Во некоја Кинеска провинција живеел некој сиромашен човек со својот син. Тој веќе бил на смртна постела, а бидејќи сиромашен и немал што да му остави во наследство на својот син, му подарил две малечки ковчежиња. Едното било црно, а другото бело. Му дал само совет, кога ќе му биде најтешко да го отвори белото, а кога ќе му биде во животот убаво, да го отвори црното. Починал таткото, синот го погребал и заминал да бара работа во некој поголем град. Бидејќи немал ништо во наследство, ја зел својата чинија, своите стапчиња и една облека, колку за преoблекување колку за потреба. Таму каде што пристигал, било многу тешко. Преку летото работел за многу малку пари, кои не му достигнувале ни за основен оброк, ни за оризот, а во страшните зими, никој не сакал ни да го земе кај себе и да се затопли. Еден период се излила реката и настанала поплава. Бидејќи скоро се било уништено, луѓето дури и започнале да крадат. Кога еден ден се разбудил на патот, покрај себе не ја пронашол ни својата чинија, ни стапчињата, ни облеката. Крајно се разочарал и посакал да се самоубие. Ги кренал рацете во воздух, како да се помоли и така спуштајќи ги, се присетил на својот татко и ги допрел двете малечки кутии кои му биле зашиени на појасот. Тогаш ја отворил белата, а во неа на едно парче хартија, пишувало: - Ова ќе помине! Го сфатил тоа како таткова поука и не се самоубил, туку заминал да се снајде некако и да живее. Заминувајќи за градот, на градската капија, чекале голем број на луѓе, кои не знаеле што пишува на оглесната табла. А тој, бидејќи знаел да чита и пишува, им прочитал. Така влегол во градот, а и така пронашол работа. Некој племенски старешина немал писар, па по совет од другите луѓе, го пронашле младото момче, за да работи кај него. Можеби макотрпно работел, но бил заштитен и добро заработувал. По извесен период од многу години, тој веќе станал сопственик на малечок имот. Заработил доста и имал се за добар живот, што во тоа време било реткост. Поточно се оженил за ќерката на старешината за кој работел, а тој пак целиот имот им го подарил нив. Така при еден миг на одмор, се сетил на својот татко. Ја пронашол и црната малечка кутија и сфатил дека сега е време за да ја отвори. Сеќавајќи се на зборовите на својот татко, за да ја отвори, кога ќе му биде се најдобро во животот. Која ја отворил, повторно пронашол малечка хартија на која сега пишувало: - И ова ќе помине! *** Во земниот живот, ништо не е вечно. Се доаѓа и се одминува. Но едно е најважно: - Најсилен си, кога мислиш дека си најслаб и најслаб си, кога мислиш дека си најсилен.
Во љубовта треба да знаеш да не ја пречекориш дозволената брзина и да не се паркираш на погрешно место.
Тие што се свртени кон тоа што е всушност пред нив, не оптоварени со минатото, незагрижени за иднината, тие се луѓето кои живеат и најдобро го користат животот
Нервозен и плашлив е човекот кога незнае како да се соочи со одреден проблем, па затоа дозволува неговото его да дојде до израз.
Кога зборовите ја губат смислата за да ја насликаат ДУШАТА...Со искрена НАСМЕВКА и топла ПРЕГРАТКА.. преку еден БАКНЕЖ може да се каже сè...А кога сето тоа е обвиено со магични НОТИ.. Доживуваме нешто што може да се нарече... ДОПИР НА ДУШАТА....*Бет*