Многу се лаже оној човек кој мисли дека може да живее без луѓе, а уште повеќе се лаже оној кој мисли дека луѓето неможат да живеат без него.
Вистински луѓе се они кои без да им кажете може да ја почувствуваат тагата зад вашата насмевка, љубовта зад вашата лутина и грубост, па дури и вашите желби зад вашето молчење...
Си пораснал кога знаеш каков си, а не каков сакаш да бидеш. Ако сметаш дека шефот ти е глуп, не заборавај дека ако не беше таков, немаше воопшто да те вработи тебе. Животот е како јаже, не можеш да се качуваш по него со рацете во џебовите.
Не постои толку висока цел, која ја оправдува употребата на сите средства. Алберт Ајнштајн Не е страшно да се умре со неисполнети соништа, страшно е да не се сонува... Не е срамно да не се достигнат ѕвездите, срамно е да се нема ѕвезди за достигнување. Бенџамин Мејз
Не се важни оние кои не скршиле, туку оние кои биле тука да ни помогнат да го составиме она што е скршено.
Единствено би сакал да имам онолку колку што треба за да не ми завидуваат, но не толку малку за да будам милосрдие кај блиските.-Аретино
Лошите вести во лошите раце се шират брзо како брзината на светлината... а добрите вести во лошите раце никогаш и не се дознаваат.
Меѓу пријателите треба да се сакаат, не само оние кои се жалостат на нашата несреќа, туку и оние, кои не ни завидуваат на среќата. Сократ
Чесните луѓе не би ја продале својата чесност за никакви пари,нечесните би ја продале ,но ја немаат... И убавите цветови, убави се само некое време. Оној што вистински ве сака никогаш нема да ве остави ,затоа што дури и да има 100 причини да се откаже ,тој ќе пронајде една причина за да остане и продолжи да биде покрај вас.
На срцето полно со храброст и добрина, од време на време му е потребна мала доза на опасност....инаку животот му станува неподнослив. - Ниче
Никогаш не говорете лошо за себе си, зошто вашите "пријатели" ќе го направат тоа наместо вас. Оние кои носат светлина на другите, никогаш не остануваат во темнина.