Имам Алу, ПВЦ, Дрво-Алу и Дрвени, најглупо искуство ми се алуминиумските, да траат, ама ПВЦ за истите пари ќе смениш 4 прозори, а рачунај добар ПВЦ профил трае топ, нит му се секираш за боја нит за бутур. Рехау профилите што ги иаме работено еве ги ден денес стојат топ, 10+ години.
Ако не ги менуваш заедно, тогаш стави си внатрешно дали зебра, дали некоја покрупна форма на венецијанери, има сега и дрвени венецијанери многу убави. Оти да правиш дупка горе за ролетни на веќе постоечки прозорци е кооомплицирано.
Ај ве молам за совет во изградба сме па ми треба мислење некој со искуство да каже што е подобро алу или пвц сакам да биде црни .Дали губат боја и да препорачате фирма кој знае што прави било од каде бидејќи имаме стаклена фасада на еден крај односно 2 прозорци од 4 метра на 3 метра. И Какво стакло препорачувате
Алуминиумски прозори се по-квалитетни по-долготрајни и поскапи. Зашто ? Затоа што алуминиумот е метал односно неговите носиви карактеристики и начинот на обработка се поспецифични за разлика од ПВЦ - Пластика. Бојата на рамката не ја препорачувам да биде црна затоа што металот е проводник на топлина исто така и црната боја абсорбира многу топлина од зрачење (од сонце). најдобра опција за бојата на рамката е или белата или сивата без разлика какви прозори имате ПВЦ или Алуминиумски.
Дали мислиш дека прават и помали проекти како семејни домови пошо гледам само големи обејкти на страната