Не знам дали е прашањево за тука, меѓутоа дали може да ми кажете дали има некоја значајна разлика помеѓу алуминиумски и ПВЦ ролетни? Веројатно алуминиумските ролетни се каде каде поквалитетни ама мислам дека разликата во цена е доста поголема. За 4 прозори со алуминиумски ролетни ни побараа 390 евра.
13-15 евра земаат за метро ПВЦ. Така да, скапо е да. Мене за купатилски прозорец на кипер ми побараа 100 евра.
И пвц ролетна ти е супер инвестиција, моите ги имаат 20 години. Сега брзо ставав на сите прозори дома ролетни и комарници, за 550€, што е одлична цена според мене, со тоа што имаш и комарници и пвц ролетни.
Нас за прозорски за тераса, 1 прозор во дневната, 1 во кујната и спална и уште една соба 410 евра за алуминиумски + 210 за комарници. Искрено ние сме само скептични заради тоа што сме малтене на поткровје и сакаме да не ни биде прежешко во лето.
Мене ми рече 14 евра од метро. А за комарник ако е лизгач 60 евра а како врата 45 евра за еден комарник.
Во лето на поткровје е прежешко, ама не ради прозорите. Го знаете терминот ,,под вршник,,? Главно жешкото одозгора иде. Сдк прозори, ролетни, не прават сензационална разлика на поткровје.
Кај нас не е толку топло затоа што имаат многу добра изолација ставено. Нѐ советуваа за алуминиумски ролетни па затоа прашував дали има некое мислење и искуство со истите.
Тури ПВЦ, алуминиум се загрева, ја не би стаил алуминиумски прозори пак, само дрво или ПВЦ. Види и внатрешни ролетни на плиш, да не ти стои горе системот. Дај пушти ми понудата да ти ја видам живти мене.
Алу прозорите се подобри од ПВЦ од повеќе аспекти се најважниот е гумата што можеш да ја смениш откако сонцето ја уништи На ПВЦ ќе го смениш прозорот ..