Научи со трпение да ги поднесуваш туѓите недостатоци и слабости, какви и да се, поради тоа што во самиот тебе, има многу недостатоци, кои другите мора да ги поднесат!
За да постигнеме нешто вредно во животот не смееме да се повлекуваме тресејќи се и мислејќи на студот и опасноста, туку да скокнеме и да се движиме колку што можеме подобро. Сидни Смит
Зависта е религија на медиокритетите. Таа им ја враќа силата, таа е одговор на немирните што ги јадат, и на крајот на краиштата, им ја растура душата и им дозволува да ги оправдуваат својата беда и својата алчност се додека не поверуваат дека тоа се доблести и дека вратата на рајт ќе се отвори само за несреќниците како нив, што поминуваат низ животот не оставајќи никаква друга трага освен намерата да ги омаловажат другите и да ги исклучат, и ако е можно, да ги уништат оние што, со самиот факт дека постојат и дека се такви какви што се, укажуваат на нивната беда на духот, умот и силата. Среќен е оној по кого лаат кретените, зашто неговата душа никогаш нема да им припаѓа. Карлос Руиз Зафон
Пам Браун- Мудрите не се опкружуваат со неред. Дури и кога се опколени со предмети, чуваат едно тивко, празно и мирно место.
Нашите сомнежи се предавниците, поради кои често го губиме она што можеме да го добиеме, бидејќи се плашиме да се обидеме.