Ситните работи кои го усреќуваат човекот се само доказ дека има милион причини да веруваме во подобро утре....
Зборовите со кои че се отруе срцето на детето, од злоба или од незнаење, се врежуваат во памтењето и порано или подоцна, ќе му ја испржат душата.
Ниту еден погрден збор не може да се голтне без разлика со колку мед ќе го пиеш....И на некои нешта едноставно не можеш да замижиш...затоа што слеп не си се ни родил!
Некој еднаш рекол дека во моментот кога размислуваш дали некого сакаш, веќе засекогаш си престанал да го сакаш.
Таков е животот : можеш да се претвориш во ангел, глупак или престапник - и никој нема да го примети тоа. Но,ако ти фали едно копче - сите ќе забележат.
Можеш да направиш безброј сигурни чекори, но доволен е само еден непромислен чекор, за се да пропадне!
Да бараш простување, не значи дека се понижуваш пред другите.Тоа значи дека се издигнуваш над нив, бидејќи каењето можеби не прави ранливи пред луѓето, но ни го чисти лицето пред Бога.
Најтешко е кога треба: Да му дадете на некого прегратка, кога вас ви е најпотребна. Да се борите со вашите солзи, бришејќи ги другите. Да слушате туѓо жалење, кога сакате вашата болка да биде слушната. Да бидете причина за нечија насмевка, кога вашата е изгубена...