Можеш да направиш безброј сигурни чекори, но доволен е само еден непромислен чекор, за се да пропадне!
Во заслепената љубов никогаш не ти се останува без НЕГО. Како трн да си носиш в срце. И тогаш и својот живот не си го гледаш без неговиот. Не можеш ни да си замислиш дека го имаш. Како некој друг да живее со твоето тело. Останало проклетството: на секоја жена да и треба некој на кого ќе може постојано да мисли и да го чека.
Секој од нас што ќе помине подалеку од препреките, ќе ја знае разликата во животот од тој период па натаму.
Не почнувајте да лажете, бидејќи засекогаш можете да го изгубите чувството за вистина. Не можеш да одбереш како ќе умреш. Ниту кога. Можеш само да одлучиш како ќе живееш. Сега.
Роден сум кога други сакале, ќе умрам кога нема да сакам, затоа ќе живеам како што јас сакам! Има многу луѓе на светов, ама човекот е редок. Ако мислиш дека никој не го интересира дали си жив, пробај да пропуштиш неколку сметки.
Силата на омразата нема да те одведе никаде, но силата на проштевањето преку љубовта, ќе ти го измени животот на позитивен начин.
Кога сфатив дека имам право да се предомислам, да не им се допаѓам на другите, слободно да го кажувам своето мислење, да не се оправдувам, да не знам СЕ, да погрешам , и дека СИТЕ ги имаат истите права, тогаш е во ред. МНОГУ ПОЛЕСНО СЕ ЖИВЕЕ!
Дај ми неколку пријатели,кои ке ме сакаат таков каков што сум и секогаш осветлувај го мојот пат со светлината на надежта.А ако годините ми донесат немоќ пред да стигнам на дофат на дворецот од соништата,научи ме... да бидам благодарен што сум жив ,самракот нека ме најде спокоен.
Можеби не можам да го сменам светот околу себе ,но,мозам да го сменам начинот на кој го гледам светот. Сите жени во суштина се ангели, но ако им ги скршиш крилјата, почнуваат да летат на метла. За повеќето луѓе животот е како лошо време, ќе застанат и ќе почекаат да помине
Вреди да се живее за убавите нешта за кои знаеме дека постојат. Без разлика како поминал денешниот ден или каков ден ве очекува утре, секогаш имајте ги на ум овие неколку работи. Животот е само еден! * Постојат луѓе на кои ти си им целиот свет. * Секогаш имаш повеќе од една убава причина да се разбудиш наутро. * Твојата насмевка може да донесе радост на секој, дури и на оние на кои не им се допаѓаш. * Ти и твојата душа сте единствени, посебни... Засекогаш! * Памти ги комплиментите од другите. Секогаш ќе ти звучат убаво. * Има и такви кои те сакаат, а ти не знаеш ни дека постојат. * Во светот барем 15 души те сакаат на некаков начин. * Кога правиш грешки, знај, дека од тоа може да излезе нешто добро - Искуството! * Имаш прекрасни пријатели, оддели малку време за да им го кажеш тоа. * Секој ден некој помислува на тебе и не само еднаш.
Во еден роман има многу повеќе љубов, одколку во еден голем град! Кога ќе ти потонат сите бродови, сети се дека сеуште знаеш да пливаш !
... Затоа што таму каде што се љубиме никогаш не е мрак ... (преземено од книгата затоа што те љубам)