Фемонки овој тест да го наречам не спага под фондот така? Какви се вашите искуства да се прави државно или приватно зошто какп штп разбрав е многу важен за рано откривање на неправилности на фетусот
Приска тестот е математички пресметки и не е 100% сигурен. Така да, јас во понеделникот го направив на државно бидејќи мислам дека нема потреба за овој тест да давам 5000ден приватно. На државно е без пари
А дали само го гледаа плодот преку ехо, или и правеше испитување преку крв. Бидејки како што ми кажаа денеска ги немале реагенсите за испитувањата и некои пациентки биле вракани. а колка е времетраењето на овој тест и како е постапката?
Првин отидов кај матичен гениколог, ми даде упат за истиот ден... Кога отидов на болница докторката ме прегледа на ехо првин, го измери бебето и NT. Потоа запиша во извештај, и ми дадоа упат од тука за во лабораторија. Отидов и таму, ме боцнаа. Резултати за 2сати.
prssca тестот е испитување кое се прави преку крв, и заедно со мерките од ехо прегледот и краток прашалник то ти го поставуваат таму, вадат статистички податок за веројатност за даунов синдром. Како што ти кажа @Bebulleee тој не е толку битен. Многу е побитен кој и како ќе ти го прави ехо прегледот за да правилно ги направи соодветните мерења.
Па затоа се мислев за ехо прегледот дали да одам на државна или приватно. Кај докторкава што ми е матична има можност да ми го направи чини 2000. во дилема сум незнам како да постапам..... Аха ок мислев дека си била во државна во Скопје.
Многу феминки си правеа прв скрининг кај матичните. Мојот матичен има ужас старо ехо па не ни помислив. Бев на скрининг кај докторката што ме води и за второ мислење бев кај Димчев во систина. ЕДИТ: на ГАК отвораат од 7 мислам, ама после 12 не примаат за приска.
Јас не ни знаев дека прегледуваат, ми кажаа со извештајот да отидам на болница и според тоа дс направат приска. Истиот ден бев и во Плодност на скриниг
Mojata sestra za vcera za prisca 1 na privatno si plati 4000den ovde vo strumica so se eho komplet tolku plati I rez ke I bil gotov za edna nedela
Вчера бев на гениколог па докторката спимна дека имаат известување дека приска тестот ќе биде само на приватно.
Приватно ли беше, јас правев пред еден месец тогаш не беше приватно. Кога бев на контрола така спомна докторката за тоа