1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Psycho Pass

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од ShadyLady5, 29 јули 2015.

  1. ShadyLady5

    ShadyLady5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Pshycho Pass е jапонско аниме кое е многу добро.



    [​IMG]
    Прва сезона

    [​IMG]
    Втора сезона

    [​IMG]
    Филмот

    Еве ја сторијата:

    Дејството се одвива во блиска иднина, каде што со државата владее Сибил Системот. Што всушност е Сибил системот? Сибил Системот е стандард со кој се мери психичката состојба на поединецот. Акане Ѕунемори доаѓа како инспектор во тимот, кој е под водство на Нобучика Гиноза. Кога таа се појавува, доаѓа на место на злосторство каде што убиец киднапира жена. Нејзин соработник е привлечниот Шиња Коугами кој предходно бил инспектор, сегашен Enforcer (превод најдов спроведувач). Се разбира во првата сезона, тимот се бори против криминалецот Шого Макишиме, кој има психичка состојба 0. Тие поседуваат пиштоли наречениe Dominators. Како што се одвива првата сезона, Акане е загрижена поради тоа што не може ништо да стори. Таа е сведок на убиството на нејзината најдобра пријателка. Но, Коугами стапува сам во акција, каде што го убива Макишима. Откако Коугами го прекршува законот, тој заминува и побегнува. Надоврзувајќи се на втората сезона, Акане Ѕунемори си останува инспектор, но сега Гиноза веќе не е инспектор, туку го заменува младата и убава Мика Шимоѕуки. Новата опасност за Сибил системот е Кирито Камуи. Убивајќи луѓе и оставајќи порака WC ќе ја натера Акане повеќе да истражува и да се запраша дали воопшто е можно да се контролира коефициентот на психичката состојба. Таа успева во тоа. На крајот успева да ја декодира пораката WC што значи What Color (Која боја) со помош на нејзиниот пријател, професор Саига. На крај го убиваат и Кирито.
    За филмот, интересно е тоа што Акане добива дојава дека има странски терористи во Јапонија кои сакаат да го срушат Сибил системот. Фаќајки еден од терористите, на кои му ја скенираат меморијата дознаваат дека поранешниот Enforcer Шиња Коугами е поврзан со терористите. Оваа работа ќе ја натера Акане да оди во SEAUN во кој се применува исто така Сибил системот. Но, кога оди таа таму, дознава за една подруга ситуација. Таа го наоѓа Коугами и си помагаат еден на друг. Таа ја разоткрива целата шема на SEAUN и го натерува тамошниот директор Чуан Хан да даде оставка и да го смени планот за Шамбала Флотата. Таа подоцна се враќа во Јапонија со нејзините колеги, оставајќи го Коугами, со надеж дека еден ден повторно ќе се сретнат.


    Многу интересна приказна што мислам дека секој би требало да ја погледне.