Многу луѓе не се радуваат на почетоците,на предизвиците,на промените.... ги издвојуваат деновите,луѓето,проблемите... но нашата сила лежи во тоа да го надминеме тешкото, да продолжиме до крајот,да извојуваме победа,да сакаме и кога е тешко да се сака,да ги прифатиме работите и да продолжиме напред! Секој ден е нов почеток.... ...да научиме повеќе за нас самите, ...да се грижиме повеќе за другите, ...да се смееме повеќе , ...да постигнеме повеќе отколку што сме мислеле дека можеме, ...и да постанеме подобри од пред тоа.
Понекогаш нештата што не можеш да ги промениш, тие те променуваат тебе! Погрешно е што секогаш сметаме дека нешто друго е поважно од она што го имаме сега! Не обидувај се да го исфрлиш од главата...она нешто, што не сака да излезе од срцето! Човек не се дави затоа што скокнал во вода, туку затоа што останал под вода.
Она во што веруваме и го очекуваме, тоа и го наоѓаме. Такви сме ние луѓето,со една мерка го мериме зборот кога им го упатуваме на луѓето околу нас, а сосема со друга кога тој ист збор вратен не удри во лице. Spoiler Дома мирна пеперутка надвор од цвет на цвет .. !!!
земете здив и зграпчете ја можноста да блеснете како птица вивната во зенит,цедејќи ги тмурните животни облаци...без двоумење! Во некои добри времиња ќе видиш дека некогаш не е важно она што го даваш, туку она од кое се откажуваш.
Почитувај го старецот. Ако поради ништо друго, тогаш поради тоа што толку долго го носел товарот на животот. Јохан Рунеберг
Потребни се две години да научиме да зборуваме, а малку се шеесет години да научиме да молчиме. Ернест Хемингвеј
Не ги бришам солзите, ги бришам луѓето кои направиле да заплачам. Не се откажувам од љубовта, се откажувам од луѓето кои не знаат да сакаат!