Машките се како bluetooth додека си во близина се поврзани со тебе, а штом те нема бараат нови уреди!
Мисли од Џејн Остин „Пријателството е најдобар мелем за болката од љубовното разочарување.“ „Колку малку од трајната среќа му припаѓа на еден пар кој се зближил бидејќи нивните страсти биле поголеми од нивните доблести.“ „Постојат луѓе, кои, колку повеќе правиш за нив, толку помалку ќе прават за себе.“ „Знаете, себичноста мора секогаш да се простува, бидејќи не постои надеж дека може да се излечи.“ „Половината од светот не може да ги разбере нештата во кој ужива другата половина.“ „Ако жената се двоуми дали да го прифати мажот или не, тогаш без сомнеж треба да го одбие. Ако се најде во состојба да се колеба, дали треба да каже ‘да’, треба веднаш да каже ‘не’. Во бракот не смее да се влезе со несигурни чувства и со половина срце.“ „Суетноста и гордоста се различни нешта, иако овие зборови често се употребуваат како синоними. Човек може да биде горд без да биде суетен. Гордоста повеќе се однесува на нашето мислење за себе, додека пак суетноста на она што другите го мислат за нас.“ „Личноста, без разлика дали е господин или госпоѓа, која не ужива во добар роман, мора да е неподносливо глупава.“ „Штом толку многу часови поминав убедувајќи се себеси дека сум во право, зарем не постои причина да се плашам дека можеби грешам?“ „Никому не му пречи да има нешто што е предобро за него.“ „Со сигурност нема толку богати мажи во светот, колку што има жени кои ги заслужуваат.“ „Големата заработувачка е најдобриот рецепт за среќа за кој некогаш имам чуено.“ „Не постои шарм како нежноста на срцето.“ „Добро позната вистина е дека сингл маж кој има големо богатство мора да сака сопруга.“ „Пружи ѝ на девојка образование и добро запознај ја со светот, 10 наспрема 1 дека таа има сè што ѝ треба за да ѝ биде добро во животот, без понатаму да биде трошок за никого.“ „Понекогаш, жената може да изгледа подобро на дваесет и девет одошто изгледала 10 години претходно.“ „Ниеден маж не се навредува од воодушевувањето на друг маж од жената која тој ја сака. Само жената е таа која тоа може да го претвори во измачување.“ „Да им ласкате и да ги следите другите, без да ви ласкаат и да ве следат вас е состојба на полууживање.“ „Оние кои не се жалат никогаш не се сожалувани.“ „Кога мислењето е општо, обично е исправно.“ „Човековата природа е благонаклонета кон оние кои се наоѓаат во интересни ситуации, па кога млад човек ќе се ожени или ќе умре, со сигурност ќе се зборува добро за него.“ „Ако работите се одвиваат неповолно еден месец, сигурно ќе се поправат наредниот.“ „Суетата во комбинација со немоќна глава ги произведува сите зла.“ „Она што треба да се направи како што треба, не може да се направи премногу брзо.“
Личноста, без разлика дали е господин или госпоѓа, која не ужива во добар роман, мора да е неподносливо глупава.
1. Луѓе кои знаат и зборуваат-тие треба да ги слушаме. 2. Луѓе кои знаат и молчат-тие треба да ги прашаме. 3. Луѓе кои не знаат и молчат-на тие треба да им кажеме. 4. Луѓе кои не знаат и зборуваат- од тие треба да бегаме.
Сличноста помеѓу Македонецот и штркот е тоа што и двајцата се без денар во џебот а живеат на висока нога. Вистина нели? :geek:
"Ти си осамен на светов сам си дошол на овој свет,сам живееш во него и сам ке го напуштиш.Сите нивни мислења ќе останат позади тебе,само твоето вистинско чувство ,твоето автентично искуство ќе биде со тебе и по смртта.Дури ни смртта не може да го избрка твојот танц,твоите солзи на радоста,твојата чистота на осаменост,твојата тишина,мир,твојата екстаза.Она што не може смртта да го отрне од тебе е твоето вистинско богатство,а она што може било кој да ти го одземе не е твое богатство-си бил само залуден. Твоето единствено занимање ќе биде-да се грижиш и да ги штитиш тие квалитети кои ќе ги понесеш со себе кога смртта ќе го уништи твоето тело,твојот ум,зашто тогаш тие квалитети ќе ти бидат единствено друштво.Тое се единствените вистински вредности,и луѓето кои го сфатат тоа ќе можат да кажат дека живеат а другите само се претвараат дека живеат." ОШО
http://www.kafepauza.mk/art-i-dizajn/il ... ni-citati/ Идејата која не е опасна не вреди воопшто да се нарекува идеја.“ – Оскар Вајлд „Тоа место го нема на ниедна мапа. Вистинските места најчесто ги нема.“ – Херман Мелвил
"Кога две сродни души ќе се сретнат и нивните погледи ќе се вкрстат, минататото и иднината го губат секое значење . . . Тогаш постои само тој момент . . ." - Пауло Коелјо
Секогаш постои една личност која ти нуди среќа засекогаш, но исто така постои личност која ти нуди среќа но само на моменти... и секогаш ја правиме истата грешка ја одбираме онаа втората..
Еднаш сонував дека го интервјуирам Бог. - Значи, сакаш да направиш интервју со Мене? - ми се обрати Бог. -Да! Би сакал, но, ако имаш време. - Му реков. Бог се насмевна и ми рече: - Моето време е вечноста. А што би сакал да ме прашаш? - Што најповеќе Те изненадува кај луѓето? - Тоа што, детството им станува досадно, па им се брза да пораснат, а подоцна мечтаат повторно да бидат деца. Луѓето многу мечтаат за иднината, при што забораваат на сегашноста и тоа во толкава мера, што не живеат ниту во сегашноста, ниту во иднината. Живеат така, како никогаш да нема да умрат, а умираат како никогаш и да не живееле. Нежно ме фати за рака, па некое време сме молчеле. А тогаш, сум Го запрашал: - Кои животни лекции, како Родител, би сакал да ги научат Твоите деца? - Би сакал да знаат дека невозможно е да го натераш некој да те сака. Се што можат да направат е да дозволат да бидат сакани. Би сакал да знаат, дека не е добро да се споредуваат себеси со другите. И да се учат да простуваат, самите да простуваат. И нека имаат на ум, дека да се рани саканиот човек можат само за неколку секунди, но за да се залечат тие рани, понекогаш им се потребни и по неколку години. Секогаш нека имаат на ум, дека не е богат оној кој има повеќе, туку оној кој се задоволува со малку. Би сакал да знаат дека постојат луѓе кои силно ги сакаат, но не знаат да ги искажат и да ги покажат своите чувства. Би сакал да знаат дека двајца луѓе, можат да гледаат на една иста работа, но сепак да ја гледаат на различни начини. И нека знаат, дека не е доволно само тоа, да си простуваат еден на друг, туку да си простат и на самите себе. - Ти благодарам за Твоето време кое ми го подари. - Му реков со стравопочит. -Дали сакаш уште нешто да им порачаш на Своите деца? Бог се насмевна и ми рече: - Би сакал да знаат дека за нив, секогаш сум тука. Секогаш и засекогаш.
...ретко кој останал разумен во љубовните искушенија...човек секогаш мудрува пред туѓата судбина а толку свесно умее да ја промаши и својата!...
“When I was 5 years old, my mother always told me that happiness was the key to life. When I went to school, they asked me what I wanted to be when I grew up. I wrote down ‘happy’. They told me I didn’t understand the assignment, and I told them they didn’t understand life.” ― John Lennon “The true soldier fights not because he hates what is in front of him, but because he loves what is behind him.” ― G.K. Chesterton “Life is like riding a bicycle. To keep your balance, you must keep moving.” ― Albert Einstein
Не можеме да ги бираме вратите низ кои луѓето влегуваат во нашиот живот...но затоа пак, секогаш можеме да го избереме прозорот, низ кој ќе излетаат...