Кога Бог ви зема нешто од вашите раце, и ве остава со празни раце,нека не ви биде тешко, бидејќи тој сака да бидете спремни, да примите нешто подобро.
Подобро да се каеш за нешто што си направил, отколку за нешто што никогаш не си направил! Светот е таков каков што мене ми се чини, но не значи дека не е таков каков што тебе ти се чини...
Не треба да му се верува на човек што е вљубен, пијан или се кандидира за нешто. Никогаш немој да го сакаш оној што те третира како да си обичен. Шекспир рекол: "Секогаш се чувствувам среќен. Знаеш ли зошто? Зашто не чекам ништо од никого. Да чекаш секогаш боли. Животот е краток. Затоа сакај го животот, биди среќен и секогаш смеј се. Живеј за себе и запомни - пред да зборуваш - слушај, пред да пишуваш - мисли, пред да повредиш - чувствувај, пред да мразиш - сакај, пред да се предадеш - обиди се! пред да умреш - Живеј!
* Дури и патот од илјада километри започнува со првиот чекор. * Најдобрите работи во животот се бесплатни. * Ние мора да сме онаа промена која сакаме да ја видиме во светот. * Ако тоа што го правиш вреди да се прави, тогаш вреди да го направиш што подобро.
..Да САКАШ е добро... ...Да бидеш САКАН е подобро... ...Да САКАШ и да бидеш САКАН е најдобро.. Небитно е колку од вашето време е потрошено...туку како ќе го потрошите онаа што ви преостанало... Најубавата средба е со некој кој може да ве однесе насекаде, без да допира ништо, освен вашето срце.
Четирите свеќи полека гореа. Беше тишина и можеше да се слушне нивниот разговор.Првата свеќа рече: ‘‘ЈАС СУМ МИР. ЗА ЖАЛ, ЛУЃЕТО НЕ УСПЕВААТ ДА МЕ ДОЧУВААТ, ЈАС ЌЕ ЗГАСНАМ.‘‘ И веднаш се угаси. ... Втората свеќа рече: ‘‘ЈАС СУМ ВЕРАТА.ЗА ЖАЛ, МНОГУ ЛУЃЕ ИМААТ ПОВРШНИ СВАЌАЊА ЗА МЕНЕ И ЈАС НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРАМ. НЕМА СМИСЛА ДА ГОРАМ И ПОНАТАМУ.‘‘ Само што го изговори тоа, задува тих ветар и ја угаси. Третата свеќа тажно проговори: ‘‘ЈАС СУМ ЉУБОВ.НЕМАМ ПОВЕЌЕ СИЛА ВО МЕНЕ. ЛУЃЕТО ЗАБОРАВААТ НА МЕНЕ И НА ТОА КОЛКУ СУМ ИМ ПОТРЕБНА.ТИЕ НЕ ГИ САКААТ НИ СВОИТЕ НАЈБЛИСКИ.‘‘ И без колебање се изгасна. ‘‘Што е ова?‘‘запраша детето... -‘‘Па вие требаше да горите до крајот.‘‘ - велејќи го ова детето заплака. Тогаш проговори четвртата свеќа: ‘‘НЕМОЈ ДА СЕ ПЛАШИШ, ДОДЕКА ЈАС ГОРАМ, ЌЕ МОЖЕМЕ ДА ГИ ЗАПАЛИМЕ ОСТАНАТИТЕ 3 СВЕЌИ.ЈАС СУМ НАДЕЖТА. На детето му заблескаја очите од радост додека со запалената свеќа го враќаше светлото на угасените свеќи
When people start getting resentful, hating people who are successful, they are going to have problems in their own lives.
Поучен текст Кој сум јас? - едно момче запрашало некој старец. Ти си тоа што го мислиш, му одговорил старецот. Ќе ти раскажам една приказна и ќе ме разбереш што сакам да ти кажам, додал старецот. Еден ден, покрај градските ѕидини во полумрак можеле да се видат двајца како се прегрнуваат. - Тоа се мама и тато - мисли невиното дете. - Тоа се љубовници - мисли човекот со расипана фантазија. - Тоа се двајца пријатели кои одамна не се виделе - ќе помисли човекот кој живее сам. - Тоа се двајца трговци кои склопиле добра зделка - мисли човек алчен за пари. - Тоа е татко кој го прегрнува својот син кој се вратил од војна - мисли чувствивелната жена. - Тоа е ќерка која го прегрнува својот татко кој се вратил од пат - ќе помисли ожалостениот заради својата ќерка. - Тоа се заљубени - мисли девојката која сонува за љубов. - Тоа се двајца кои се борат до смрт - ќе помисли убиецот. - Којзнае зошто се прегрнуваат - мисли бесчувствителниот човек. - Колку е убаво да видиш двајца како се прегрнуваат - мисли Божји човек. Секој мисли нешто во зависност од тоа што е и што носи во себе, заклучил старецот на крајот.
Се што сакаш другите луѓе да ти прават, прави им и ти на нив Поедноставно од ова нема во право била личноста која го кажала ова и за која се водат многу дебати познато е ова, како и личноста која го кажала.
Користи ја својата насмевка за да го промениш светот, не дозволувај светот да ја промени твојата насмевка.
Најди време да бидеш љубезен- тоа е патот до среќата. Најди време да сонуваш- тоа е патот до ѕвездите. Најди време да сакаш и да бидеш сакан- тоа е привилегија на боговите. Најди време да погледнеш околу себе- денот е премногу краток за да се биде себичен. Најди време да се смееш- тоа е музика на душата. Кога оној кому му зборуваме не разбира, а оној што зборува и самиот не сваќа што зборува, тогаш тоа е метафизика.