Тој што не прави грешки, обично не прави ништо. Наместо да покажеш со прст, обиди се да подадеш рака!
Убавите моменти во животот немаат цена и вистинско богатство е некому да можете да му подарите таков момент !
Овде на форумов го прочитав тоа , не ми текнува која форумџика го напиша . Не е несреќа што девојката ја изгубила љубовта и дечкото , несреќа е тоа што тој ја изгубил последната шанса да стане човек .
Искуството е преубава работа. Ви овозможува да ја препознаете грешката кога ќе ја повторите. Никогаш не се сомневајте во себе... но немојте ниту пак да си мислите дека сте безгрижни и сезнајни! Ако постојано се сопнуваш на ист камен - заслужуваш да си ја скршиш ногата.
Тhose who are faithful know only the trivial side of love: it is the faithless who know love’s tragedies.
Животот и покрај сите страдања... е возбудлив и убав, забавен, вешт и мил, полн со допаќање и љубов, понекогаш песна и голема авантура... и што и да дојде после тоа (доколку нешто воопшто дојде), нема да го имаме овој живот повторно. Имаш своја четка, имаш свои бои, насликај РАЈ и влези во него. Никој не може да се врати назад и да почне од почеток, но секој може да почне од сега и да направи сосем нов крај. Не ме интересира минатото. Ме интересира иднината зошто очекувам таму да го поминам остатокот од животот. Мислам дека во животот треба да гледаме напред и никогаш да не се вртиме назад освен со благодарност за среќните мигови што поминале. Ако си се надевал и не ти се исполнило очекувањето, продолжи да се надеваш.
Најголема награда што ја носи успехот е личното задоволство Храброст е да направиш нештo и покрај тоа што ти е страв. Една мисла за оние кои не сакаат училиште Ние не учиме за училиштето,ние учиме за нашиот живот
Многу луѓе ги губат малите радости, надевајќи се на големата среќа. Тој што на злото не му се противставува, со злото соработува. Ако не си ја поправиш грешката, правиш уште една грешка.
"Најди време да бидеш љубезен - тоа е патот до среќата. Најди време да сонуваш - тоа е патот до ѕвездите. Најди време да погледнеш околу себе - денот е прекраток за да бидеш себичен. Најди време да се смееш - тоа е музика на душата."
Во животот има две важни работи “Срцето и Паметот“, затоа внимавај на кого ќе го дадеш срцето за да не го изгубиш паметот !
Единствен начин да се избегнат грешките е да се стекне искуство. Единствен начин да се стекне искуство е да се прават грешки.
Светот е доволно голем за да ги задоволи потребите на секој човек, но премногу мал за да ја задоволи човечката алчност!