Подобро е да паднеш меѓу грабливци отколку меѓу ласкавци, бидејќи првите јадат мртви, додека другите јадат живи. Антистен
Понекогаш после разговорот со некои луѓе, човек чувствува потреба пријателски да помилува камен, да му се насмее на некое дрво и да му „симне капа“ на некое магаре.
Уметноста на бракот Добриот брак мора да се создаде. Во бракот малите нешта стануваат големи нешта. Во бракот никогаш не е прекасно да се држите за рака. Во бракот убаво е да си кажете Те Сакам барем еднаш во денот. Никогаш не заспивајте налутени. Имајте чувство на взаемни вредности и заеднички цели. Заеднички соочувајте се со светот. Формирајте круг на љубовта во кој ќе биде целата фамилија. Кажувајте зборови на благодарност и покажете благодарност на внимателен начин. Во бракот имајте способност за простување и заборавање. Во бракот давајте си место еден на друг за растење. Бракот е заедничка потрага за доброто и убавото. Не е само да се омажите за вистинската личност. Туку да бидете вистинскиот партнер.
Вистинските вредности не се промениле. Сеуште е најдобро да си искрен и чесен, да правиш колку што можеш повеќе од она што го имаш, да те усреќуваат малите задоволства и да имаш храброст кога нештата ќе тргнат наопаку. -Лора Ингалс Вајлдер
"Пред да реагираш, слушај. Пред да одговориш, мисли. Пред да потрошиш, заработи. Пред да критикуваш, почекај. Пред да се молиш, прости. Пред да се откажеш, обиди се
Запаметете... исто како што негативноста е заразна....и верата е заразна. ♥ ....Исто како што жалењето, обесхрабрувањето и киселиот изглед e заразен, така е и со позитивноста , надежта, верата. ♥ Еве го Kлучот: ♥ ♥ ♥ колку повеќе другите зборуваат за пораз, толку повеќе треба да зборувате за победа. ♥ Колку повеќе тие се жалат, толку повеќе давајте слава. ♥ Колку покисело изгледаат, толку посреќно треба вие да изгледате. ♥ Не дозволувајте другите да ве повлечат надоле. Наместо тоа, подигнете ги нив нагоре ♥
Убавите слики се развиваат од негативите во темната соба.Секогаш кога гледате темнина во вашиот живот значи дека Бог развива убава иднина за вас !
Никаде во светот нема доволно темнина за да може да ја изгасне светлината на една мала свеќа. Р. Алден
Не ме повредува раната што ми ја прават зад грб, ме повредува нивната насмевка пред мене. Фрлете ги лошите спомени во канта... и повеќе не чепкајте во ѓубрето!!!
Некои луѓе ме... - Почитуваат! Некои со насмевка ме.... - Погледнуваат! Има и такви што ме... - Посакуваат! Некои со иронија кон мене се... - Насочуваат! Но има некои кои вистински... - Mе сакаат! Да не ги заборавам оние другите... - кои ме ОСУДУВААТ! Без оглед на се... само оние кои вредат - во срцево остануваат!
Многу често не знаеме што е тоа што повеќе не прави среќни, она што ни ги наполнило рацете или она што ни избегало од нив.