Quotes, интересни поговорки

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Fearless, 13 октомври 2010.

  1. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Некои луѓе знаат се, и нажалост тоа е се што знаат.
     
    На Unica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    3.742
    Голем е човекот што подава рака, а за возврат не очекува ништо друго освен фала...
     
    На Adi888, Chocoholic.girl, RIRIFENTY и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Правејки лошо на другите, човек истовремено си наштетува и на себе си.
     
    На IvanaMkd и RIRIFENTY им се допаѓа ова.
  4. Chocoholic.girl

    Chocoholic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    39
    Целта ги оправдува средствата, ама ниедна цел не може да биде толку возвишена за да ги оправда нечесните намери. - Ајнштајн
     
  5. RIRIFENTY

    RIRIFENTY Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    If you love somebody, let them go, for if they return, they were always yours. And if they don't, they never were.
     
    На Adi888 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  6. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе брзо доаѓаат во нашиот зивот, и брзо си одат од него...

    Некои луѓе ни стануваат пријатели и долго се присутни во нашиот зивот...

    Оставаат убави траги во нашите срца...

    И никогаш повеке не сме такви какви што сме биле, затоа што сме запознале добар
    пријател!!!!

    Вчера е историја. Утре е неизвесност. Денес е подарок.

    Затоа се вика сегашност, животот е нешто посебно, живеј го и уживај во него, во
    секој момент!!!!

    И не заборавајте дека сите ние сме гости на овој свет.
     
  7. RIRIFENTY

    RIRIFENTY Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    "Biti pametan znači razlikovati istine koje treba reći od onih koje treba prećutati."
     
  8. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Денес некој седи под сенка, бидејќи пред многу време некој друг му посадил дрво.
     
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Прави го на другите она што тебе сакаш да ти го прават.
    Не го прави на другите она што за себе не го сакаш.
     
  10. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Некогаш, треба да паднеш од планината за да размислиш поради што се искачуваш. Пречките се ставени на нашиот пат за да видиме дали она што го посакуваме е навистина вредно да се бориме за него. Од секоја рана останува лузна, а секоја лузна има своја приказна. Приказна која вели "Бев длабоко ранет, но преживеав."

    Секогаш моли го Бог за она што го заслужуваш, а не за она што го посакуваш. Зашто твоите желби можеби се малку на број, а всушност заслужуваш многу повеќе...
     
    На Serafima и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  11. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.479
    [​IMG]
     
    На RIRIFENTY, Serafima, IvanaMkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Храбриот човек обично страда без да се жали, а слабиот се жали иако не страда.
     
    На angel92, Annie.mk1, Meggy и 3 други им се допаѓа ова.
  13. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    We can sell our time, but we can't buy it back again.
     
    На angel92 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Да немавме проблеми, никогаш не би научиле да бидеме силни. Да не моравме да се бориме, никогаш не би научиле да бидеме прилагодливи. Да не доживеавме доцнења, никогаш не би се научиле на трпение. Да не наидувавме на отпор, никогаш не би се научиле на сочување. Да не сме искусиле безнадежност, никогаш не би се научиле на вера. Да не моравме да страдаме, никогаш не би се научиле на сомилост.
     
    На Gordana10 и julie77 им се допаѓа ова.
  15. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.479
    If you want to succeed in your life, kill the emotions and let your brain work! :!:
     
    На ViktorijaMari, Ordinary и smiley-94 им се допаѓа ова.
  16. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Времето одлучува кого ќе сретнете во животот, вашето срце одлучува кого сакате во вашиот живот, но вашето однесување одлучува кој ќе остане во вашиот живот!
     
  17. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    Луѓето кои мразат, тоа се најпрво глупавите, потоа страшливите, но никогаш хероите.

    Молчењето е украс на паметниот, а маска на глупавиот.

    Среќата е задоволство на духот.

    Вечноста на човекот е во љубовта.

    Се додека е љубен, човекот останува млад.

    Љубовта не е чудо но прави чуда.

    Љубовта е среќа која си ја даваме еден на друг.

    Големите срца сакаат, малите бараат да бидат сакани.

    Оној кој не умее да сака, мора да научи да ласка.
    -Тој се ожени со неа затоа што ја љубеше. Таа го љубеше затоа што се ожени со неа.
    Пол Јан

    - Кој може да управува една жена, тој може да управува и цел народ.
    Балзак

    - Светот им заповеда на жените, ние му заповедаме на светот, жените ни заповеаат нам.
    Катон

    - Ние сме, госпоѓо, толку близу до небото. Вие затоа што сте убава, јас затоа што сум стар.
    Виктор Иго

    - Кога не би постоеле жените дијамантот би бил обично камче.
    Виктор Игоp

    - Идеална е онаа жена која, иако ви е верна, ве опкружува со толкаво внимание и љубезност како да сте и` љубовник.
    Марсел Ашар

    - За се` има граница, која е опасно да се пречекори, зашто ако ја пречекориш не можеш веќе назад.
    Достоевски

    - Ништо не е поскапо од нешто што мора да се купи со молби.
    Кристофер Леман

    - Маж што успеал во животот - тоа е човек што може да заработи повеќе отколку неговата сопруга може да потроши.
    Жена што успеала во животот - тоа е онаа жена на која и` пошло од рака да си најде таков сопруг.
    Саша Гитри

    Не е битно тоа што го правиш од време на време, туку она што го правиш ден по ден. "
    Џени Крег

    Можеш да имаш сè што ќе посакаш ако го посакуваш тоа доволно силно. Мораш да го посакуваш тоа со ентузијазам што се пробива низ кожата и се спојува со енергијата што го создала светот. "Шила Греам

    Три работи возрасните во секое време можат да научат од децата: да бидат среќни без причина, секогаш да бидат зафатени со нешто и да знаат да го бараат, со сите свои сили, она што го посакуваат

    Можеш да имаш сè што ќе посакаш ако го посакуваш тоа доволно силно.

    Мораш да го посакуваш тоа со ентузијазам што се пробива низ кожата и се спојува со енергијата што го создала светот. "
    Шила Греам

    Наградата за добриот живот не е во иднината, туку во сегашноста. Сега правиш добро - и сега ти е добро.
    А кога постапуваш добро и последиците мора да бидат добри.
    Лав Толстој .

    Најголема казна за лажливецот е да не му се верува ни кога ја зборува вистината. - Талмуд ..

    Не плаши се од растојанието помеѓу твоите соништа и реалноста. Ако можеш да сонуваш за нешто, можеш и да го направиш тоа. "

    На светот има толку многу за сите нас само ако имаме очи да го видиме тоа, срце да го сакаме и рака да го собереме. "Луси Мод Монтгомери

    Во борбата помеѓу лагата и вистината, лагата ја добива првата битка, а вистината последната. "Муџибур Рахман


    Кога ќе ви се затворат сите златни порти,кога ќе ја загубите вербата во бог,тогаш ќе сфатите дека се што имате во овој свет сте самите вие и ќе станете посилни од било кога бидејќи знаете дека сте единствениот играч и можете да верувате во себе!"

    Од соништата се направени скапоцените и трајни работи чија убавина продолжува да живее и не бледнее. -
    Вирна Шиард

    Не постои човек кој станал мудрец одејќи на училиште. Мудроста на животот е самиот живот

    Животот кој ни го дала природата е кус,но сеќавањето на добро проживеаниот живот е вечно.Цицерон

    И од секогаш важеше дека љубовта не ја познава сопствената длабочина додека не дојде часот на разделбата

    Не губи надеж. Кога сонцето ќе зајде се раѓаат ѕвездите.

    Немој да стигнеш до крајот на својот живот само за да откриеш дека не си живеел. Зашто многумина стигнуваат до моментот на заминување и кога ќе погледнат наназад ги гледаат радоста и убавината кои не можеа да бидат нивни, поради стравовите што ги имаа.Клиарвотер

    Не се враќај назад ,не брзај напред. Препушти се на она што е тука и сега. Живеј во сегашноста и надевај се на идното

    Надежта е мостот што нé води подалеку од губитокот и неуспехот. -
    Шарлота Греј

    Ако некогаш на животниот пат паднеш, стани, истреси ја прашината од неуспехот и продолжи понатаму, затоа што не губат оние што паднале, туку оние кои останале да лежат

    Ако при секоја пријателска услуга веднаш помислиш
    на благодарност, тогаш ништо не си дарувал - си продал. Достоевски
    Младоста е радост на животот; радоста е вечната младост на духот. – Ниево
    Не почнувајте да лажете, бидејќи засекогаш можете да го изгубите чуството за вистина. – Девондел
    Тајната на успехот е навистина во постојаноста на намерата. –Дизраели
    Вистинскиот успех се постигнува со една единствена добра карактеристика: искрената скромност. – Де Сика
    Чудно е колку малку е поитребно да бидеме среќни, но уште почудно колку често токму тоа малку ни недостасува! - Иво Андриќ
    Најсреќен е оној човек кој направил среќни други луѓе! –Дидро
    Вистинската тајна на среќата е во тоа, многу да бараме од себеси, а многу малку од другите. Алберт Гордон
    Држи ја среќата како птица – што понежно и полесно! Ако се чуствува слободна, со задоволство ќе ти остане во раката. -Фридрих Хабел
    Како луѓето можеме да ги направиме среќни ако не ги направиме морални и мудри ?! –Кант
    Кон среќата треба да се однесуваме како кон здравјето: да уживаме во неа додека е добра и да бидеме стрпливи кога е лоша. -Ла Рошфуко
    Немаме право да уживаме во среќата ако не ја делиме со другите, токму како ни во богатството ако и за другите не го произведуваме. – Бернар Шо
    Прави го тоа со што ќе станеш достоинствен за да бидеш среќен. –Кант
    Слободата е независност, среќата е зависност од илјада ситни ситници. –Исидора Секулиќ
    Среќен е мудриот човек, бидејќи во него се соединуваат доброто здравје, доброто срце и средениот образуван дух. – Мантегаца
    Убавината е верување во среќата. – Стендал
    Човечката убавина трае онолку колку што човекот умее да ужива во неа. –Чернишевски
    Оној кој самиот себе се лаже,најлесно се навредува. –Достоевски
    Незнаењето е поблиску до вистината отколку предрасудите. – Дидро
    Кога вистината ке почне да се движи, ништо не може да ја запре. -Емил Зола
    Најдобар знак за вистината е едноставноста и јасноста. Лагата секогаш е замрсена, накитена и речита. –Толстој
    Ниту во староста не сме заштитени од љубовта, бидејќи љубовта ни обезбедува поубава старост. -Андрија Грозбергер
    Добрината е мудрост, а можеби и највисока мудрост. Луѓето не се добри само затоа што се мудри, туку се и мудри затоа што се добри. –Лорка
    Лесно е да се биде паметен за другите, отколку за самиот себе. – Ла Рошфуко
    Нема лудило од кое човек не може да се извлече, освен од суетата. -Жан Жак Русо
    Не е тешко да се биде добар, тешко е да се биде праведен. –Виктор Иго
    Пријателството е една душа од две тела. –Аристотел
    Пролетта е време на љубов. Затоа на среќните целиот живот им е пролет. -Емил Зола
    Голема е силата на човекот кој умее да премолчи и тогаш кога е во право. –Катон
    Не прави на друг она што несакаш другите да ти го прават тебе. –Конфучие
    Се може да се биде, најтешко е човек да се биде.
    Способноста за отстапки човекот го прави благороден.
    Големината е во тоа, кога незнаеш нешто да си признаеш, дури тогаш почнуваш да учиш.
    Искреноста е увереност дека ја зборуваме вистината.
    Добрите луѓе се среќа на овој свет.
    Човекот треба да се врзе со пријателство и љубов.
    Паметниот човек дозволува да го лажат, но не и да го излажат.
    Добриот карактер повеќе вреди отколку убавото лице.
    Оној кој зборува само убави зборови има лош карактер.
    Само големиот човек си ги признава грешките.
    Оној кој сака непрекинато да биде среќен, треба често да се менува.
    Бидете среќни каде и да сте, не постои пат до среќата, среќата е пат.
    Ако не си среќен со она што го имаш, нема да бидеш среќен и кога ќе имаш повеќе.
    Без причина човек може да се насмее, но не и да заплаче.
    Реката се запознава со пливање, а човекот во разговор.
    Капка вода која ќе падне на вжештено железо, ќе испари. Истата капка, ако падне на цвет, ќе стане какоп мониста, а ако падне на школка, ќе стане бисер! – така и човекот, станува она со што ќе се здружи.
    Човекот може се, само ако сака.
    Не е страшно, ако она што треба да го направиме денес, го одложиме за утре, страшно е, ако тоа не го направиме ни утре.
    Човекот не се мери со лакти, туку со памет.
    Не е срамота да не знаеш, срамота е да не дознаеш.
    Не е срамота да паднеш, срамота е да не станеш.
    Голема вештина е да умееш да разговараш со човек.

    Лош леб и лоша мајка нема.
    Само мајчината љубов е безусловна.
    Љубовта на мајката не старее.
    Почитувај, ќе бидеш безгрижен.
    Ако сакаш да леташ, мораш да се ослободиш од сра*ата кои те влечат надолу – Тони Морисон
    Секој човек се врти кон сопствената смрт, носејќи во рацете само она што им го дал на другите – Персиска изрека
    Целокупниот напредок на човештвото се случува само затоа што одредени луѓе се одлучиле да бидат поинакви – Хери Милнер
    Морате да ги правите само оние работи кои просечните луѓе не ги разбираат, затоа што единствено тоа се добри работи – Енди Ворхол
    Оној кој ја препушта душата на лутањето на сетилата, наскоро ќе го види својот ум фрлен како брод однесен од ветрот на површината – Бхагавад Гита
    Надежта дефинитивно не е исто што и оптимизмот. Тоа не е уверување дека нешто ќе испадне добро, туку наша потполна убеденост дека нешто има смисла, без оглед на тоа како испаднало на крај – Вацлав Хавел
    Никогаш не е доцна да бидеш она што си можел да бидеш – Џорџ Елиот
    Понекогаш мислиме дека сиромаштија е само да се биде гладен, гол и без покрив над главата. Но, да се биде непосакуван, без волја и да немате никој кој се грижи за вас – тоа е најголемата сиромаштија. За да се излечите од истата, мора да започнете од сопствените домови – Мајка Тереза
    Судбината е за губитници. Тоа е само глупав изговор да чекаш работите да се случат сами по себе, наместо самиот да ги создаваш – Блер Волдорф
    Мислите дека сте заљубени? Не, вие сте заљубени во идеалите за одредена особа...однапред создадени идеали, диктирани од надежта. Така и се одљубувате. Само вашата надеж мора да се промени. – Антони де Мело
    - Животот е нешто што се случува додека сте зафатени и правите планови за други работи.

    - Ако уживате додека го трошите времето, тогаш тоа време не е залудно потрошено.

    - Постојат две главни мотивациски сили: страв и љубов. Кога се плашиме, се оддалечуваме од животот. Кога сме заљубени, се отвораме кон сè она што ни носи животот. Важно е прво да научиме да се сакаме себе си. Ако не знаеме да се сакаме себе си, не можат да не сакаат ни другите. Еволуцијата и надежта за подобар свет тргнува од тоа дека не смееме да се плашиме да го живееме животот со полн здив.

    - Верувам во сè, сè додека некој не ми го докаже спротивното. Верувам и во самовили, митови и змаеви. Сето ова постои макар само во нашиот ум. Кој е тој кој може да ни каже што се сништа, а што реалност?

    - Сметајте ја својата старост според бројот на пријатели, а не години.

    - Кога секој човек би го посакувал мирот онолку колку што посакува нов телевизор, во светот би владеел мир.

    - Ако некој мисли дека мирот и љубовта се недостижни, тогаш тој е во потполна заблуда. Љубовта и мирот се вечни.

    - Кога имав пет години, мајка ми секогаш ми зборуваше дека клучот на животот лежи во срцето. Кога тргнав на училиште, ме прашаа што сакам да бидам кога ќе пораснам. Напишав „среќен“. Ми рекоа дека не сум ја сфатил поентата на задачата, а јас им одговорив дека тие не ја сфатиле поентата на животот.

    - Верувам во Бога, но не верувам дека тој е едно суштество, долгобрадиот старец на небото. Верувам дека е она што луѓето го нарекуваат Бог во сите нас. Верувам дека Исус, Мухамед, Буда и сите останати биле потполно во право. Погрешиле само луѓето кои ги превеле и толкувале нивните пораки.
    1. Лесно може да му простите на дете кое се плаши од темнина. Вистинска трагедија во животот се луѓето кои се плашат од светлината – Платон.

    2. Ако човек не мисли на проблемите кои му се чинат далечни, ќе биде полн со грижи кога истите ќе му се приближат – Конфучие.

    3. Зборот кој си го задржал за себе е твој роб. Зборот кој си го изговорил е твој господар – Арапска мудрост.

    4. Немој да настојуваш да одиш по стапките на мудрите луѓе, настојувај да одиш по оние по кои и тие оделе – Башо.

    5. Најдобар војник е оној кој успева да го преобрати непријателот во пријател – Коелјо.

    6. Човекот е најмалку свој кога зборува за себе. Дајте му маска и ќе ви ја каже вистината – Оскар Вајлд.

    7. Зборувај разумно со будала, и тој ќе те смета тебе за будала – Еврипид.

    8. Ниту една личност на светот не ги заслужува твоите солзи, а онаа која можеби и би ги заслужила, никогаш нема да те расплака – Габриел Гарсија Маркес.

    9. Немој да се бориш против нешто старо, бори се за нешто ново – Ошо.

    10. Најдобро ќе го процените човекот според она што го прави баш случајно и несвесно, а не по она кое го прави промислено и намерно – Јован Дучиќ.
    1. Ако си трпелив во моментот на лутина, ќе избегнеш сто денови тага.

    2. И убавите цветови, убави се само некое време.

    3. Еден разговор со мудар човек вреди повеќе од месеци учење од книга.



    4. Кога веќе еднаш ќе ги изговорите, ниту најбрзиот коњ не може да ги стигне вашите зборови.

    5. Кој ја бара вистината, мора да знае и како да ја поднесе.

    6. Мудриот човек сам донесува одлуки, будалата го прифаќа јавното мислење.

    7. Неколку чаши вино се причина за голем број важни зделки.

    8. Животот е само мост. Немој да градиш куќа на мостот.

    9. Во моментите на успех, не ги заборавај своите неуспеси.

    10. Подобро запалете светло отколку да ја проколнувате темнината.

    11. Кога богатиот ќе стане сиромашен, тој станува учител.

    12. Кој има пари, има и пријатели.

    13. Парите често ги отстрануваат неприликите, но често и ги создаваат.

    14. Трпеливо издржи мала загуба и ќе бидеш поштеден од поголема.

    15. Учителот ви ги отвора вратите, но вие морате да учите сами.
    1. Можеме да го прифатиме конечното разочарување, но никогаш не смееме да ја загубиме бесконечната надеж – Мартин Лутер Кинг.

    2. Паднете седум пати, станете осмиот пат – јапонска изрека.

    3. Скапоцениот камен не може да се исполира без триење, човекот не може да стане совршен без проблемите – кинеска изрека.

    4. Најголемата убавина на светот е токму можноста да станеме секој пат кога ќе паднеме – Нелсон Мандела.

    5. Проблемите не се знаци кои велат стоп, туку знаци кои ни даваат насока каде да се движиме и како да продолжиме – индиска изрека.

    6. Просперитетот не доаѓа без стравови и падови, проблемите секогаш наоѓаат утеха и надеж – Френсис Бекон.

    Насмевнете се! Денес е нов ден!
    Еден дел од нашето време ни го крадат, добар дел ни го измамуваат, а делот што останува неприметно се губи “ - Сенека

    „ Во моралноста нема ништо божествено, таа е сосем човечка особина “ - Ајнштајн

    „ Секогаш имаме доволно време ако го користиме правилно “ - Гете

    „ Срцето има причини кои разумот не ги познава “ - Гете

    „ Страдањето создава болка само затоа што се плашиш од него. Те прогонува затоа што бегаш од него. Не мораш да бегаш, не мораш да се плашиш. Мораш само да сакаш. Значи, сакај го своето страдање. Немој да му се противиш, ниту да бегаш од него. Страдањето не е страдање ако ти не го направиш да биде такво.“ - Хесе

    „ Кога нашето пријателство би зависело од времето и просторот, тогаш, совладувајќи ги времето и просторот - би го уништиле нашето пријателство! Ако го совладаме просторот, ни останува само ТУКА. Ако го совладаме времето, ни останува само СЕГА. Зарем не мислиш дека на тој пат помеѓу ТУКА и СЕГА, сепак ќе се сретнуваме повремено?“ - Ричард Беч
    1. „Во животот си успеал тогаш кога сè што сакаш е сè што ти е потребно.“
    - Вернон Хауард
    2. „Животот е многу едноставен, но ние настојуваме да го направиме комплициран.“
    - Конфучие
    3. „Многумина од нас го губат половина од своето време посакувајќи работи кои би можеле да ги имаат кога не би го потрошиле половина од времето на посакување.“
    - Александар Вулкот
    4. „Успехот не треба да се мери според позицијата што некој ја постигнал во животот, туку според пречките кои успеал да ги надмине додека се обидувал да успее.“
    - Букер Т. Вашингтон
    5. „Има право да критикува оној кој има срце да помага.“
    - Абрахам Линколн
    6. „Најгорливата болка е да се препознаеме себеси како единствена причина за сите наши неволји.“
    - Софокле
    7. „Можете да одредите колку се луѓето самоуверени слушајќи го она што не го кажуваат за себе.“
    - Брајан Џ. Џет
    8. „Во средината на тешкотијата, лежи можноста“.
    - Алберт Ајнштајн
    9. „Мора да ја искористиме болката за да ја согориме како гориво за нашето патување.“
    - Мијазава Кенџи
    10. „Искуството е она што го добиваш кога не го добиваш она што го сакаш.“
    - Непознат автор
    11. „Не обвинувај никого. Не очекувај ништо. Прави нешто.“
    - Бил Парселс, мото на американскиот рагби тим Њујорк џајантс
    12. „Кога ќе слушнам некој како воздивнува со зборовите ‘Животот е тежок’, секогаш сум во искушение да прашам: ‘Во споредба со што’?
    - Сидни Херис
    13. „Губитникот никогаш не победува, а победникот никогаш не се откажува.“
    - Наполеон Хил
    Jazikot na zenite e mech.Tie nikogas ne go ostavaat da r`gjosa" - Lao Ce

    "Lugjeto sozdavaat dela,a zhenite lugje" - E.Birs

    "Koga pravite dobro,pravete go so radost" - Talmud

    "Svetot e edna golema pretstava.Nikoj ne moze da kaze koga ke zavrsi i nikoj ne go videl pocetokot. Umetnosta i umot treba da se vo sojuz so fantazijata,zosto covek moze se,samo ako saka." - Maksim Gorki

    „Кога жените не љубат, тие ни простуваат за се, дури и нашите криминални постапки; кога тие не не сакаат, не не наградуваат воопшто, дури ни за нашите ремек дела”

    Honore de Balzac

    „Љубовта прави времето да помине. Времето прави љубовта до помине”

    француска поговорка

    „Подобро е да љубиш и да изгубиш отколку никогаш да не љубиш”

    Saint Augustine

    „Пријателството понекогаш може да се претвори во љубов, но љубов во пријателство - никогаш”

    Charles Caleb Colton

    „Невозможно е да љубите и во исто време да бидете мудри”

    Francis Bacon

    „Мажите поминуваат години за да ја освојат жената која ја сакаат. Жените го поминуваат остатокот од животот за да го задржат мажот за себе.”

    Жената е кралица на светот, а роб на желбите. Жената спас или пропаст за семејството.“ - Balzac Amiel

    „Жените би биле многу попривлечни да може човек да им биде во прегратки,а без да им падне во раце.Со убава жена е опасно да се разговара затоа што секое движење на нејзиното лице изгледа како љубовна гримаса“ - A. Bierce Tommaseo

    „Мажот царува, жената владее. Жената која љуби искрено, не може да биде ниту злобна ниту неверна“ - P. Du Terrail Jokai

    „Едно влакно од женската коса влече посилно од сто волови. Жените повеќе сакаат да ги забавуваме, отколку да ги љубиме без да ги забавуваме“ - J. Howell Rieux

    „Мажите ги гледаат жените за да ги видат. Жените ги гледаат мажите за да бидат видени“ - J. Normand C. Nodier


    „Што се однесува до жените, најстрашно е тоа што не може да се живее ни со нив ни без нив. Она што ќе не привлече кон некоја жена, ретко не врзува за неа“ - Byron C. Collins

    „Нема ништо понеподносливо од богата жена. Никогаш не забележува што се прави за неа, туку само што не се прави“ - Juvenal Courteline

    „Мажот има своја волја, а жената свој начин. Само кукавиците се осмелуваат да навредат жена“ - Holmes Farquhar

    „Женската тага е како летна олуја - исто толку кратка како и силна“-J. Baillie


    „После цел час клеветење и оговарање на некоја трета, две жени мислат дека се најдобри другарки. Оние кои за жените зборуваат само убаво не ги познаваат доволно, а оние кои за нив зборуваат само лошо- не ги познаваат воопшто!“ - P. Courty G. Pigault-Lebrun

    „Мажите се причината поради која жените не се сакаат. Висината на културата се одредува по односот кон жената“ - La Bruyere Gorki

    „Оној кој не видел вљубена жена, не може да каже каква е. Во првата љубов жената го љуби мажот, а во сите следни - љубовта“- La Rochefoukauld
    Страдањето и гревот се надополнуваат како калапот и неговиот одлив. - Иво Андриќ

    Ако сте безработни немојте да останете сами, ако сте сами немојте да бидете безработни. - Семјуел Џонсон

    Верните ја познаваат само тривијалната страна на љубовта, неверните ги познаваат нејзините предрасуди. - Оскар Вајлд

    Секое писмо е многу страшно додека е затворено и додека не се знае што пишува во него! - Ивана Бриќ - Манурониќ
     
    На Meggy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Don't waste your time with explanations: people only hear what they want to hear.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Тешко е денес да бидеш ИСКРЕН! Да ги кажеш сите нешта кои те загушуваат, луѓето се менуваат како брзината на ветерот. Најчесто премолчуваш за да не повредиш некого за да на крајот тој некој те повреди тебе! Кога ќе те здоболи поставуваш граница, но повторно се залажуваш дека можеш некого да промениш, тој некој секогаш ќе остане ИСТ!
     
    На A-j-a, RIRIFENTY и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  20. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    You were my biggest mistake but yet my favorite lesson.

    The hardest part is watching you walk away knowing there is nothing I could do to make you turn around & change your mind.

    Don't be easy to get, because then you'll be easy to forget.

    Explaining why you love someone is like trying to explain what water tastes like.

    Never lie to someone who trusts you & Never trust someone who lies to you.
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.