Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Purito производи

Дискусија во 'Лице' започната од buba4e89, 14 јули 2020.

  1. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    Леле Бела и јас ја земав на Пурито бб кремата баш денес ми стигна но нијансата 21. Претходно ја користев на Миша нијансата 23 и ми беше ептен погодена на тенот арно ама почнав да се исфрлам со ситни акни изгледа ми ги затнуваше порите.. Според состојките оваа од Пурито е подобра и поминимална па се надевам нема да прави проблеми со акните.. :?:

    Е сега 21 нијансата што ја земав гледам некако ми е чудна, не е баш иста има некој сив розевкаст подтон а според коментарите по нет треба да е dupe за 23-ката на Миша а се мислев да ја земам истата бројка 23 и од Пурито, каква е нијансата дали е многу темна? Како изгледа на кожата дали оксидира?
     
    На Bella2_ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bella2_

    Bella2_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    253

    Јас на Миша ми се океј ама и некако во последно време не ја зимам затоа и се префрлив на пурито.

    Еве каква е бојата кога се става, кога малце ќе ја изблендирам и скроз.
    Е сега јас кога ја ставам малце како розева ми е ама после 5-10 мин си станува супер бојата и не ми оксидира. Јас ја носам 9-10 саати со тоа што убаво е да ја сетираш со нешто, нема да имаш проблем подобри состојки има. Мене не ме исфрли супер ми е стварно, ми беше страв за бојата ама па јас сум како што може да се види на сликава имам боичка неутрална некоја средно.

    Најјубаво е да идеш да пробаш 23ка на врат/ лице бидејќи убаво кога ќе ја помешаш со прсти си станува баш онака убава боја кожа . :)
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_3631.jpeg
      IMG_3631.jpeg
      Големина на фајлот:
      174,6 KB
      Прегледи:
      44
    • IMG_3637.jpeg
      IMG_3637.jpeg
      Големина на фајлот:
      253,2 KB
      Прегледи:
      45
    • IMG_3634.jpeg
      IMG_3634.jpeg
      Големина на фајлот:
      170,7 KB
      Прегледи:
      44
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Макаронкаа

    Макаронкаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Како сте задоволни од овој маслен чистач? И дали е наменет за масна кожа?
     

    Прикачени фајлови:

    На Bella2_ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bella2_

    Bella2_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    253
    Го немам пробано ( на листот за пробување ми е ) но можам да ти кажам што слушам искуства и мислења од тие што го имаат пробано.

    Оценет е на глобално ниво 4.4 звезди
    Има погуста текстура но со чистење процес станува по нежно и лесно
    Тие што имаат мрсна кожа имаат позитивно искуство со чистачов тоа нека не те плаши ( ти секако го измиваш)
    Не ирита на очи, вади шминка и фактор и се што си ставаш ( само тешко вади водоотпорна шминка )
    Не ја суши кожата / пресушува и се тоа
    Немс парфем ниту никаков мирис

    Се надевам ова ќе ти помогне :) .
     
    На Макаронкаа му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    Го имам користено, јас имам сува кожа со масна т-зона. Вака да кажам, текстурата е прилично густа, досега од сите маслени чистачи што сум ги пробала мислам дека овој беше најгуст (можеби поради што има и маслиново масло во составот)
    Прилично тешко се измива дури и малку како лепливо ми оставаше ама бидејќи практикувам двојно чистење, успевав некако да го отстранам вишокот маснотија со гел.
    За чистење - чисти добро, шминка на очи, пудра, спф - вади без проблем.
    Сега бидејќи ти рече имаш масна кожа, искрено мислам дека би ти бил малце тежок и се плашам дека може да ги запуши порите.
    Твоја одлука ако сакаш да го пробаш, ама мој совет оди на некој полесен. Балмовите се супер за масна кожа. :)
     
    На Bella2_ и Макаронкаа им се допаѓа ова.
  6. Макаронкаа

    Макаронкаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Што би ми предложиле наместо овој чистач? Како дел од рутината за двојно чистење на лицето?
    Фалаа :inlove:
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.916
    Допаѓања:
    81.189
    Пол:
    Женски
    Да не го купи чистачов? Да кажеше впечатоци ако сепак се реши за него, затоа прашувам. :)

    Имав неколку тестери од истиов чистач и баш се мислам дали да го земам во наредна прилика. Мене ми остави скроз супер впечаток. Имам комбинирана кожа, меѓутоа моето лице обожава вакви маслени продукти и ми даваат ептен убав ефект, не ми е воопшто тежок на лице и ми се свиѓа како ја чисти шминката од лицето.
     
  8. Макаронкаа

    Макаронкаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Не, не го земав
     
  9. veris

    veris Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2023
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    1.452
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали сте го користите овој крем и како сте задоволни? Постои ли некоја поефтина алтернатива? :* Screenshot_20240129_160636_Samsung Internet.jpg
     
  10. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.466
    Допаѓања:
    11.420
    Пол:
    Женски
    Маркетингот подобар од производите. Се наоѓа нешто топ за парите, не викам не.
    Од креми имам пробано неколку.
    Centella Unscented Recovery 3/5
    Centella Green Level Recovery 3/5
    Deep Sea Pure Water 3/5
    и моментално го имам тој B5 Panthenol Recovery Cream. 4/5 (за нијанса ми е подобар од другите :)). Можеби само последниов би го купила по втор пат.

    Не знам дали си го зела, одамна е постов, ама ако ти е за хидратација овој е далеку подобра опција од другите креми на Пурито.
    Лесно се впива, нежно и меко го прави лицето, не останува мрсен слој, иако скептик бев дека со пантенол очекував потежок и помрсен да е, а баше е пријатен и лесен.

    Од другите креми на Пурито, тој Deep Sea со морска сол очекував повеќе во поглед на хидратација, ама лицево по десет минути ми е како ништо да не сум ставила.

    Двете опции со центела ги препорачуваат кај сензитивно лице и проблеми со црвенило и акни, ма да не се ништо посебно, сметам дека генерално кремиве имаат подобар маркетинг од тоа што се добри (не дека се дотолку лоши, океј се- просек, само на таков начин ни се пласирани да имаме високи очекувања, а богами и со цениве не се заебаваат :|). Така што, мора малку да полутаме додека да најдеме производ што стварно вреди за парите.

    Е сега, ја купив и Cica Clearing BB кремата, одлична замена за пудра, плус и не се познава дека имам нешто ставено, многу е лесна, а толку убаво изедначено го прави лицето, милина. За ББ кремава 5/5. :inlove:
    Можеби единствениот пурито производ што не е "тресла се гора, родио се миш". Башка извадија од скоро нови нијанси, само три опции имаа претходно. Дефинитивно пак го купувам штом ми се потроши.

    Наредно, планирам да го купам зелениот маслен чистач што сте го постирале погоре. Добри ривјус и добра просечна оценка има онлајн, се надевам нема да ме разочара.
     
  11. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.466
    Допаѓања:
    11.420
    Пол:
    Женски
    Препорака 5/5.
    Според мене најдобар од тие што ги имам пробано. Гел крема е, убаво хидрира и смирува. Вака меко лице одамна не ми било.
    PURITO-oat-in-calming-gel-cream-1.jpg