Ништо само него го земав и затоа знам дека е од него. Некоја реакција има со акничкиве,ама незнам од која состојка би можело. Сакав да ја земам и кремата,ама сега се замислив..
Дали има некој нарачано од yesstyle? Ги гледам споредбено цените ,дупло поскапи се кај нас. Едит: сега видов дека нема шипинг за во Македонија
Не доставуваат до Македонија, заради пандемијата ја имаат скратено листата на земји. Инаку порано стигаше без проблем. Едвај чекам да вратат шипинг. Засега фала богу и во Белина се наоѓаат добри ствари, а и децием вратија можност за нарачки, па ќе се стрпам за корејскиве. До сега имам земено само нешто ситно, фала богу не потпаднав по целиот хајп, зошто стварно ептен им се надувани цените.
Да, само што направив едит, ја видов листата. Јас нарачав centella кремата амааа дупло поскапа! Лудачки дури!
Тек сега ме интересира што ќе кажат нашите „увезувачи“ на Пурито, и блогерите што уште малку да можеа у грклан ќе ми го ставеа за да го купам. Цело лето ова се слушаше, како било најдобриот СПФ бла бла бла, не е тежок, не се осеќа под шминка. Па нема да се осеќа кога е фејк маркетинг у прашање. Ставиле спф колку да може да се каже дека има нешто. Dr Dray одамна рече дека ова е повеќе крема со спф отколку спф. Жал ми е за сите што парите си ги фрлија на овој производ, а сега ме интересира и за што друго лажеле. Бај д веј, ако не се лажам мислам дека и Биодевојка некаде на форумов имаше напишано дека составот на кремава не е добар, ама не сум 100% сигурна.
Добро биодевојка е наклонета на природна козметика и која и да е од корејскиве ќе е лоша зашто се фул хемија и ќе препорача физички филтри, јас користам хемиски филтри не држам уопште да е природна козметика, муабетот е дека продаваат лажна слика. Целиот бренд сега е под сомнеж. Среќа имав лоша реакција па ја баталив кремава имам негде пишувано и @Mishela ако не се лажам имаше лошо искуство со кремава, а реално е скапа. Крема со спф 19 не може да е 1000денари
Мене целиот бренд ми е толку одбивен од некои причини кои не ми се ни јасни...не знам. Можда интуиција била во прашање еве. Ја зедов кремата чисто да оставам простор да сменам впечаток и да не бидам хејтер без основ нели, ама поголем ужас од неа немав сретнато. И ми олесна. Кремава не се впиваше воопшто (а имам кожа која впива креми, серуми масла ко да ги вшмукува со цевче), ми испливуваше како филм на површината кратко време по нанесувањето, многу, многу бев разочарана и изгубив желба да си ги давам парите по Пуррррито. Ова сега ептен ќе бидне големата ко што тргнало. Зимајте пуканките.
Го пробав Vitamin C серумот од Purito пред некој год, купив семплови од ибеј но не ми текнува каква беше структурата. Дали не е мрсен и брзо впива? И општо, дали витамин Ц серумите се мрсни или не?
Па ќе ти биде одбивна кога секоја блогерка и сите што се осеќаат така ги рекламираа. И да сакаш не можеш да веруваш дека на сите им се ПРЕУБАВИ и ПРЕДОБРИ нивните производи. Нешто смрди Плус не сакам да финансирам мк страни кои се склони само кон крадење на луѓето за профит. 2х зголемување на цена - но, но.
recovery cream зелената, е толку лесна сто воопшто не осекам добра хидрација, еве може грешам, само да пишам искуство, ништо посебно...
Mene licno, kako nekoj so problematicna koza mi bese najdobriot spf.Tolku sum razocarana sto ne sakam ni da zamislam kakvi drugi '' prevari'' se pravat vo laboratorijata na ovoj brend. Letoto drugarka go koristese i nekolku pati mi kaza deka izgorela vo lice i pokraj toa sto go reaplicirala. Ne mi bese bas jasno kako e mozno, zatoa sto 50ka neli pa mislev deka mozebi mnogu malce stavila.. Ete sto bil problemot
Иако не ги следам македонските блогерки, се согласувам дека е напорно да слушаш само воодушевување од еден ист производ, особено бидејќи многу „обични“ луѓе имаа замерки за лупењето (вклучително и јас, иако за минералната крема, не за оваа), а никаде никој не го спомена ова. Но, мислам дека не треба да избрзуваме со заклучоци, бидејќи Purito сè уште не се изјасниле на темата (или не сум видела ако е така) и не мора да значи дека тие прикриваат, можеби е до лабораторијата која тестира или не знам, нешто друго, не ги знам сите процедури . Некои луѓе почнаа и да се сомневаат во KFDA, т.е. корејската агенција за контрола на производи, па сега на тапет се ставени не само Purito, туку сите корејски брендови. Мислам, луѓето што повеќе се разбираат за овие работи го негираа ова и кажаа дека не треба да се избрзува со заклучоци во ниеден поглед, но пак, семето на сомнежот е веќе посеано. Читав во коментари многу луѓе кои рекоа дека прекинуваат со корејска козметика, барем во поглед на СПФ креми и дека отсега ќе купуваат само од големи, познати интернационални брендови . Јас би го почекала одговорот од Purito, како и толкувањето на тој одговор. Не ми дава сомнеж за сè останато бидејќи ако едно нешто е проблем, не значи дека сè е проблем, особено ако е производ за кој видливо можеш да констатираш разлика. Но, ако испадне дека навистина има проблем со брендот во целина, би сфатила зошто не би сакале луѓето да купат ништо од нив, и веројатно и јас не би купила понатаму. За жал, кога имаше попуст, наеднаш ги купив и хемиската и минералната крема; минералната скоро ја завршувам, а хемиската допрва треба да ја почнам. Среќа е зима и иако би сакала да користам повисок фактор, ќе ѝ се најде употреба, дали кога ќе сум дома или за дланки и слично .
@pdb123 Во твојот контекст има нешто и во тоа што корејската козметика зема многу голем замав на европскиот пазар па построго ќе ја контролираат или се обидуваат да ја девалвираат (conspiracy theories ) Азијска козметика е GOAT за мене ама големата достапност и распространетост е меч со две острици. Или ќе се осигура квалитетот по Европски стандарди или ќе почнат како мнозината гиганти да удираат на низок квалитет, а високи цени.
Неповрзано, но знаеш ли денес што интересно прочитав? Види го ова, иако е за Neutrogena, многу е eye-opening. Испаѓа дека сепак не е така лесно да се измери точен SPF, за било кој бренд . Горе не дополнив: уште не ни знаеме дали се веродостојни и овие испитувања за СПФ 19. Не знам, и да е така, некако не ми доаѓа да верувам дека е намерна грешка или измама, бидејќи од тоа малку што сум слушнала за Purito, знам дека важни им се критиките на потрошувачите, затоа и нели направија безмирисни верзии на дел од производите. Но, ќе видиме допрва како ќе заврши сè ова, можеби грешам .
Знаеш што е лошото, што ова очигледно некој со минимално познавање на начин на кој се формулира производ можел да го примети. Затоа што јас сум член на неколку групи на фб за скинкер, и памтам дека уште летото читав по коментари (барајќи крема за мене) дека заради положбата на цинкот (I guess цинк беше) во составот - неговата концентрација е премала за да даде 50ка заштита. Не е ова од сега, било приметено, а стварно го памтам коментаров, плус статија имаше некоја и си реков ај чим не е докажано, можеби и не е така. Ама сепак не се осудив да купам и ми остана тоа во памет. Ама еве излезе дека навистина не нудела доволна заштита. Така да, не верувам дека е ова така наивно, и дека они не знаеле. Сепак се фирма што се бави со козметика и формулирање на многу производи покрај овој. Еве го побарав баш тоа https://medium.com/gethealthy/what-...ns-to-protect-against-skin-aging-5a13e0e66159
Не знам навистина што да кажам, затоа и реков ќе чекам одговор од Purito и негово толкување од формулатори (што следам на инстаграм) што разбираат повеќе. Некои се изјаснија дека се сомневале од поодамна .
Минути подоцна... Од bebehome или coslovemetics штама. Како официјални увозници некако многу тивки на темава.