Quotes, интересни поговорки

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Fearless, 13 октомври 2010.

  1. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    Можеби малку офф-топик бидејќи е видео, но е многу поучно и морав со вас да го споделам.. ме расплака!
    http://www.youtube.com/watch?v=KRYvuknzubw
     
    На connie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Најголемата човечка слабост е тоа што секогаш сака да го дознае, она што воопшто не сака да го знае.
     
    На t.i.n.k.e.r.b.e.l.l му/ѝ се допаѓа ова.
  3. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Имаме право да сме лути, но тоа не ни дава за право да бидеме сурови.
     
  4. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Љуби и цени ги убавините што животот ти ги нуди. Бори се и не дозволувај друг да ти суди,собори ги препреките пред тебе верувај во љубовта и живеј за себе.....
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  5. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Најдобра обука не е онаа која ни дава голи информации, туку онаа обука која нашиот живот го ускладува со сеопштото постоење.
    Тагоре
     
  6. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    [СДК] Сакам да кажам...

    [​IMG]
     
  7. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    [​IMG]
     
    На connie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Каква тишина би настанала кога луѓето би го збореле само она што го знаат..

    Во секоја жена спие и ангел и ѓавол, само од мажот зависи што ќе разбуди во неа

    ''Убавата жена е добра три месеци,а добрата жена е убава цел живот''
     
    На Veronika90, Markusa2 и girl-miri им се допаѓа ова.
  9. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    23.255
    Пол:
    Женски
    Денес се сомневам во се, затоа што вчера многу верував.
     
  10. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Компјутерот олеснува многу работи, особено оние кои не ни мора да ги правиш.
     
  11. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Подобро е да им веруваш на своите очи, отколку на туѓите зборови.
     
    На cigarce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Не е битно тоа што го правиш од време на време, туку она што го правиш ден по ден. "
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Никогаш не дозволувај премногу луѓе да ти се мешаат во твојот живот, затоа што луѓето секогаш сметаат дека знаат како да го живеат твојот живот, а немаат ни најмала идеја како да го живеат својот.
     
    На IvanaMkd и cigarce им се допаѓа ова.
  14. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Во богатството човечкото срце стврднува побрзо отколку јајцето во зовриена вода.
    Л. Борн
     
    На cigarce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    И осаменоста е убава... за да го научи човекот колку вреди да се биде со некого !
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  16. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Кој лесно ја губи почитта кон другите тој пред се не се почитува себе си.
    Белински
     
  17. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    BОЛШЕБНИ НАОЧАРИ
    Е.Т.А. Гофман

    Колку жално што сега нема волшебници! Тие би ги исполнувале нашите желби, - кажа малечката Кате, разгледувајки го двогледот на мајка и која таа го добила на својот роденден. – Тогаш јас би знаела што да посакам од нив.
    -Изгледа ќе посакаш двоглед како мојот? – со насмевка одговори мајката.
    -Не баш ваков. Јас би посакала двоглед со кој ќе гледам не само лица и предмети , бидејќи и така доволно добро ги гледам, туку би сакала да видам што се крие позади нив. На пример, јас сакам да знам што луѓето имаат во срцето, кој од нив е добар, а кој злобен, би сакала да ги знам нивните мисли, желби.
    -Многу ме радува, - рече мајката, - што ти немаш ваков двоглед; инаку ти би добила многу непријатели.
    -Зошто, мамо? –праша девојчето.
    -Зарем ти мислиш, мило мое дете, на луѓето би им било пријатно да знаат, дека тие ништо неможат да сокријат и дека нивните срцата се отворени пред тебе? Чекај, се сетив на една бајка. Таа ќе ти објасни тоа што ти не го разбираш.
    Многу одамна живеел еден човек. Тој сакал да има наочари со стакла какви што и ти сакаш, и ги добил. И еднаш, кога тој ги ставил неможел повеќе да ги симне. Што се случило? Срцата на луѓето со сите нивни мисли се отворале пред него, но во нив тој гледал повеќе лоши работи од колку добри. Тој влегувал во срцата на најверните и најсаканите негови пријатели – и секаде наоѓал некоја мана. Тоа му донело голема тага и тој почнал да се однесува спрема нив круто и со недоверба. Тие прво се чуделе и се навредиле, незнаејќи зошто тој се сменил, па најпосле го оставиле сам. Осаменоста многу го натажила; но тој не сакал да ги гледа луѓето со обични очи, кои за него биле полоши од неговите, и во својата тага тој почнал да го моли Бога за смрт. Наместо смрт пред него се појавил ангел со кротко, добродушно лице и сини очи.
    -Јас сум љубов, - му рече небесниот гласник, - и дојдов да ти помогнам да ја тргнеш својата заблуда. Ти бараш од другите совршенство. Но, дали може да го пронајде тој, кој самиот е полн со недостатоци? Како прво проучи го твоето срце, а потоа осудувај ги твоите ближни ако смееш!
    Кажувајќи ги овие зборови ангелот ги допре волшебните наочари и пред тој човек се отвори неговото срце, кое било многу полошо од срцата на другите.
    -Боже, каков грешник сум! Прости ми! – извикна тој, и наочарите паднаа од неговите очи.
    -„Љуби го ближниот како самиот себе“, - му рече ангелот, - таква е Господовата заповед. Труди се да им ги простуваш на луѓето нивните недостатоци – ти ќе бидеш среќен во овој свет и ќе ти биде простено во другиот.
    Човекот ја исполнил наредбата која му ја кажа ангелот, и цел свет, сите луѓе почнале да му се гледаат подобри од него затоа што тој го запамтил тоа што видел во своето срце. Сега, гледајќи ги другите, тој се трудел да пронајде во нив само добри работи, а благодарејќи на тоа и самиот станал подобар и посреќен.
    -Дали ја разбра мојата бајка, Кате? – ја праша мајката. – Ајде и ние да гледаме во себе преку тие волшебни наочари, а на другите да гледаме со обични стакла. Нас ни е заповедано да ги љубиме ближните, а не да ги бараме нивните недостатоци. Доволно за нас е и тоа, што ние ги проучуваме и корегираме нашите гревови.
     
  18. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Почитувањето е како цвет, кога еднаш ќе го погазат или ако овене, веќе никогаш не ја добива поранешната свежина.
    Леопарди
     
  19. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Ако поминувате низ тешкотија и се прашувате каде е Господ сетете се дека и учителот молчи за време на тестот... :)
     
    На aaaaa и lovely91 им се допаѓа ова.
  20. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    ‎...Никогаш не осудувајте никого во вашиот живот...добрите луѓе ве прават среќни,лошите луѓе ви даваат искуство,полошите ви даваат лекција, додека најдобрите ви даваат спомени...