Понекогаш треба да престанеш да се грижиш, да претпоставуваш и да се сомневаш. Имај вера дека работите ќе бидат подобри, можеби не како ти што планираш, но така како што треба да биде.
Чувај ја љубовта во твоето срце.Животот без лубов е како градина без сонце каде што цвеќињата се мртви.Свеста дека сакаш и дека си сакан носи топлина и го збогатува животот,нешто што ништо друго не може да ти го донесе.
1.Еднаш ,сите селани решија да се молат за дожд,на денот на молитвата од сите собрани луѓе ,само едно момче донесе чадор “ТОА Е ВЕРА“ 2.Кога ќе фрлите едногодишно бебе во воздухот, тоа се смее,бидејќи знае дека ќе го фатите. “ТОА Е ДОВЕРБА“ 3.Секоја вечер кога си легнуваме,немаме гаранција дека ќе станеме утрото, но сепак го навиваме алармот. “ТОА Е НАДЕЖ“
Два волка Еден старец разговарал со својот внук за тоа како тој се чувствува. Тој рекол : „Чувствувам како да имам два волка во моето срце. Едниот волк е одмаздлив, гневлив ,насилен. Другиот волк е полн со љубов и сочувство. “ Внукот го прашал : „Кој волк ќе победи во твоето срце?“ Старецот одговорил: „Оној кој го хранам.“
Само затоа што некој те повредил вчера, не значи дека од денес треба да се плашиш, дека повторно ќе те удри утре
Немојте никогаш да се расправате со идиот. Тој прво ќе ве спушти на негово ниво, а потоа ќе ве победи на искуство.
Ако сакаш доверба, верувај им на другите, ако сакаш почит, почитувај ги другите, ако сакаш помош, помогни им на другите, ако сакаш љубов, подари ја некому, ако сакаш добри пријатели, биди добар пријател.