Да очекуваш луѓето да бидат добри кон тебе само затоа што ти си добар кон нив, е исто како да очекуваш лавот да не те изеде тебе,само затоа што ти не јадеш лавови.
Понекогаш е подобро да заборавиш, отколку да се обидеш да го поправиш минатото Главната суштина на љубовта - довербата
Човекот, наместо да разбере и да даде правилно толкување на сигналите на природата, се обидува да биде попаметен од неа.
Не ги запишувајте вашите Соништа во книгата на Соништата... Остварете ги вашите Соништа, потоа запишете ги во книгата на Животот!
Болно е кога чекаш нешто да се случи,а некаде длабоко во себе знаеш веќе поминало времето за чекање..
Научи како да го уплашиш стравот, наместо тој тебе да те уплаши. Научи како да ја заболиш својата болка, наместо таа тебе да те боли. Научи како да ги водиш своите патишта, наместо тие тебе да те водат. Научи како да го живееш својот живот, наместо животот да те живее тебе.
Не можеш да ги обвинуваш луѓето за тоа што се такви какви што се, само можеш да се обвиниш себеси затоа што очекуваш да бидат поинакви
Оној кој умее вистински да сака, тој себеси ке се нарече среќен тогаш кога ке успее неговата сакана да ја направи среќна.
Најголемиот грев што можеш да го направиш спрема самиот себе е да останеш неподвижен кога во себе ќе почувствуваш потреба да правиш добро.
Како мали бунтуваме против укажувањата на нашите родители, но кога станеме родители, го правиме истото.
Генијалецот има способност да го каже она за кое другите само мислат, и да го изрази она што другите само го чувствуваат.