1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Војните во Екс Југославија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Tanjamm, 5 јануари 2019.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.997
    Допаѓања:
    11.117
    Читав доста на интернет за војните во Југославија. Јас сум била дете во тој период, не се сеќавам нешто од вести од тој период. Морници ме лазат. Какви злосторства, посебно во Босна се случувале. Грозоморно. Морници ме лазат додека читам, како напаѓале и убивале буквално кој кого може и ќе стигне, како силувале и мажи и жени, убиле луѓе на свадба и слично. Кого обвинувате за сите овие војни? Како размислувате на оваа тема? Татко ми ги обвинува Србите дека биле агресор, вообразени во тоа време и сакале да имаат контрола над сите земји, практично да ги користат како нив им одговара. Јас по сите тие нереди се чудам како живее народот денес во Босна. Во право беше нашиот екс премиер, Љупчо Георгиевски кога кажа дека Босна е држава само на хартија, и по мое мислење воопшто не е добро да се живее во религиски и етнички мешани држави. Мене конкретно кога читам за Босна, што се случувало, одбивно ми е да ја посетам таа земја, иако знам дека има природни убавини. Вие?
     
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Реалноста е многу покомплицирана! Србите во Хрватска и Босна сакале да си живеат со босанските муслимани и босанските хрвати во мир како и за време на СФРЈ. Обичните хрвати и муслимани исто сакале во мир да живеат со србите бидејќи тие ионака живееле заедно со векови. Проблемот е што овие одбрале политички пат на независнот од Југославија нарушувајќи го чувството на безбедност кај србите а од друга страна пак повеќето српски претставници никако не сакаа компромис во кој би можеле релативно мирно да продолжат да живеат во нови држави.

    Имено, етничките срби од Босна и Хрватска во колективното сеќавање ги имаат ѕверските злосторства извршени врз нив од страна на хрватските и бос.муслимански паравоени формации за време на 2. светска војна (усташи, ханџари и тн.).
    Патем, неонацистите кога зборуваат против муслиманска наезда во ЕУ и сл. го превидуваат фактот дека Хитлер бил љубител на милитантната верзија на исламот.
    Тогаш (1941) се распаднала Кралевина Југославија и покривајќи делови од Босна се формирала НДХ - Независна Држава Хрватске (нацистичка марионетска држава со изразен клерикален фашизам - кој не бил католик требало да умре или да се протера). Србите во Хрватска и Босна многу пострадале од тој распад. Кога дошле комунистите на власт 1945 па повеќето хрватски и босански срби се чувствувале безбедни во новата Југославија.Тие додуша живееле во засебна федрална единица, а не во СР Србија, но тоа не било битно бидејќи ионака сите права им биле гарантирани како и на другите етнички заедници.

    1980 Тито умира, некоја година потоа настапува економска криза (милијардите што биле позајмувани требало да се вратат со камата). Тоа допринесува населението сè повеќе да бега во измисленото романтизирано „славно„ минато(митови за небесна Србија, за Бог и Хрватите, античките македонци, античките илири и тн. - познато, нели) бидејќи е полесно да се живее и мечтае за минатото отколку да се размислува и создава одговроно иднина.
    1990 година во СФРЈ се одржуваат првите повеќепартиски избори и во повеќето поранешни југослов.реп. на власт доаѓаат националисти кои го користат економското незадоволство кај населението да им сервираат идеја дека ќе биде сè поубаво ако бидат самостојни и дека за проблемите се виновние оние „другите народи„. При тоа во Хрватска (1991) и Босна (1992) се користи запалива реторика и симболи од 2. светска војна. Тоа прави српското малцинство да се чувствува загрозено (поучени нели од претходното крваво искуство) и не дозволуваат влез на хрватската полиција на териториите каде тие живеат. Тоа пак доведува до серија инциденти,и дури тогаш во тоа дел од политичарите во СР Србија здогледуваат шанса за своите политички и финансиски интереси.
    Да, и мене. Велат дека земјата има многу убавини, босанците(муслимани, срби и хрвати од Босна) имаат добра душа... На еден прием во неврзан краток разговор со еден дипломат од БиХ пред некоја година ми објасни дека босански србин попрво ќе се разбере со босански муслиман и хрват отколку со србин од Србија. Иако сето тоа е балкан, постојат извесни разлики во менталитетот помеѓу српските срби и босанските срби кои пак се поблиски со босанските муслимани и бос. хрвати.

    За жал Босна политички е нестабилна и раните од пред некоја деценија мислам дека не им се залечени, па БиХ не би ја одбрал во блиска иднина како земја за живеење. Освен тоа, последните години се случува влијание од Саудиска Арабија и Русија - тоа има и позтивни влијаниа (инвестиции, образование, недвижнини и сл.) но истовремено сè повеќе доминираат натписи на арапски јазик кои ниту босанските муслимани ниту бос.хрвати и бос.срби не ги разбираат и многумина нелагодуваат поради истото.
    Делумно странскиот фактор: Многумина помислуваат веднаш на САД, но во почетокот тие дури и се обидуваа да ја зачуваат Југославија. Но Германија и Ватикан мислеле поинаку - тие држави многу добро знаеле што ќе се случи доколку дадат подршка кон отцепувањето на таков тип етнички и верски мешани територии, па сепак го сториле тоа.

    Но дел од вината имаат и сите други учесници. Српската Правосл. Црква одигра клучна улога како пропаганден потикнувач (повеќе за ова во книгата на српскиот историчар М.Томаниќ: Српска Црква у рату и ратови у њој) А тогашниот хрватски претседател на еден официјален сосатонк изјавил дека: „Србите треба да ги снема!„ a босанскиот претседател Алија Изетбеговиќ сонувал за Босна без срби. И не како последно, вина имат и самите народи од кои мнозинството не преиспитувало кому дозволува да се кандидира на избори, каква програма подржува и дали е тоа во склад со здравиот разум, хуманост, добрососедство...

    Народски кажано: Двајца се караат - трет користи.. Најупоростено но веројатно и најреално тоа го објаснува една од епизодите на една постара (1992) босанска хумористична емисија: Топ Листа Надреалиста.

    Од таквите немили настани сите народи би требало да извлечат поука дека национализмот, возгордеаниот патриотизам, славењето на насилството и оружјето низ учебници по историја, спорт и музика дава само погубно резултати поради кои на крајот сите страдаат.
     
    Последна измена: 9 јануари 2019
    На Tanjamm, LollySky и The_boy им се допаѓа ова.
  3. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Многу е покомплицирано од она што ни го сервираат медиумите. Инаку секоја војна има силувања, убиства и ред други неубави работи. За време на Втората светска војна убиени се повеќе кинези одколку евреи ама ние учиме само за евреите и ги сожалуваме. Исто и во овие војни. Никаде нема официјално да прочиташ дека на страната на Босна се бореа терористи од арапските земји. Србија беше бомбардирана од страна на нато во име на демократијата.. Кај што има сила нема правда не заборавај, така да вистината е поинаква од она што го гледаме на телевизија.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.324
    Eve naucna pomos.
    Knigata e mnogu realna I ne faka niedna strana.
    Izdanie 2018 god.

    Mene epten mi se dopadna :!:

    Ko voli nek izvoli

    [​IMG]
     
    На LollySky, daylight и dayla им се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Војни ко војни, сиромашните војуваат за богатите...тоа е!
    Имаш литература еден тон.
     
  6. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.863
    Пол:
    Машки
    Војните беа со цел да се растури федерацијата. На големите сили не им одговараше да постои една силна држава во овој регион затоа ја растурија со помош на политика. Убаво рекле раздели па владеј.
     
    На LollySky и Amellie13 им се допаѓа ова.
  7. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Politikite i slucuvanjata nema da gi komentiram. Ne sakam i ne diskutiram nikogas politika. Vojna ko vojna, kaj i da e se znae koj strada, obicniot siromasen národ.
    Drugo nesto sakam da kazam. Mi "zapna"sto vikas ti e odbivno da ja posetis. Sakam da ti raskazam před nekoi 6-7 godini imav prilika preku rabotata vo poveke navrati da prestojuvam vo Bosna ( vo razlicni gradovi) i da se druzam i sorabotuvam so mladi i postari od site tri narodí. Kako da ti kazam. Toa se luge napateni i namaceni. Sekoj ima izgubeno bliski vo vojnata. Seuste vojnata e tema. Site gi ima obelezano. Celá generacija obelezana. A od druga strana priemciv i pozitiven národ. Vo nitu eden moment ne se osetiv neprifateno, naprotiv. Nekako slicni opstestva i slicni narodi sme. Siromasni, optereteni so osnovni egzistencijalni problemi, a politikata máma ni e*ava, da mi prostis na izraz.
     
    На Amelia, Tanjamm, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    УЖАС КОЈ СЕУШТЕ НИ СТОИ ПОД ТЕПИХ.....!
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.997
    Допаѓања:
    11.117
    Го најдов и тој податок за муџахедините од Ирак, Саудиска Арабија кои дошле да ги бранат своите браќа во Босна. Ова фрла друго светло за муслиманите во Босна. Пред ова да го читам, мислев дека биле јадни, но сепак и тие не биле светци. И тие силувале 8 мажи една жена, што е одвратно. Тепале српско дете со посебни потреби нарекувајќи го четник. Тие рани нема да се залечат со векови. Никогаш нема да се залечат можеби.
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.997
    Допаѓања:
    11.117
    Те разбирам. Но, постои нетрпеливост иако ние не ја гледаме. Пред неколку години во Скопје кај мене на работа колешка донесе две девојки од Босна, едната муслиманка, другата Србинка. Ние мислиме дека се е ок, но еве денеска се слави Денот на Република Српска, а муслиманите бојкотираат и негодуваат. Сепак нешто не штима и неке да е сјајно, тоест напнато е. Неодмана Хрватите бараа плус некои права, а Бакир Изетбеговиќ им се закани дека ако продолжат тие права да ги бараат, ќе има војна. Ако по такви масакри, и по толку многу години слабата страна се заканува со војна, што да кажам?
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Кратко видео од истиот автор (Ноам Чомски) на истата тема:

     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.997
    Допаѓања:
    11.117
    Според мене мешаноста на земјата, религиска и национална довела до раскол. Такви општества тешко до мир и стабилност. Тоа го имаше пишано некој од членовите овде на форумот, во сосема друга тема. И во Хрватска имаше војна, удрија и на Словенија, но помина полесно, по безболно од Босна. Босна била крв до колена, од се она што читав и гледав морници да го лазат човек. Пишав дека одбивност создава тоа макар и како турист таму да се отиде, во смисла ми се јавува во глава прашањето „Па што таму ќе видам? Зошто да одам? Тоа ли е некоја земја?“. Такви некои идеи. Спомена некој од феминките погоре, мирни и фини луѓе, не се мирни, ниту фини што такви злосторства вршеле сите три народи. И ние имавме војна во 2001 година, па не тргнавме да убиваме, силуваме жени, деца, да сечеме делови од нечии тела, и што уште не. Многу лошо. Мирни се оти мораат да бидат, под мониторинг се како жариште на западните сили. Имаат и претставник од ЕП кој ги контролира нивните политичари.
     
  13. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Темата ми е ужасна посебно Босна и тоа што се случувало во жолтата куќа, ужас.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.068
    Пол:
    Женски
    Sekoja vojna e bolna. Ne samo na teritorija na Jugoslavija, tuku sekade vo svetot . Nevini lugje ginat, dodeka bogatite i vinovnite stojat na strana i si gi krojat rabotite kako niv im odgovara.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Интересна тема...
    Кој сака да му е појасно,ова е документарец од BBC во 6 дела.Фантастичен опис,со интервјуа од сите главни актери.

    Инаку сметам дека војните,само по себе се ужас.Се препукуваа интереси тука.Словенија со малку затегната ситуација,успева да се извлечи.Македонија,мислам дека е добро што не дошло до војна.Знам дека сето оружје го предале на ЈНА,иако според договор,доколку Федерацијата се распадне,одреден процент требало да остане.Денес,Хрватска е стабилна,за разлика од Босна.Во Босна живееле 3 народи отсекогаш,и самите тензии кои се створиле,и ден денес не им даваат мир.После,Босна се уште опстојува со Дејтноскиот мировен договор,како устав.Сметам дека е зрело времето да си донесат свој устав,со правна гаранција на правата и еднаквоста на сите.Она што им се случуваше беше катастрофално.Верувам дека уште долго ќе има препукување кој бил виновен,кој не.Има жртви,има масовни гробници,оштетени,исчезнати.Тоа се лузни што лесно не се залечуваат.Дали во иднина ќе има некој одговорен,ќе видиме.Можам само да кажам дека и голем дел од војниците во ЈНА,извршувале злосторства по наредба.И дека ако паднеле во заробеништво кај другата страна,ни тие не биле помалку сурови.Доволен факт,им корнеле нокти :puke: Не би навлегувала во тие детали повеќе.Голем број на луѓе се денес психички лабилни,само од стравот и ужаст што го виделе.Што правеле ОН,не знам навистина.Т.е. имаше еден добар филм,работен по вистинска случка,како ОН и Унпрофор,во тоа време,во Босна,наместо во мировна мисија,развиваат бизнис на трговја со луѓе.
    Специфичен случај и за Меѓународното право.Сепак,поразително е тоа што,одлуките се носеле на маса,а страдале цивили,за нечии болни идеи.Фактот што секако не се оправдува воената агресија,е тоа што во Уставот на ФНРЈ било превидено отцепување,и никој не смеел да го прекрши тоа право на државата.Ама политиката е страшна работа,ако не знаеш да играш,последиците се катасторфални.Успеа преку ноќ засекогаш да ги скара луѓето,кои до тогаш живееле во мир.
    Не сум против мултиетнички општества,барем не против оние кои се формирале и опстојуваат на еден т.н. „природен“ начин (без наметната одлука да живеат заедно,без присила,соживот а не паралелизам),како што е случајот во Босна.Она што нив војната им го направи,е дезинтегритет на една хармонија.
    Тука би се осврнала и на бомбардирањето на Србија.Последиците ги знаеме,бројот на заболени од канцер во регионот,во голема мерка се должи на ураниумот кој го користеа.Преголемата моќ на САД,никогаш не ги доведе во положба да одговараат за повреда на Меѓународното хуманитарно право.Само ќе кажам дека легитимноста на нивниот напад,до ден денес,не е оправдана со цврсти факти.Просторот за сомнеж постои,и дали некогаш ќе се изведе пред суд одговорниот,прашање е.Генерално ние сме оштетени,здравствено.Настрана од другите последици.
    И Македонија не е сјајна ситуацијата,го влечеме Конфликтот со нас 18 години.Сметам дека тоа е последица директно излезена од кризата која настана со распадот на ФНРЈ.
     
    На Tanjamm и Rama им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.997
    Допаѓања:
    11.117
    Сега гледав видеа, џихадисти викаат Алах акбар и фрлаат бомби на Хрвати. Лошо, леле.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.941
    Допаѓања:
    14.002
    Пол:
    Женски
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.997
    Допаѓања:
    11.117
    Но, и Алија Избетбеговиќ според мене има голема вина за војната. Ако знаеш дека во земјата имаш едно малцинство од 30% и друго од 15%, не можеш да се силиш. Тие малцинства си имаат поддршка од нивните матични земји. Жално за народот. Партал ги направија на пазар во Сараево, ги товараат мртви во приколка. Тоа се случило на денешен ден. Страшно.
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.997
    Допаѓања:
    11.117
    Го гледав и филмот на Анџелина Џоли „Во земјата на крвта и медот“, каде Србин и муслиманка имаат врска, таа е во логор, ја тепаат, силуваат, тој ја штити колку може и на крај тој ја убива затоа што црквата каде отиде експлодираше, за што сметаше дека го издала. Дали го издала на нејзините или не, остана нејасно за гледачите. Морничав филм. Страшен.
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Добар текст на DW (Дојче Веле) за антивоените протести при распадот на Југославија 1991 година и како тие, и покрај војната што се одиграла спречиле уште поголемо крвопролевање:

    Сеќавање на антивоениот отпор во Србија: Ние не молчевме

    Властите се обидувале индиректно да ја исчистат етнички Војводина (сојузна автономна покраина во рамките на Србија) од етнички унгарци, русини(не руси), хрвати и тн. на кои масовно им врачуваа повици за ЈНА лажејќи ги дека се работи за вежба, а всушност да одат да гинат во борбите во Хрватска.