Па можеби нема да ја пратат на амниоцентеза ако биде добар пренаталниот, а после и на ехо ако се види дека е сѐ ок.
Здраво , ова се моите рез од Приска , а правев 4д Скрининг и сите вредности беа одлични.Според докторката на скрининг фетусите се одлични .Но потоа рез од Приска дојдоа и вика не се баш добри мораш пренатален … Испаничив скрос .. Некој со слични резултати или мислење за резултативе ? Хееелп
Заради годините, приска е математичка биохемиска пресметка. Не е многу веродостојна. Јас и покрај се оке на скрининг и приска правев пренатален. Гледам со близнаци си. Ако можеш да си дозволиш, направи си, поверодостојно е од приска.
Годините и те како ги реметат вредностите на приската. Затоа и се вика математичка, зашто сметаат дека колку си постар као поголеми имаш индикации за некоја аномалија. Не дека тоа е вистина и дека ќе е така, ама затоа над 35 препорачуваат пренатален. Од таа причина највеќе. Ама на крај гледаш low risk e. Без разлика што горните се пониски.
Видов на прискана дека се 2 фетуси...Ако си во можност направи пренатален ако не оди на второ мислење...Истиот случај беше другарка моја и од таа причина јас директно на пренатален затоа што за 2 недели и побели цела косата од стрес а се роди здраво право машко дете
И кај мене вредностите беа ниски, а на резултат имав low risk. Сигурно од што сум 35 години со ивф. Пред првиот скриниг имав веќе направено пренатален и се беше ок, но не и кажав на матичната, кај неа направив скрининг со приска. Кога стасаа резултатите ми се јави да појдам на консултација оти ниски биле вредностите и добив препорака за да направам пренатален. Искрено мислам дека приската е само стрес тест штом е се во ред на скрининг и нухален набор нема простор за грижа.
Мислам дека матичните земаат нешто процент сите истото го велат прво приска прво приска ефтина е ....
Зошто не се добри резултатите? Пишува low risk, и докториве некогаш се за ќотек, а и со испитувањава само стресови ни прават. Штом нухалниот набор и носната коска се во ред, јас мислам да не се грижиш. Не се сите финансиски спремни за пренатални, за плаќање на приватни прегледи.
да не сака пренатален да прави за да си земе некој процент матичниот ? обично така прават нз еве нека каже некој што поминал низ ова, може да си бараш второ па и трето мислење.
Jas imav i pološi rezultati od ova, koga go pravev testot samo što napolniv 37 godini. Matičnata mi reče ok se ne se zamaraj toa e radi godinite, skriningot beše isto ok i ne pravev prenatalen test, eve utre 40 dena pravime, ženska i pol e, i da dodadam so ivf bevme. Ni so prvoto na 33 ne pravev prenatalen, priskata beše sekako podobrs, ama pak radi godinite. Ako e nuhalniot nabor ok i ima nosna koska i skriningot e dobar jas ne bi se zamarala i ne bi frlala pari. Ja taka napraviv, eve dvete se živi zdravi
Нухалниот набор треба да е под 3.5мм, а не 2мм. Кај мене на прв скрининг беше мислам 1.6, приската ми беше low risk и ехото супер. Јас не направив пренатален.
Пишува низок ризик, но матичната вели дека има ризик, утре треба да се видиме и да договориме понатамошни испитувања. Ве молам за совет.
Мене на приватно во Ремедика така ме измотаа дека нешто не е во ред со вредностите па да си направам од некој од тие со кои соработува. Јас со 23 години, со скрининг кај матична одличен(и тоа 3ца доктори во ординацијата на 3 различни апарати ме гледаа после тоа) со добра приска направив на сосема трето место пренатален и не кажав ни од кај кој доктор доаѓам ни ништо, чисто оти ме изеде јанѕата а и не сакав да профитира од стресот кој ми го направи.
Kaj site pišuva ili visok ili nizok rizik. Ako e nizok a skriningot e ok ne bi se zamarala, matičnive stanaa voeni profiteri so prenatalnive, bruka se
Јас сепак се одлучив и направив пренатален , и денес ми стигнаа резултатите . Кој има искуство ве молам да ми кажите , вака изгледа во ред ?