Небрзај! Затоа што избрзувањето секогаш доведува до каење... оној кој брза кога зборува, зборува пред да го разбери нештото, одговара пред да сфати, одлучува пред да провери, и куди пред да се увери!
Денешниот ден ни е даден како поклон,а утрешниот ден не ни е ветен,затоа не испуштајте ја шансата да му кажете некому колку ви значи.
Причината поради која мажите повеќе ја ценат убавината од интелигенцијата е затоа што во светот има многу повеќе глупави отколку слепи. De Vilmorin
Секој ден бидете благодарни за ноќите кои станаа утра,пријателите кои станаа семејство, соништата кои станаа реалност, и желбите кои станаа љубов!
Верноста апсолутно постои. Таа најдобро се гледа по оние жени кои се верни, изгледаат така искрено несреќни... Oscar Wilde
Секој ден обојте го во боите на љубовта,радоста,среќата,мирот,надежта,верата,здравјето и пријателството.
Се се случува со причина, луѓето се менуваат за ти да научиш да ги оставиш нештата да одат по својот тек. Нештата се расипуваат за да можеш да ги цениш кога биле во ред, и понекогаш добрите нешта се распаѓаат за да дојдат уште подобри...
Животот се дели на 4 дела: Сакање, Страдање, Борба и Победа. Тој што сака, страда; Тој што страда, се бори; а тој што се бори, победува!
Дијамантот останува дијамант и кога ќе падне в блато, а прашината останува прашина дури и до небо да се крене.
Додека се молела една жена ,запрашала: “Кој си Ти, Господе?“ Тој одговори: “ЈАС СУМ” “Но кој е ЈАС СУМ ?” рекла таа. А Тој одговори…”Јас сум Љубов, Јас сум Мир, Јас сум Милост, Јас сум Радост, Јас сум Патот,Вистината и Светлината, Јас сум Утешител, Јас сум Сила,Јас сум Сигурност, Јас сум Засолниште, Јас сум Моќ, Јас сум Создател, Јас сум Почеток и Крај, Јас сум Највозвишениот.” Жената со солзи во очите, lпогледна кон небото и рече: “Сега разбирам. Но Господе, Која сум јас?” Тогаш Бог нежно и ги избриша солзите од нејзините очи и прошепоти... ...“Ти си моја.”
Човекот е најмалку свој кога зборува за себе. Дајте му маска и ќе ви ја каже вистината. Понекогаш се прашуваме каде изчезнаа некои луѓе од нашите животи. Уште подобро прашање е: Дали некогаш и постоеле?!
Насмевката на моето лице, не значи дека мојот живот е совршен.Значи дека го ценам сето оноа што го имам, со кое Бог ме благословил.
Чувството на осаменост не се победува преку емотивната зависност од други личности , туку единствено преку вистинскиот контакт со себеси. Тоа пак се случува во моментот кога се ослободуваме од сите илузии кои ни даваат привидно чувство на сигурност. Од тој момент, ние повеќе никогаш не сме сами.