Дури и ако мислите дека сè е загубено, обидете се уште еднаш! Подобро е да се запали една свеќа, отколку да се колне темнината.
Да ја наметнуваш својата вољата на другите е насилство, а да се наметнуваш самиот себе е кулминација на насилството. Лао-Це
Убавите жени никогаш не се сомневаат во својата интелигенција, но интелигентните жени секогаш се сомневаат во својата убавина.
На искрениот човек не му е потребна пофалба за неговата искреност од другите луѓе, а нити му е важна, а доколку му е важна, тогаш со тоа ја докажува својата неискреност. Аплаузот не е секогаш со добра намера.
Сакав да почнам од почеток Но кој почеток е ова… Милион и двестотиот? Нов почеток, а стари патеки, Нов почеток, а стари грешки, Нови правила во старо руво, Нови падежи на стари рани, Нов почеток… „Успехот е како ден после важен роденден, кога откривате дека сè останато е исто.“
"...Не е важно кој си во очите на другите, важно е кои сте во своите очи. Не е работата да ги правите другите среќни кога вие не сте... "
Се се менува: времињата се менуваат, луѓето се менуваат, случките се менуваат, статусот во општеството се менува, самото општество се менува. Се е Промена. Затоа е најубаво кога човек е на средина и оддржува баланс. Ниту премногу се радува ниту премногу тагува...
Секогаш и за се, постои казна и осуда. Но никој не може да те казни и осуди, заради чистата и вистинска љубов, заради доброто дело... Само за тоа, не постои на светот ни еден закон и ни една казна.