Quo Vadis, Aida?

Дискусија во 'Филмови' започната од Stark, 11 јануари 2022.

  1. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.355
    Допаѓања:
    21.728
    Пол:
    Машки
    Филмот е направен според вистински настан, со некои промени и измислени работи за да биди уште подраматично, но во глобала тоа е тоа. Се работи за војната и масакрот на Србија врз Босна.





    Не знам што би додал тука уште, освен само дека е премногу емотивен и тежок филм. Солзи ми потекоја по образите.
     
  2. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.943
    Допаѓања:
    9.701
    Пол:
    Женски
    Овој и Дара од Јасеновац ми се во план да ги гледам наскоро, па ќе пишам овде.
     
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    4.304
    Србија никогаш не била во војна со Босна, туку парамилитарните групи предводени од босанските срби (меѓу сторителите имало и босански муслимани - линк) направиле масакр во гратчето Сребреница. Има разлика!
     
    На Stark и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.618
    Допаѓања:
    14.059
    Го има ли цел филм да се гледа? Јас само тејлер најдов, а сакав да го гледам. Се сложувам со @daylight. Јас бев дете кога ова се случувало, така да цело време мислев дека Србија водела војна со Босна, за која пак мислев дека е населена со луѓе кои по нација се Босанци и одат во цркви како мене, тоест се православни. Потоа изгледав многу видеа и читав многу на оваа тема, и сфатив дека дури во некоја смисла Србите ќе испаднат во право. Не може Алија со 43% муслиманско население во БиХ да прави Исламска република, за што е суден, и бил во затвор, за таа Исламска декларација, и плус човекот ако не знаете одел во Иран да бара помош од Иранците да вршат притисок врз Југославија да им даде права на муслиманите. Кои права ги немале? Денес се пообесправени од тогаш. Алија е директен виновник за се што се случи, и тој човек требаше да заврши како Милошевиќ. Тој човек не им донесе ништо добро на Бошњаците, иако гледам се удираат во гради по социјални мрежи, поради него имале држава и босанско државјанство, а Дино Мерлин и песна му посвети, демек некоја икона, а самиот Алија јавно призна во едно интервју дека се правел дека ништо не се случува, а народот го вооружувал. Милошевиќ и Алија ти се иста багра.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.618
    Допаѓања:
    14.059
    @Stark само што го изгледав филмот. Тажно, болно. А можеше се да биде добро, да седнат и да се договорат трите народи, како ќе функционира БиХ, ама немаа памет. Странците играат мајтап и гледаат шоу на балкански простаци кои и онака се убиваат за ништо, и за земја која и онака нема ништо посебно. Алија им дал државјанство, еее јаката работа. Еве Аида остана без маж и деца, и сега најважно и е дека има босанско државјанство, а претходно било југославенско. Жената на крај учи српски деца, значи иако претрпе жртви, пак мора да живее со нив, земјата е таа, народот е тој, правеа чистки, направија поместувања, но на крајот пак тие се, тука се. Инаку, човекот кој глуми српски генерал, тој што Аида го сретна на скалите е Бошњак кој го гледав на интервју со Борјан Јовановски. Се вика Емир и има долго презиме, со хаџи, така нешто. Тој се борел на страната на армијата на БиХ. И нека се бори, се тоа ок, така морало да биде, или се браниш или ќе те убијат, туку на интервјуто кај Борјан почна да кажува демек ќе бил исфрустриран ако денеска во Босна ги немало православните и католичките цркви, многу ќе бил фрустриран без нив. Ептен се гледаше дека тоа е лицемерно. Кога убиваш луѓе и те убиваат, што ќе ти верски храмови?

    Страшното е што и ден денес не им доаѓа памет. Еве Бакир им се закануваше на Хрватите со војна ако бараат ентитет. Па добро што е подобро, да имаш трет ентитет кој и онака ти постои во државата или да се дирнеш со Хрватска, земја членка на ЕУ и НАТО и да дадеш уште 100.000 луѓе јабана? Додик е типичен сељак кој игра мајтап, и ништо друго, не дека нешто реално ќе им направи. И ден денес има закани по фб и јутјуб „Денес сме повеќе, ќе ви вратиме, и за 10 години ќе сме 70-80% па БиХ ќе е наша, не ни можете ништо„ или „Дојди во Сараево да видиш колку муџахедини има“, итн.

    Милошевиќ и Туѓман силни, а Алија со фикс идеи за Исламска република и ете што направија. Забележувате ли дека во сите филмови, Хрватите никаде ги нема, а и тие вршеа злосторства. За нив се премолчува некако.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.943
    Допаѓања:
    9.701
    Пол:
    Женски
    Ич не требаше да ја активирам темава. Отворив во Филм и ТВ, се изначитав дупли дискусии од политика.
     
  7. Poyraz Karayel

    Poyraz Karayel Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2018
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    915
    Пол:
    Машки
    Чиста пропаганда филмот...

    Масакрот на Србија врз Босна (facepalm)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.943
    Допаѓања:
    9.701
    Пол:
    Женски
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.618
    Допаѓања:
    14.059
    Инаку, фактот дека жената на крајот затекна Срби во својот стан, тоа како тема го има и во други филмови. Веројатно има вистина во тоа. Слична приказна читав во босански медиум, самиот својата куќа ја платил на луѓе кои му се вселиле оти била празна.
     
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.943
    Допаѓања:
    9.701
    Пол:
    Женски
    Баш погодив минатиот викенд тајминг да гледам филмови за војна. Подобро да одберев хорор :?:

    Ќе се воздржам од посодржински коментар околу ѕверовите кои се изживуваат над послабите (невооружени граѓани), за само од пишување да не испаднам примитивна слично на нив (иако е тоа невозможно), инаку знам јас со таквите како треба.

    Добар филм. 8/10
    Само што доцна забележав дека сум гледала некоја скратена верзија од саат и четириесет минути, а како што видов, има и долга од два и пол часа, па сигурно пропуштив некои работи. Припадникот на војската ли се беше вселил во станот на Аида?
    Таа ги изгуби сите, а тој со помлада жена и дете.
    Таков е животот на Балканот, неправеден и владеат извитоперени вредности во секојдневието, па нечовечноста поминува нерегистрирано, без осуда од сограѓаните, и се шири како заразна болест.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.