Сите драги луѓе живеат во срцето. Постојат во насмевката. Остануваат во сликата. За да болат од албумите.
Луѓето илјадапати повеќе се трудат да стекнат богатство, отколку духовно образование, иако сосема е сигурно дека нашата среќа ја прави тоа што сме, а не тоа што го имаме. -
На водите кои течат и во луѓето кои молчат, немај доверба. А. Вучо Светот е доволно голем за да ги задоволи потребите на секој човек, но премногу мал за да ја задоволи човечката алчност.
Всушност, многу е мал бројот на луѓе кои што живеат овој миг. Повеќето се подготвуваат да живеат подоцна. -
Постојат два вида луѓе. Постојат оние кои живеат, играат и умираат. А постојат и оние кои ништо друго не прават освен што стојат во рамнотежа до крајот на животот. Постојат актери. А постојат и одачи по жица. Максенс Фермин
Тебе может да те погледнат уште илјада пати, и повторно нема да го видат она што јас го гледам во тебе
Кариеристот не бара пријатели, нему луѓето му се потребни само како скали во напредувањето. Додека си му корисен во тоа,ги уживаш предностите на неговата наклонетост; ќе престанеш ли да му користиш, повеќе не те приметува; почувствува ли дека му стоиш на патот, се нафрла на тебе со сета своја сила.