Не плаши се од никого и ништо. Тоа што е најдрагоцено во тебе не може никој и ништо да ти го оштети. Толстој Сладок е одморот после напорната работа. Шекспир Да не му даде Бог на човекот да претрпи се што може да поднесе. Толстој Нема мир над труповите, ни добрини, се додека за злото ги обвинуваме другите. Секој од нас мора да се почувствува виновен за сите лоши дела што не окружуваат. Раос Ако некој силно се насмее не може веднаш да се намурти И.Б. Мажураниќ Во моменти на силна вознемиреност, не треба ништо да се зборува, ништо да се работи, а уште помалку да се одлучува... Луѓето со јак карактер и во најголемата беда наоѓаат трошка надеж што ѓи прави среќни. Ниче Би имало многу неми луѓе кога би се забранило за себе да се зборува добро, а за другите лошо. Некер И за будалата кога молчи мислат дека е паметен. Зборувај го она што ти е јасно како ден Да простуваш и да забораваш тоа е доблест на добриот човек. Шилер Знаеме што сме, но не знаеме што можеме да бидеме. Шекспир
Она што е лесно, прифати го како да е тешко, а тешкото како лесно. Првото за да не нѐ направи безгрижни самодовербата, а второто, за да не нѐ обесхрабри малодушноста.
Сè додека го живееш животот според своите вредности и си искрен кон себе, не треба да се грижиш за останатите. Затоа што секој е приказна за себе комплетно поразлична од сите останати.
~ Денот кој не ти донел среќа не бил твој, но секој ден е доволно долг да го направиш свој... ~ Успехот е реализација на сонот. Запиши го сонот - ќе стане цел. Оди кон целта - ќе постане предизвик. Победи го предизвикот и ќе бидеш награден со успех. За успех - најпрво ти треба сон. Сите големи достигнувања се реализирани од сонувачи!
Не жали го оној кој поради љубовта ја изгубил гордоста, жали го оној кој поради гордоста ја изгубил љубовта.
Љубовта не ја изразуваме со гледање на љубената личност в очи, туку заедно со неа гледаме во иста насока. Онаму каде што е љубовта – нема барања, нема очекувања, нема зависност. Љубовта е среќа која заемно се дава. Не е грев да љубиш, грев е да не љубиш.
Што и да можеш да направиш или сонуваш дека можеш, почни го. Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Почни сега. Секогаш работи така како некој да те гледа. Треба да знаеш дека и ѕидовите слушаат и дека и лошите дела ќе се дознаат.
Лошите вести во лошите раце се шират брзо како брзината на светлината... а добрите вести во лошите раце никогаш и не се дознаваат. Оној кој никогаш немал ниту пријателство, ниту љубов е илјадa пати посиромашен од оној кој ги изгубил и двете. Чувајте се од Фини луѓе зошто Фино ке ве зезнат !!! Скромниот човек може се да добие, а злобниот се да изгуби; затоа што скромноста секогаш наидува на великодушност а злобноста на завист. Секој ден животот ни товари камења, но не е важно колку, важно е што градиме со нив. Да одиш со пријател по темно е подобро од тоа да одиш сам по светло. Ако видиш некого без насмевка, дај му ја Која било работа, всушност сите работи, мали или големи се претвораат во авантура кога ги споделувате со вистинската личност. Водата го длаби каменот не со сила, туку со упорност. Успехот нема врска со она што го добиваме или го постигнуваме во животот за себе. Успех е она што го правиме за другите.
1.Луѓето можеби се сомневаат во она што ќе го кажете, но веруваат во тоа што ќе го направите! 2.Кога се обидувате да се одмаздите на некого, ископајте 2 гроба-ЕДЕН за вас! 3.Храброста не е недостаток на стравот, туку способност да превземете нешто додека сте соочени со стравот! 4.Немој да дозволиш поради мало недоразбирање да изгубиш големо пријателство! 5.Со пари можеш да купиш секс, но не и љубов!
Книгата на твојот живот Секој ден животот ти нуди нова страница во книгата на твоето постоење! Твоето минато е веќе напишано и неможеш да го промениш; во неговите страници можеш да ја најдеш твојата историја.Некои страници имаат убави бои, а некои темни сенки.Прекрасни сеќавања на среќни времиња или страници кои би сакал да можеш да ги искинеш. Денес имаш можност да напишеш нова страница.Од тебе зависи какви бои ќе има, затоа што дури и во несреќа можеш да додадеш нежни бои на спокојство кои ќе ја претворат во убаво искуство. Денес...како ќе го напишеш својот ден ??? Се зависи од твојата желба да ја претвориш денешната страница од книгата на твојот живот во страница која ќе ти биде во прекрасно сеќавање во иднина. Кога би знаел дека имаш уште еден ден, што би направил ??? Без сомневање би се помирил со Господ и со оние околу тебе, би уживал во златните сончеви зраци, тивкиот ветер, љубовта на онаа специјална личност и многу други Благослови кои Бог ни ги дал, а некогаш ги земаме здраво за готово. Уживај во овој нов ден! Пробај да ги запомниш сите убави работи во твојот живот и живеј го секој час расположено, давајќи се од себе. Не им наштетувај на другите и биди среќен што си жив и што можеш некому да помогнеш. Никогаш не е доцна да започнеш нова, свежа страница, полна со среќа и љубов, во книгата на твојот живот. Фала му на Бога за денешниот ден и можност да го претвориш овој ден во нова прекрасна страница од книгата на твоето постоење. Запомни дека и покрај несреќите, проблемите и тешкотиите, од тебе зависи како ќе го живееш денешниот ден... ...исто како да ти е прв ден...исто како да ти е последен ден...ЕДИНСТВЕН ден од книгата на твојот живот! Spoiler Ми се допадна многу па решив да го споделам со вас.Доколку не е во соодветната тема слободно преместете го.
Вчера: една насмевка и стисок на рака... Денес еден бакнеж и едно те сакам... Утре: Едно збогум и едно сеќавање... Животот е комедија на оние кои мислат а трагедија на оние кои чувствуваат.
Велат дека лошото друштво ги расипува добрите навики. Затоа, само ако сте сигурни дека вашиот карактер е премногу цврст и стабилен, не мора да се грижите со кого се дружите. Бидејќи калта може да ги извалка дијамантите, но не може да ги претвори во кал...