Се согласувам комплетно. Многу е лесно на форум да паламудиме што треба и што не треба со поминато 1-3 бремености. Цела специјалност е што ги изучува и работи овие проблематики и има зошто се прават некои работи постапно. Секој тест кој е бесплатен за една трудница е според медицина базирана на докази. Проблемот е што не сфаќаме дека ова не е дијагностичка метода. Докторите кои кажуваат дека ова испитување не е релевантно го кажуваат тоа во контекст на дијагностика. Али да не е релевантно, не би се правело бесплатно во цела Европа. Сите овие софтвери ги проценуваат факторите на ризик кои ако ги имам нормално дека ќе ми дадат одреден резултат, сите знаеме кои се фактори на ризик во една бременост. Затоа секогаш се што се превзема во бременост е во корелација со ехо наодот и мислењето од гинекологот.
имам закажано скрининг утре во 13ч, па ме интересира како ќе ми закажат за приска истиот ден на клиника? Минатиот пат матичната спомна во ист ден, но како би стигнала ако немаат втора смена?
Во ист ден се земаат мерки и крв за приска. Работи лаб на ГАК и попладне, јас во 6 попладне бев баш за приската.
Приска е дел од втор скрининг како и да е. Кој и да ти прави скрининг ти дава упат за на клиника за да ти земат крв и таму те прашуваат основни прашања за статистика.
Приска дали мора истиот ден да се направи? За колку време стигаат резултатите? Закажана ми е трет ден од скринингот, дека петок беше. @Tea SK не работеа втора смена.
Како не работеле? Па јас во 6 попладне бев, пред Нова година беше ова. Лабораторијата на ГАК што е до амбуланта 37 затворена беше? Таа 24ч работи јас колку што знам.
Само за приска е упатот? Да не ти дала и скрининг пак да правиш и приска. Мојот е за двете, пишува за скрининг и тој исто за приска бил.
Мерките од ехо треба да се од истиот ден кога се зема крв за приска. Освен ако не измислиле нешто ново...