Најтешки моменти не се оние кога ти течат солзи во очите.... Најјтешки моменти се кога треба да ги криеш солзите во очите со насмевка ...
„Секој човек мора порано или подоцна да најде потпора во самиот себе. Секој мора да стекне искуство дека во својот ближен не наоѓа потпора, туку во себе самиот.„ - од „За тебе за размислување„
Најголеми луѓе се оние кои им помагаат на другите да станат кога им е тешко и кога успеваат да им ја разбудат надежта !
Нашите вистински благослови често доаѓаат во форма на болка, загуба и разочарување, но ако имаме трпение наскоро ќе ја видиме нивната права вредност. -Џозеф Адисон
Три нешта можат да го уништат човекот: Бесот, Гордоста, Непочитувањето! Три нешта никој не би смеел да ги изгуби: Надежта, Чесноста, Мирот! Три нешта во животот никогаш не се враќаат: Времето, Зборовите и Можностите! Три нешта се највредни во животот: Љубовта, Семејството и Здравјето
Светот е како математичка равенка. Сигурно и непогрешливо, секоја тајна бидува откриена, секое злосторство казнето, секоја доблест наградена, секоја грешка исправена. Затоа, почитувајте ги Вселенските принципи и бидете трпеливи! Се ќе си дојде на свое место, во вистинското време.
Насмевката е најдобра одмазда за се...Бидејќи ништо во животот не може толку многу да полуди некого како моментот кога ќе види колку си среќен!
Срцето е големо и неоткриено море. Го има само на картата на љубовта. Штом ќе надојде плимата од чувства, срцето пее туѓи најубави песни. А, штом ќе го зароби осека на осаменоста создава свои стихови. Стихови топли како пламенот и вечни како каменот. -Дејан Лилиќ