробај да не се нервираш, глупости е тестов само не стресира за џабе .
Подолу ја пиштив сликата од мојот резултат , можеш да ги видиш, не знам дали матичните имаат процент некој од тие што прават нифти бидејќи мене повеќе ме исплаши матичната одколку резултатот, кај тебе си пишува low risk , за некој ден ќе добиеш резултати од нифти немој да се грижиш
Само пари правење е тоа и ништо повеќе. И нифти да испадне со некој си ризик пак ќе треба амниоцинтеза да се прави зошто таа е 100% точна и каде е ќарот тука?
Како што ми објасни дечкото од геникалис ако излезе резултатот лош од нифти тие ти плаќаат амниоцинтеза на приватно, ќај мене излезе добар резултатот па не одев понатаму со испитувања
Исто и кај мене имаше сличен резулат со висок HCG, и матичната премногу ме испаничи. Бев на две мислења во Систина кај Палчевски и Димчев едни од најврвните доктори, кажаа дека е се во ред и нема потреба од грижа, според нив не треба да се прави приска, не препорачуваат бидејќи е статистика и најчесто не е пресметана како што треба. Ми кажаа ако сакам за да бидам сигурна за мене да не се стресирам, да си направам Нифти или сличен на него тест. Така да не се секирај се ќе биде во ред, чекаме да не известиш. За една недела сум на 3то мислење во државна, па после тоа ќе се одлучам дали да правам нифти и јас..
Пак не е 100% сигурна дијагностика а се даваат пари тоа ми е муабетот. Нормално кој има пари нека го направи ама премногу непотребно ги форсираат.
Јас решив да правам нифти… др. Стомнароска од Ремедика ми ја води бременоста и ме увери дека на скрининг сѐ било одлично. Апсолутно немало нешто сомнително, рече може поради килажата (имам вишок) да покажало таков ризик на Приска, но ме посоветува да правиме нифти
Девојки само да споделам дека после пренаталниот тест, излезе сѐ супер. Џабе се извадив од памет со приската. Сега барем ќе сум раат
Milo mi e, skoro site sme pominale mn stres i solzi so priskata. Zato 2 skrining mi bese privatno i sea za sea se e vo red.
Zdravo devojki utre imam zakazano priska vo drzavna 12+6 sakam da prasam na uputot mi pisuva samo priska dali imam pregled na eho pa posle mi zemaat krv ili..