Quotes, интересни поговорки

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Fearless, 13 октомври 2010.

  1. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Никогаш не е лесно да се вратиш назад на минатото, но секој човек може да почне сега и да направи нов крај во неговиот живот.
     
    На malo-bebe му/ѝ се допаѓа ова.
  2. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.301
  3. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Мене ми е лошо, затоа што животот е лош! Животот е лош затоа што луѓето, ние, живееме лошо! Кога ние, луѓето, би живееле убаво, животот би бил убав и мене не би ми било лошо да живеам! И јас сум еден од тие луѓе! Па, ако јас не можам да ги натерам сите луѓе да живеат убаво, јас можам тоа да го направам со себе си и со тоа да го подобрам животот на луѓето и својот! Оваа мисла особено ја потврдува тоа што, кога луѓето би ја прифатиле, во чија исправност не се сомневам, тогаш и за мене и за сите луѓе животот би бил убав! :D
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Кога се раѓаат децата ,од домот исчезнуваат редот,парите,спокојството - а доаѓа СРЕЌАТА !!!♥
     
  5. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Проблемите се всушност шанси облечени во работно одело.
     
  6. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    "Идејата око за око еден ден ќе го ослепи светот"
    Ганди

    Сите сме луге,но ретко кој е човек!
     
    На kikav и Gordana10 им се допаѓа ова.
  7. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Можеби животот не е вечен, но љубовта и спомените СЕ!
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Дали знаете...
    *Дали знаете дека луѓето за кои ви се чини дека се најсилни, најчесто се најчувствителните?
    *Дека луѓето кои покажуваат најмногу добрина се најмногу повредени?
    *Дали знаете дека оние кои покажуваат дека не им е потребна љубов, се оние на кои најмногу им е потребна?
    *Дека оние кои се грижат за секого, најмногу им е потребно за нив да се грижи некој и ...
    *Дека оние кои се смеат најмногу можеби се оние кои најмногу плачат кога се сами...?
     
    На anichka94, Cacy и DigY им се допаѓа ова.
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Aрсов-Или си премоногу слаб за да си закачиш мета на себе,или си доволно јак за да ја достигнеш целта !!!
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Можеби премногу барам, а малку давам. Можеби премногу зборувам, а малку кажувам. Можеби премногу сонувам, а малку сфаќам. Може малку се борам, но многу те сакам!
     
  11. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    "Надежта е најлоша од сите зла, зашто ги продолжува човековите измачувања.'' - Ниче
     
  12. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.301
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Луѓето кои ве мразат се само ваши тајни обожаватели... кои не можат да разберат зошто сите други ве сакаат
     
  14. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.301
    Има жени кои не го носат својот шарм во линиите на лицето, туку во изразот на лицето. Ниту во бојата на очите, туку во погледот. Ниту во цртите на устата, туку во насмевката. Ниту во говорот, туку во музиката на гласот. Ниту во формата на телото, туку во движењето да телото.
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Има вистина во која не е добро да се верува ...
     
  16. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Одлучноста го победува стравот онолку колку ние веруваме во себе. Колку повеќе веруваме во нашето јас, толку и вистинскиот идентитет ќе биде ни биде, вистински !!!
     
  17. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.301
  18. miss-bootylicius

    miss-bootylicius Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    11.019
    Таа: Каква бедна иронија на животот.

    Тој: Ладна си, рамнодушна. Што те тера да посакаш на светот да му покажеш колку си сурова, а всушност воопшто не си?

    Таа: Што знаеш ти за мене?

    Тој: Многу знам. Кога некому барем малку му отвориш од срцето, провидна си. Нерасипана. Веруваш и во љубов, и во романтика, не само што веруваш, туку и копнееш по нив. Исправи ме ако грешам.

    Таа: Немам намера ништо да ти докажувам. Ти ме лажеш, јас се правам дека ти верувам. Тоа сме ние, таква е нашата приказна.

    Тој: Не, тоа е приказната во која ти сакаш да веруваш. Онаа која ти си ја измислуваш за да се поштедиш од повредување. Се плашиш да признаеш дека ти значам, бидејќи ако го сторiш тоа не би можела да ме пуштиш да одам од тебе. Не би можела да поднесеш. Се плашиш да веруваш дека те сакам за да не доживееш разочарување ако некогаш решам да заминам од тебе.

    Таа: Зборуваш глупости, не знаеш ти ништо. Зошто да ти верувам, зошто да те сакам? Таков е светот изопачен, оние кои чувствуваат, се губат во неговата болна големина. Еднаш се изгубив, нема повторно.

    Тој: Ако не ризикуваш никогаш нема да дознаеш. Зар цел живот вака ќе се бркаме низ неизвесноста?

    Таа: Оди си од мене, не ти нудам никаква иднина и претходно ти го имам кажано тоа. Слободен си.

    Тој: Попрво ќе прифатиш навидум бесчувствително да ме оддалечиш, отколку да ми дозолиш да оставам и да ти го понудам сето срце. Ми нудиш слобода, а толку желно сонуваш да оставам овде и да бидам само твој.

    Таа: Не може никој, посебно ако е маж во целост да се посвети на една девојка. Не на девојка како мене.

    Тој: Зошто не? Мислиш дека не си доволно добра за да некому бидеш единствена?

    Таа: Не, баш спротивно. Сигурна сум дека имам доволно квалитети за да бидам единствена, незаменлива, бескрајно сакана, да бидам нечија муза, нечија насмевка на лицето, нечиј непребол во срцето.

    Тој: И? Зошто бегаш од мене тогаш? Зошто не ми дозволиш да бидеш моето сè?

    Таа: Не е никој тој, не си ни ти. Таквите преголеми очекување ужасно знаеа да ме спуштат на земја, не сакам пак да летнам во облаци. После падот, со нозете цврсто на земја не може човек да верува во некои празни зборови. Љубовта е нешто непознато за денешните генерации.

    Тој: Еден камен те сопнал и ти без трошка борбеност го прекинуваш патувањето? Очекував дека си похрабра, посилна. Постојано како таква се претставуваш.

    Таа: Ќе бидам таква за сите. Ти требаше одговор? Ти треба вистината? Имаш право глумам сурова, силна. Наивна сум, недорасната, непоправлив романтичар, безнадежен илузионист. И јас имам соништа, и мојата душа плаче за искреност, разбирање, доверба, раце за да ме гушнат, рамо за да ми даде потпора. Но, нема.

    Тој: Тажна си, плашлива, ранлива и малечка, но не си лоша. Не се самата лишувај од убавините кои светот ги чува за тебе. Некаде сигурно постои некој кој би те чувај како капка роса на дланките. Не го тргај од себе.

    Таа: Колку си самоуверен. Мислиш ли дека ти се се спасил од канџите на минатото? И тебе веројатно те прогонува некоја сенка која порано или подоцна ќе се вмеша за да ти ја расипе иднината. Јас не сакам да бидам дел од иднина на човек со нерасчистено минато. Не сакам темелите на мојата среќа да се срушат поради неговата слабост кон непроживеаната љубов, незаборавената девојка. Подобро е вака, сама без обврски, можеби без крик на среќа, но барем заштитена од тага!

    Тој: Се плашиш да не живееш во сенката на некој друга пред тебе? Тоа е твојот нејголем страв? Да бидеш изневерена?

    Таа: Да тоа. Таа фобија ми остана како лузна кој демне на сегашноста, ми ја кочи иднината. И самиот не одрече, знаш дека она што го зборувам е точно. Нема јас како комплетна глупача да се занесувам, додека некој стои со телото покрај мене а со мислите лебди кон неа. Веќе и премногу ти кажав, тука да го прекинеме разговорот.

    Тој: Зборуваш со доза на горчина. Не си во право. Ти ако ми дадеш шанса, верувај дека би можел да спојам два брана во тебе. Да бидеш и мојата сакана и мојот непребол. Да бидеш и онаа која стои до мене и онаа која живее во секое делче од моето битие.

    Таа: Зборуваш убаво, шармантно, доволно добро за да ме фрлиш на колена пред твојата слаткоречивот. Ако навистина постои некој таков, и ако токму ти си тој, времето ќе покаже…
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Животот не ти ги дава луѓето што ти ги сакаш. Тој ти ги дава оние од кои имаш потреба. Да ти помагаат. Да те повредуваат. Да те сакаат. Да те напуштат. И да те направат човекот што треба да бидеш…
     
    На biggirlsdontcry му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Зошто ни се рацете, ако нема кого да прегрнеме ...
    Зошто ни е среќата, ако немаме со кого да ја споделиме .
    Зошто ни е љубовта, ако не можеме да ја даваме бескорисно ...
    Зошто ни се децата, ако не можеме да ѓи ослободиме од себе .

    Зошто ни е здравјето, ако не го цениме, кога го имаме .
    Зошто ни е верата, ако не веруваме во себе ...
    Зошто ни е силата, ако ја користиме за да рушиме ...
    Зошто ни е болката, ако не можеме да простуваме ...

    Зошто ни е желбата, ако се плашиме од неа.
    Зошто ни е знаењето, ако го употребуваме против другите.
    Зошто ни е животот, ако не одиме будни во него.
    Зошто сме на овој свет, ако се плашиме од разбудување!!!