Љубовта е пат што тешко се изодува, бидејќи на тој пат нештата можат да не’ одведат на небото или да не’ одвлечкаат во пеколот.
Добрината што ги соединува две суштества во едно е толку ретка, колку што е ретка и вистинската љубов. И едното и другото е раскош што си го дозволуваат само убавите души..
Љубовта значи да се храниме еден со друг, а не да се храниме со другите. Законите на природата немаат милост.
Ако не се однесуваш со девојката онака како што треба, не лути се кога некој друг тоа подобро го прави..
Ако не се загубиме, никогаш нема да најдеме нов пат. Во животот треба да ископаш многу песок, за да пронајдеш барем неколку ситни зрнца злато.
Сите велат дека ЉУБОВТА БОЛИ... а тоа е ПОГРЕШНО... Осаменоста боли... Одбивањето боли... Губењето на некој боли... Желбата боли... Сите ги мешаат тие мали нешта со ЉУБОВТА... а во стварност... ЉУБОВТА е единственото нешто на светот кое го одбива сето зло и која секогаш одново прави да се ЧУВСТВУВАШ ДОБРО !!!
Ако моето отсуство не менува ништо во нечиј живот, тогаш моето присуство таму нема никакво значење...
Само еднаш се доживува вистинска љубов. Некои имаат среќа цел живот да го поминат со неа, а други пак живеаат само со спомените !
❝Добриот изглед исчезнува. Но, доброто срце ќе те одржи убав засекогаш.❞ Наместо да посакуваш да бидеш како некој друг подобро биди горд на тоа што си... Не можеш ни да замислиш колку луѓе би сакале да бидат токму како тебе. Никој не треба да го сфаќа животот толку сериозно за да заборави да се насмее на своја сметка. )))
Мислам дека овие тешки времиња ми помогнаа да разберам подобро од порано дека животот е полн со изобилство и убавина и дека многуте работи за кои се грижиме немаат никаква важност. -Исак Динесен