Кога некој е премногу сладок со вас, не очекувајте дека тој ќе биде таков постојано... И на најслатките чоколади им истекува рокот!
Верноста апсолутно постои. Тоа најдобро се гледа по оние жени кои се верни: изгледаат така искрено несреќни...
Кога немате никакво решение, знајте дека бог има секакво решение,верата гледа во невидливото,верува во неверојатното и го прима невозможното
Тропај, за да ти отворат. Викај, за да те слушнат. Барај, за да ти дадат. На крај ќе го добиеш она што го посакуваш. Зашто упорноста се исплаќа.
Тајната на среќен живот е да си помириш со минатото, да живееш во сегашноста и да не се преоптеретуваш со иднината.
Потребно е многу повеќе храброст да се откријат на виделина работите за кои не сме сигурни отколку што е потребно за да се скријат, повеќе сила за да се поврземе со луѓето одошто ни треба за да доминираме со нив, повеќе зрелост да се покоруваме на смислените начела отколку на слепиот рефлекс. Цврстината е во душата и во духот, а не во мускулите и во незрелиот ум. Алекс Карас
Не откажувајте се од искачувањето на врвот... биди среќен, иако е тежок тој пат! Удолницата е полесна за одење, но неподнослива... зошто да се биде долу е добро, но да се биде горе е уште подобро!
Бог знае како да го здобие вниманието на луѓето Пред многу години, си беше еден постар господин. Тој беше околу 80 кога јас бев тинејџер. Тој секогаш беше многу среќен и насмеан. Беше љубезен, мек и нежен. Тој имаше англиски акцент, и сакаше да го цитира Писмото. Кога и да го видев, ќе ме повикаше на пријателски начин и ќе цитираше стихови од писмото. Тој не знаеше за странци. Тој им беше пријател на сите. Еден ден, кога беше во неговите рани 90 ти, тој беше во авион за да оди да ги посети неговите роднини во друга држава. Тој седна до човек кој беше многу негативен и кисел. Овој човек имаше неодобрување за се што ќе речеше мојот пријател. Кога мојот пријател раскажуваше колку е благословен, човекот кажуваше колку е мизерен неговиот живот. Кога мојот пријател раскажуваше за семејството што го сакаше, човекот кажуваше како бил разведен и отуѓен од неговите деца. Кога мојот пријател раскажуваше за неговото здравје и за тоа како уште е добар во неговите 90, човекот раскажуваше како тој секогаш се чувствува уморно и нерасположено. Не можете да најдете по спротивни личности! Мојот пријател одлучи да не дозволи тој негативен и жалбен дух да влијае врз него. Откако позборуваа малку, човекот го извади својот весник, а мојот пријател неговата Библија и почна да ја чита. Кога човекот ја виде Библијата, почна да дава саркастични коментари. Кажуваше дека тој е атеист и дека не верува дека постои Бог. Но, мојот пријател не се вознемири. Не се расправаше. Тој остана мирен и ладнокрвен. Тој му кажа на човекот дека ќе се моли за него. Човекот се насмеа дури посаркастично и рече “ Ох, не си го губи времето.“ По еден час во летот, авионот удри во необична дупка во воздухот и почна да опаѓа илјадници метри во секунда. Се што не беше врзано почна да лебди, патниците, стјуардесите, храната, ташните. Се беше на таванот. Но, мојот пријател беше врзан со појасот, а човекот до него не беше. Кога погледна , го виде човекот на таванот запрепастен и исплашен до смрт! Првото нешто што го извика на мојот пријател беше: “Моли се ! Моли се!“ . Мојот пријател рече “ Не мислев дека веруваш во Бог “, Тој рече: “Сега верувам. Само моли се!“ Интересно беше кога се симна доле неколку секунди покасно, неговиот став целосно се измени. Тој го слушаше секој збор кој мојот пријател го изговараше. Интересно е како Бог секогаш има начин да го здобие вниманието на луѓето. Може си мислите дека ништо не се случува кај луѓето околу вас, но Бог делува. Како што вашата светлина свети, вие садите добро семе кое пушта корени. Продолжете да живеете најдобро. Продолжете да чекорите во љубов. Продолжете да верувате дека Бог делува зад сцена и бидете подготвени. Во вистинскиот момент, кога ќе дојде, ќе видите дека Бог делува силно во луѓето околу вас!