Бог сака да бидеме како тревата. иако се гази, корне, гори и сече, секогаш опстанува и израснува повторно дури позелена и посилна..!
"Вашите пријатели не знаат многу работи, но секогаш знаат што би направиле да се на ваше место." "Повеќе сакам необразовани а чесни луѓе, а не образовани а непоштени." "Ако некогаш на животниот пат паднеш, стани, истреси ја прашината од неуспехот и продолжи понатаму, затоа што не губат оние што паднале, туку оние кои останале да лежат."
Не е чудно да видите млада вљубена двојка, но да видите двајца стари кои се сакаат е најубавата глетка.-Вилијам Мејкпис Текери
Јас не сум онаа која ја бараш!?! Јас сум онаа од која треба да бегаш бидејќи знам да сакам само кога љубовта ми е возвратена, да презирам кога ме мразат, да уништам кога ќе ме повредат, да опростам но не и да заборавам. Кога ќе свртам нов лист не жалам за она што поминало, кога ќе направам грешка знам да признаам и да се извинам. Знам да сонувам но знам и да остварувам. Никогаш не им се докажувам на другите туку на самата себе си! Љубоморните луѓе не ги приметувам бидејќи не заслужуваат ниту една минута од моето време. Живеам за Утре а не за Вчера и не живеам за другите туку за себе !!!
Најдобар знак за вистината е едноставноста и јасноста. Лагата секогаш е замрсена, накитена и речита. –Толстој
Моментот кога ќе застанеш да размислиш дали навистина сакаш некого или не, веќе си престанал да ја сакаш таа личност засекогаш. - Карлос Руиз Зафон
Да имаш вредност и неа да умееш да ја покажеш, тоа значи дека имаш двојна вредност, бидејќи она што не се гледа е исто како да не постои. Б. Моралес
Најдобри луѓе се оние кои што спрема себе се најстроги,и кои им простуваат на другите дури и тоа што ни на самите себе не би го опростиле.
Да му дадеш на некого втора шанса е исто како да му даваш уште еден куршум за пиштол бидејќи со првиот те промашил.