Причината поради која на луѓето им е тешко да бидат среќни е - го гледаат минатото подобро отколку што било, а сегашноста полоша отколку што е!
Вдишете го сегашниот момент, со длабок здив апсорбирајте ги задоволсвата што ви ги носи животот и убавите моменти кои сами сте ги створиле, сепак сегашноста е подарок кој треба да се искористи!
Грешат луѓето кои мислат дека љубовта се раѓа во долгогодишното дружење и пријателство. Вистинската љубов се раѓа во духовното разбирање и ако тоа разбирање не се случи во истиот миг, нема да се случи ниту за година, ниту за цел век.
Ми треба некоја мисла или сл. нешто дека е подобро да се каже нешто во лице отколку да му збориш на некој позади грб и му се смешкаш позади грб на истиот а после ти се прави другар како ништо да не било иако ти си приметил и знаеш за тоа.. Незнам како да го смислам, да го напишам..
Добрите мисли создаваат добри навики, добрите навики создаваат добар карактер, добриот карактер создава добра судбина. Кога сакаш нешто ќе најдеш начин, кога не сакаш ќе најдеш оправдување.
„Некои луѓе премногу често си дозволуваат да ја стават љубовта во секоја реченица. Понекогаш и без врска. Ќе ја спомнат љубовта во некој контекст, кој воопшто не е соодветен и мислат дека со тоа завршиле работа. Грешка, луѓе мои. Љубовта не е збор за во прости реченици. Љубовта е простопроширена.“ Игор Џамбазов
За да постои џентламентско однесување, од другата страна треба да стои дама. Понекогаш да си добро воспитан значи само да го трпиш лошото воспитување на другите.
Држи ја среќата како птица – што понежно и полесно! Ако се чуствува слободна, со задоволство ќе ти остане во раката.
Кога си решил да заминеш, не свртувај се назад, секогаш ќе видиш нешто што ќе те спречи да заминеш...