Во животот може да ви се случат само две трагедии: едната од нив е да не го добиете она што го сакате, а другата е да го добиете тоа. Оскар Вајлд
Љубов постои. Не секаде и не секогаш, но постои. Таа е најважниот личен вселенски настан: како пронаоѓање на опашеста ѕвезда, твоја опашеста ѕвезда која никој друг не ја гледа. Венко Андоновски
Луѓето те повредуваат, Бог ќе те излечи. Луѓето те понижуваат, Бог ќе те воздигне. Луѓето ти судат, Бог ќе те оправда. Луѓето те мразат, Бог те сака! Оној ден кога се збогатив... станав мајка!
Или живееш за себе, или живееш за другите. Најдоброто?! Комбинација од двете. Да живееш за себе во духовно издигнување и правење на добро, а со тоа им даваш пример на другите, за добар живот. Така несвесно живееш и за другите.
-"На овој свет ништо не се случува случајно" - Вероника Реши да умре,Пауло Коелјо -"Не плаши се од растојанието помеѓу твоите соништа и реалноста. Ако можеш да сонуваш за нешто, можеш и да го направиш тоа"! -"Ех,што ти бил животот... Лажовен, лизгав: одиш, одиш, исправен, силен, чист и - одеднаш паднат во кал, извалкан, смачкан... Живот!" - Чорбаџи Теодос
Само малите луѓе се борат за престиж, големите го имаат. Карел Чапек Луѓето се делат на оние кои зборуваат гласно и на оние кои шепотат. Повеќе се изгледа оние кои шепотат. Добрица Ќосиќ
Кога сите луѓе би знаеле што едни за други зборуваат, на светот не би имало ни четворица пријатели. Паскал Кој не прави ништо за другите, не прави ништо ни за себе. Гете
Мислите во главата, се само твои, но дејствијата од нив се за сите. Во политиката успеваат волци, кои не испуштаат можност да се покажат пред народот во јагнешка кожа. Колку повеќе знаеме, толку повеќе се сомневаме. Оној кој фрла кал, ja губи земјата под нозете. За да задржиш пријател,понекогаш е потребно да го затворите едното око.
Смеј се, дури и да ти се плаче! Смеј се, дури и да те боли! Нека другите мислат дека среќата со тебе оди!