Рајот има пат, но луѓето никогаш не одат по него. Пеколот нема порта но луѓето упорно копаат да стигнат до него.
Не е вистина дека жените прават кретени од мажите. Најголем број мажи тргнуваат со мотото – “Направи сам“
Кога ќе те заведе егото, побрзај, оди напред. Извини се и прости. Себеси и на другите. Да бидеш совршен не е твоја задача на Земјата. Твое е да го пуштиш Совршениот да зборува низ тебе.
Три работи се потребни за добра врска – очи кои нема да плачат, усни кои нема да лажат, и љубов која нема да умре Ако сакаш некој искрено, не ги украсувај нејзините очи со солзи, ушите со лаги а срцето со рани. Надежта е желба да се случи нешто. Верата е да се верува дека ќе се случи нешто. Храброст е да се направи да се случи нешто. Љубовта го олеснува сето тоа. Никогаш не барајте нешто совршено за да го засакате,зошто можете да умрете без љубов.Засакајте нешто што не е совршено и направете го совршено со вашата Љубов. ..Љубовта доаѓа кај... оние кои сеуште се надеваат по разочарување, кои сеуште веруваат по измама, и кои сеуште сакаат откако биле повредени....
Погледни назад & Благодари му на Бог Погледни напред & Верувај му на Бог Погледни наоколу & Служи му на Бог Погледни горе & Најди го Бог
Оној што не сака да овене од ЖЕД меѓу луѓето, мора да научи да пие од туѓи чаши и оној кој меѓу луѓето САКА да остане ЧИСТ, мора да знае да се мие со нечиста ВОДА. Фридрих Ниче
Една трогателна приказна... Еден доктор влегол во болницата набрзина откако бил повикан на итна операција.Тој се пријавил,се пресоблекол и влегол директно во одделот за операции.Тој го сретнал таткотот на детето како поминува во ходникот чекајќи доктор.Кога го здогледа,ттакото извикал: “зошто ти требаше толку време за да дојдеш?Зар не знаеш дека шивотот на син ми е во опасност? Зар немаш осет за одговорност?“ Докторот се насмеа и одговори: “Извинете,не бев во болницата и дојдов веднаш штом го примив повикот...А сега,ве молам смирете се за да можам да ја работам мојата работа“ “Да се смирам? Што доколку твојот син беше во салата сега,дали би сте се смириле? Доколку синот ви умираше сега што би направиле?“ -рече таткото гневно. Докторот повторно се насмевнал и одговорил:“ЈАс би рекол како Јов што рекол во Библијата“ Од земја дојдовме и во земја се враќаме,нека е благословено името на Господ.“Докторите не можат да го продолжат животот.Одете и молете се за вашиот син,а ние ќе направиме се најдобро според милоста Божја“ “Да даваме совети кога не сме засегнати е многу лесно.“ промрморе таткото. Операцијата траеше неколку часови по која докторот излезе надвор задоволен. “Фала му на Бог,вашиот син е спасен!“ И без да го дочека одговорот на таткото тој продолжи да оди .“Ако имате некое прашање,прашајте ја сестрата!!“ “Зошто тој е толку арогантен? Не можеше ли да почека некоја минута за да го прашам за состојбата на син ми?“ Коментираше таткото гледајќи ја сестрата откако замина докторот. Сестрата одговори, низ солзи во очите: “Неговиот син почина вчера во сообраќајна несреќа, тој беше на погреб кога го повикавме за операцијата на син ви.И сега откакао го спаси животот на вашиот син, тој замина да го доврши погребот на неговиот син.“ Поука: Никогаш не ги судите другите бидејќи не го знаете нивниот живот и низ што поминуваат тие...
Луѓето можат да се сомневаат во тоа што ќе го кажеш, но секогаш ќе веруваат во она што ќе го направиш.
Идеалниот маж треба да биде како археолог, колку е жената постара повеќе да да се интересира за неа. Најубав ден во животот е тој ден кога ќе одлучиш дека животот е само твој. Ден кога нема да зависиш од никого и кога нема никој да обвинуваш за своите грешки. Убавината е видлива но недостижна, неодржлива, не може да се фати не може да се украде, да се одземе, ниту пак да се купи.
Работата ќе почека додека му го покажето виножитото на детето, но виножитото нема да почека додека вие ја завршите работата.
Не треба да се срамите од стравот. Стравот е знак за здрав разум. Само најголемите глупаци не се плашат од ништо.
Подарете им насмевка на тажните, кажете по некој убав збор на несреќните, одвојте малку време за осамените...Понекогш не сме ни свесни колку вашето малку, за некој е премногу!
Да се лутиш значи да се казнуваш себеси за грешките на ДРУГИТЕ.. Вистинската Љубов никогаш не згаснува. Таа со текот на времето се повеке се зголемува! Среќата е како пеперутка,ако ја гониш,нема да ја фатиш, но ако стоиш мирно, сама доаѓа и слетува на тебе.
Начинот на кој си поврзан со останатиот дел од светот е огледало на начинот на кој си поврзан со самиот себе!
Не е она ВИСТИНСКА ако има долги нози, ВИСТИНСКА е ако има сјај во очите и нешто за што неможеш да спиеш со денови!